Со Дедо Мраз една желба, со Credissimo сите!

Аплицираj
Со Дедо Мраз една желба, со Credissimo сите!

Credissimo ја објави новогодишната кампања со заштитното лице Лила Филиповска. Овој пат, омилената водителка на сите македонци – Лила, се сретна со Дедо Мраз, за да му ги каже своите желби. Бидејќи само една желба е премалку во однос на сите кои ги има, Лила го пронајде решението со Credissimo.

Освен што веќе секој кредит до плата е со 0% камата во грејс периодот, за да ги израдува своите клиенти повторно, во рамките на новогодишната кампања, Credissimo организира и наградна игра за продуктот Credissimo Плус до 80 000ден.

Во наградната игра, ќе поделиме 7 гифт картички за шопинг во Сити Мол, а главната награда е 5 звезден СПА викенд во Банско, Бугарија. Потенцијален добитник во наградната игра е секој клиент кој земал кредит Credissimo Плус до 80 000 ден., од 10.12.2018 до 27.01.2019 година. Извлекувањата ќе бидат на неделно ниво по случаен принцип, а кон крајот на Јануари, ќе биде извлекувањето и на големата награда. Сите добитници ќе бидат објавени на сајтот и нашата фејсбук страница.

Добитници се:

  • 1х гифт картичка за шопинг - Костадин Димитриjевски, d**********a@gmail.com
  • 1х гифт картичка за шопинг - Кристина Ристевска Ампева, k********8@gmail.com
  • 1х гифт картичка за шопинг - Виктор Миташев, v*********v@gmail.com
  • 1х гифт картичка за шопинг - Верица Милеска, c********i@gmail.com
  • 1х гифт картичка за шопинг - Ѓорге Митров, g******v@yahoo.com
  • 1х гифт картичка за шопинг - 
  • 1х гифт картичка за шопинг - 

Големата награда ја доби:

  • Викенд ноќевање за двајца во 5 звезден СПА хотел - 

Подолу, може подобро да се запознаете со официјалните услови на наградната игра.

ПРАВИЛА НА НАГРАДНА ИГРА - „Со Дедо Мраз една желба, со Credissimo сите!“

Согласно Законот за игрите на среќа и за забавните игри („Сл. Весник на РМ“, број 24/11, 51/11, 148/11, 74/12, 171/12, 27/14, 139/14, 61/15 и 154/15 и 23/16), а во врска со член 125 и 126 од Законот, се утврдуваат следните правила на наградната игра:

ОРГАНИЗАТОР

Член 1

Организатор на Наградната игра „Со Дедо Мраз една желба, со Credissimo сите!“ (во понатамошниот текст именувана само како „Наградна игра“) е Финансиско друштво КРЕДИСМО ДООЕЛ Скопје (во понатамошниот текст „Организатор“) со регистрирано седиште на Бул. „Илинден“ бр.47/1-2, 1000 Скопје-Центар, Р. Македонија, со електронска пошта: contacts@credissimo.mk

ПРОИЗВОДИ И УСЛУГИ

Член 2

Наградната игра има за цел рекламирање на кредитниот производ на ФД КРЕДИСИМО ДООЕЛ Скопје и тоа:

- кредит до 80 000 денари на рати „credissimo Плус“,

ОФИЦИЈАЛНО ИМЕ, ОПИС И ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА НАГРАДНАТА ИГРА

Член 3

Официјалното име на Наградната игра е „Со Дедо Мраз една желба, со Credissimo сите!“

Право на учество во Наградната игра имаат сите полнолетни физички лица – државјани на Р. Македонија, лица со и над 18 - годишна возраст кои поднеле Барање за одобрување на кредит и кои ги исполнуваат условите за одобрување и истиот да им биде одобрен.

Наградната игра ќе започне од 10.12.2018 година од 08:00 часот и ќе трае до 27.01.2019 година до 23:59 часот.

