Совет за оваа пролет – планинарство

Совет за оваа пролет – планинарство

Не трошете го залудно ова прекрасно пролетно време!

Една од работите кои задолжително треба да почнете да ги практикувате е поголема физичка активност. Притоа имате многу можности – практикување на некој спорт, посетување теретана како и планинарење (излетничко рекреативно планинарење). Последнава опција нуди многу придобивки, а за дел од нив можете да прочитате во продолжение.

Да се планинари може на повеќе начини. Тоа може да биде планинарење во поблиската околина, како рекреација и без поголеми амбиции, односно уште како што се вика - излетничко планинарење.

Излетничкото планинарење не бара големи подготовки и е достапно за секој човек и за секоја возраст. Тоа се излети во близина на градот, обично некои излетнички места каде што постојат прифатилишта, одморалишта или хотели.

Овој начин на планинарење не бара посебно искуство. Важни се само облеката и обувките, кои треба да овозможуваат слободни движења. Излетниците се движат по планинарски патеки, кои обично се обележани и означени со патокази.

Пожелно е излетниците да ги познаваат основите на планинарството, особено ориентацијата, правилниот начин на исхрана, ноќевање под ведро небо, опасностите во планина, прва помош и др. Тоа ќе им овозможи да се чувствуваат подобро и посигурно и да ги избегнат евентуалните опасности.

Почнете полека

Ако имате намера да почнете посериозно да се посветите на оваа активност, прво почнете со посета на локални места што ги знаете (како на пример ритчиња кои нема да ви претставуваат поголем проблем со оглед на вашата сегашна кондиција). Постепено ќе стигнете до позиција да можете да се искачувате на уште поголема далечина.

  • Добро би било кога би планинареле, да се движите по нерамни патеки затоа што на тој начин ја зголемувате работата на мускулите.
  • Не одете сами, најдете друштво, некој пријател кој ќе ве придружува. Не само поради фактот што така е позабавно, туку и во случај да се случи нешто непријатно и непредвидено, имате човек кој може да реагира.
  • Бидете подготвени – носете вода и храна со себе, како и соодветни обувки за патеката на која имате намера да се искачите.
  • Каде и да одлучите да се упатите, добро запознајте ја патеката на која ќе се движите и воедно информирајте се за временските услови.

Кога ќе ги минете првите чекори, можете да му се придружите на некое планинарско друштво и на тој начин да почнете посериозно да ѝ се посветувате на оваа активност.

Физичката активност е најбитна во секојдневието за вас и за вашето здравје.
Слободното време искористете го квалитетно, посветете се на себеси. Нашиот совет е планинарењето, но вие одберете физичка активност која најмногу ви одговара, вложете труд и ќе ги видите резултатите. Доколку мислите дека членството во некој планинарски клуб, теретана итн. е многу повеќе од тоа што ви го дозволува вашиот буџет и потребната опрема за тренинг сметате дека е скапа, не лажете се. Credissimo е тука за вас за што и да ви е потребно. Без стрес, опуштете се aплицирајте за брз кредит до 80.000 денари и добијте одобрување за само 7 минути! Не чекајте, почнете веднаш.



Врати се назад

Прочитај повеќе