Стиловите кои ќе ја обележат оваа сезона!

Стиловите кои ќе ја обележат оваа сезона!

Има толку многу трендови кои се очекуваат оваа пролет, но ние сме тука да ти ги кажеме оние кои навистина ќе влијаат на твојата гардероба. Додека светските писти покажуваат футуристичка и иновативна мода, улиците го прикажуваат она што е „тренди“ во моментов. Ги заокруживме најдобрите трендови од пролетната сезоната кои можеш да ги додадеш на твојата шопинг листа.

Дали е лаванда новата боја на годината?

lavender

За разлика од минатогодишниот фаворит меѓу боите, ултравиолетовата боја, оваа година се чини дека фаворитот ќе биде далеку поелегантен и посмирен. Модните инфлуенсери покажаа дека тоновите на лаванда можат да изгледаат многу стилски а истовремено и многу урбано. Без разлика дали се носи на чизми, нежни фустани, палта или целосна монохромна комбинација, оваа женствена боја дава преубав „шмек“ на целиот изглед.

 Покажи ја твојата дива, животинска природа

animal prints

Да, повторно анимални принтови. Иако се чинеше дека леопардскиот принт ќе остане назад во ланската година, тој се уште може да биде идеален додаток во одредена модна комбинација.  Оваа сезоната, смелите и диви принтови ја надвладејаа уличната мода. За да го ослободиш твојот моден, животински инстинкт одбери впечатливи дизајни кои ќе ги комбинирате со светли бои. Нема да погрешиш дури и ако го базираш целиот изглед на анимален принт. Запомни, оваа пролет смелоста е „ин“!

Улиците се новите модни писти!

street fashion

Новиот тренд на носење спортска облека во посериозни комбинации е тренд кој сепровлекува уште од минатата година и е исклучителен тренд кај сите модни блогери и инфлуенсери. Оваа прослет најсвежа комбинација се велосипедските шорцеви заедно со блејзери и палта во голема величина, што даваат впечатлив и урбан изглед. Иако можеби овој изглед не е соодветен за формални прилики, сепак е совршен за опуштена прошетка со друштво или пак ноќно излегување.

Доколку сакаш да си ја обновиш гардеробата соодветно на новите трендови тука е твојот шопинг партнер, „Credissimo до плата“ до 20.000 денари со 0% камата и без дополнителни административни трошоци, ако го вратиш во грејс-периодот, а исто така може да го продолжиш периодот на враќање неограничен број пати. А, доколку си колекционер на брендирани парчиња, постои „Credissimo плус" до 80.000 денари кој ќе ти помогне конечно да гго негуваш стилот кој си го замислил!

Поврзани статии

Извади го велосипедот од подрумот!

Извади го велосипедот од подрумот!

Време е за пролетни активности! Погледни зошто возењето велосипед наместо автомобил е правилна одлука!

Совет за оваа пролет – планинарство

Совет за оваа пролет – планинарство

Видете како полесно да започнете физички активости оваа пролет и навреме да се подготвите за летото кое што ни доаѓа

Пролет e, време e за нов почеток во домот и животот!

Пролет e, време e за нов почеток во домот и животот!

Чистењето во пролет не значи само миење на прозорците. Вистинското пролетно чистење е рестарт на целиот простор околу тебе.

5 книги за нов почеток

5 книги за нов почеток

Доколку сакаш да започнеш нов почеток време е да ги видиш петте предлози за книги кои што ќе ти помогнат полесно да ја постигнеш целта.

Пролетна промена – како да постигнеш хармонија на духот и телото?

Пролетна промена – како да постигнеш хармонија на духот и телото?

Идеите се бескрајни, бидејќи има само едно правило за сѐ што наведовме погоре. Правете го тоа што ве прави среќни или ако се чувстувате добро, значи поставуате правилно. Ако немате доволно финансии, не дозволувајте тоа да ве запре – Credissimo обезбедува