ТЕРИТОРИЈА

Член 4

Наградната игра се организира на територијата на Р. Македонија и важи за сите полнолетни физички лица – државјани на Р. Македонија, лица со и над 18 годишна возраст кои поднеле Барање за одобрување на кредит, односно кои ги исполнуваат условите за одобрување на истиот и истиот им бил одобрен.

ПОДАТОЦИ ЗА НАГРАДИ

Член 5

Во Наградната игра ќе бидат доделени следните награди:

- 7 (седум) подарок картички за трговски центар Skopje City Mall во вредност од по 5000 денари.

- 1 (едно) викенд ноќевање за двајца - полупансион во двокреветна соба во хотел „ПИРИН ГОЛФ ХОТЕЛ И СПА“ во Банско, Р.Бугарија, во кое е вклучено вино и овошје за добредојде, појадок и вечера со по 2 (две) безалкохолни пијачки за време на вечерата во ресторант “Euro Kitchen“. За време на престојот ќе може да ги користат надворешните базени, затворениот базен, финска сауна, инфрацрвена сауна, Kneipp бања, лакониум, безжичен интернет, бесплатен паркинг, 5 надворешни детски игралишта, сала за деца.

Викенд ноќевањето за двајца-полупансион во двокреветна соба во хотел „ПИРИН ГОЛФ ХОТЕЛ И СПА“ во Банско, Р.Бугарија чини 20360 денари.

Добитникот на викенд ноќевање за двајца може да го искористи во периодот помеѓу 01.02.2019 година до 30.06.2019 година. Доделувањето на наградата ќе биде по електронски пат-email или преку овластено лице од Организаторот, со ваучер кој ќе содржи посебен идентификационен број, кој добитникот ќе го каже при резервација во хотелот. Потврдувањето на резервацијата ќе биде во зависност од слободните места на хотелот.

Организаторот обезбедува 5000 денари кои добитникот на 1 (едно) викенд ноќевање за двајца во хотел „ПИРИН ГОЛФ ХОТЕЛ И СПА“ во Банско, Р.Бугарија ќе ги искористи за патни трошоци за пристигнување до Банско, Р.Бугарија.

ВРЕДНОСТ НА СЕКОЈА НАГРАДА ОД ФОНДОТ НА НАГРАДИ И ВКУПНА ВРЕДНОСТ НА ФОНДОТ НА НАГРАДИ ( ВО ДЕНАРИ)

Член 6

- 7 (седум) подарок картички за трговски центар Skopje City Mall во вкупен износ од 35000 денари;

- 1 (едно) викенд ноќевање за двајца - полупансион во двокреветна соба во хотел „ПИРИН ГОЛФ ХОТЕЛ И СПА“ во Банско, Р.Бугарија во износ од 20360 денари;

- патни трошоци во износ од 5000 денари

Вкупниот награден фонд изнесува 60360 денари.

ПРАВО НА УЧЕСТВО ВО НАГРАДНАТА ИГРА

Член 7

Право на учество во Наградната игра имаат сите полнолетни физички лица – државјани на Р. Македонија со и над 18 годишна возраст кои ги исполнуваат условите за одобрување на кредит, односно кои ќе поднесат Барање за одобрување на кредит и истиот им биде одобрен.

Еден учесник во Наградната игра има право да биде извлечен само за една од  наградите предвидени во член 5.

Договорот за кредит ќе претставува потврда за учество во наградната игра.

Учесниците кои не ги прифаќаат овие Правила на наградната игра имаат право да го откажат своето учество во Наградната игра со праќање на Изјава за откажување на учество во Наградна игра на е-маил адресата contacts@credissimo.mk, во спротивно сите учесници ќе се смета дека ги прифаќаат Правилата на наградна игра и ќе учествуваат во неа.

Наградата ќе биде доделена само ако учесниците се квалификувани, имаат право на учество и ако целосно ги почитуваат Правилата на наградната игра.

ИЗВЛЕКУВАЊЕ НА НАГРАДИТЕ

Член 8

Извлекувањето на наградите ќе се изврши на следниов начин:

- 7 (седум) подарок картички за трговски центар Skopje City Mall ќе бидат доделени по 1 (една) на неделно ниво и тоа:

Прво извлекување: 19.12.2018 година за периодот од 10.12.2018 година заклучно до 16.12.2018 година

Второ извлекување: 26.12.2018 година за периодот од 17.12.2018 година заклучно до 23.12.2018 година

Трето извлекување: 02.01.2018 година за периодот од 24.12.2018 година заклучно до 30.12.2018 година

Четврто извлекување: 09.01.2019 година за периодот од 31.12.2018 година заклучно до 06.01.2019 година

Петто извлекување: 16.01.2019 година за периодот од 07.01.2019 година заклучно до 13.01.2019 година

Шесто извлекување: 23.01.2019 година за периодот од 14.01.2019 година заклучно до 20.01.2019 година

Седмо извлекување: 30.01.2019 година за периодот од 21.01.2019 година заклучно до 27.01.2019 година

- 1 (едно) викенд ноќевање за двајца - полупансион во двокреветна соба во хотел „ПИРИН ГОЛФ ХОТЕЛ И СПА“ во Банско, Р.Бугарија ќе биде доделено на следниот начин:

Осмо извлекување: 30.01.2019 година за периодот од 10.12.2018 година заклучно до 27.01.2019 година

- Добитниците на наградите ќе бидат извлечени електронски, по принципот на случаен избор, а ќе учествуваат сите кредитни апликации на начин и услови наведени погоре. За текот на извлекувањето ќе се води записник, кој ќе биде потпишан од членовите на Комисијата која ќе биде составена од:

-  Двајца претставници од ФД КРЕДИСИМО ДООЕЛ Скопје

-  Еден Правник

При извлекувањето, ќе бидат извлечени вкупно 8 (осум) добитници, по 1(еден) за секое од осумте извлекувања.

Извлекувањата ќе бидат во седиштето на Организаторот на Бул. „Илинден“ бр.47/1-2, 1000 Скопје-Центар, Република Македонија во 18 часот, во кои извлекувања ќе учествуваат сите клиенти на кои им е одобрен кредит во периодот од 10.12.2018 година заклучно до 27.01.2019 година

ИЗВЕСТУВАЊЕ И ПОДИГНУВАЊЕ НА НАГРАДАТА

Член 9

Правилата за Наградната игра ќе бидат објавени на:

- веб страната на Организаторот, www.credissimo.mk, по добивање на согласност од Министерството за финансии на Република Македонијa, пред започнувањето на наградната игра.

Добитниците на наградата ќе бидат објавени во рок од 3 дена од денот на извлекувањето на наградата на:

- веб страните на Организаторот, www.credissimo.mk,

- Facebook страната на организаторот www.facebook.com/credissimo.mk,

Организаторот ќе ги извести добитниците за добиената награда по електронска пошта на оние електронски адреси кои се наведени во Барањата за одобрување на кредит.

Доколку Добитникот нема наведено дополнителна електронска адреса, за адреса за контакт ќе се смета адресата која ја навел во Барањето за одобрување кредит.

Организаторот не одговара за неточно пополнети податоци во Барањето за кредит или неуспешен електронски пренос на податоците, прекин во комуникациската врска без разлика од причината од која потекнува, недостапност или немање на интернет, други причини како резултат на виша сила и сл.

Во случај да не може да се оствари контакт преку електронска адреса, добитниците ќе бидат дополнително известени телефонски.

Добитниците на наградата - подарок картички за трговски центар Skopje City Mall, ќе ја добиваат во просториите на Друштво за деловни и маркетингшки услуги Априори Комјуникејшнс ДООЕЛ Скопје, адреса ул. 1732 бр.4 лам. В, кат 5, стан бр.1 во комплексот ПАРК РЕСИДЕНТ Скопје, во рок од 14 дена од денот на објавувањето на добитниците.

Добитникот на наградата - викенд ноќевање за двајца ќе биде на датум, час и место договорени со Организаторот и добитникот, но не подоцна од 30 дена од денот на објавување на добитникот. Добитникот на награда е должен во рок од 30 дена од денот на објавување на горенаведените веб страници да ја подигне наградата, доколку не дојде во договореното време и место со Организаторот.

Доколку Добитникот не ја подигне наградата во горенаведениот рок, го губи тоа право, во таков случај Организаторот има право, истата да не ја додели или да ја додели на резервниот добитник.

Со конечната реализација на наградите престануваат сите обврски на Организаторот на Наградната игра спрема добитниците.

Со самото учество во наградната игра, Учесниците ги прифаќаат овие Правила за наградна игра.

Доделувањето на наградите може да биде јавен настан. За лицата кои ќе учествуваат во Наградната игра, односно Учесниците кои ќе ги добијат наградите Организаторот има право да ги слика/снима, со претходна писмена согласност од добитниците, со што нивните имиња и презимиња да станат јавни и да бидат користени во аудио, фотографија или видео материјал, без право на дополнителен надомест.

ПРАВО НА ПРИГОВОР

Член 10

Незадоволниот учесник во Наградната игра има право во рок од 5 (пет) дена од денот на објавување на списокот на добитници да поднесе приговор во писмена форма до ОРГАНИЗАТОРОТ на Наградната игра е должен во рок од 5 (пет) дена од денот на приемот на приговорот, писмено да одговори на добиениот приговор.

ОГРАНИЧУВАЊЕ ЗА УЧЕСТВО

Член 11

Ако Организаторот утврди злонамерни дејствија од страна на Учесник во Наградната игра, со цел манипулација на истата, Организаторот има право да го дисквалификува и отстрани тој учесник. Организаторот има право да дисквалификува без предупредување секој Учесник, за кој се посомнева или утврди манипулативни дејствија, со цел освојување на Наградите.

Не може да биде Учесник во Наградната игра, лице кое е партнер или акционер или е во работен однос или врз основа на друг договор работи за Организаторот или работи со реализацијата, обезбедувањето и администрирањето на Наградната игра, како и членови на нивните потесни семејства.

Организаторот има за право да исклучи од учество во Наградната игра и да не дозволи добивање Награда на Учесник, за кој има податоци дека извршил злоупотреба со технички, програмски или други средства и уреди со цел неовластен пристап до системи на Организаторот и/или учество во Наградната игра и добивање на Наградата, или други дејства, спротивни на правилата на Наградната игра или на влезените во употреба нормативни акти.

ПРЕНОС И ЗАМЕНА НА НАГРАДАТА

Член 12

Наградата не може да се пренесе на друго лице. Наградата не може да биде заменета за готовина.

КОРИСТЕЊЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ

Член 13

Организаторот во целост ќе ги почитува одредбите од Законот за заштита на личните податоци и во пракса ќе цели кон одржување високо ниво на добра практика при обработка на личните податоци.

При механизмот на случано компјутерско извлекување на добитници, ќе се користат само ID броевите од Договорот за кредит, а нема да бидат користени нивните останати податоци.

Со самото Аплицирање, односно со одобрување на кредитот, Кредитокорисниците учествуваат во наградната игра. Доколку некој не сака неговите податоци да се обработуваат за таа намена, можат да го откажат своето учество во Наградната игра со Изјава за откажување пратена на е-маил адресата contacts@credissimo.mk,

За лицата кои ќе учествуваат во Наградната игра, односно Учесниците кои ќе ги добијат наградите Организаторот има право нивните лични податоци да ги користи во своите идни маркетинг активности,

ОТКАЖУВАЊЕ НА НАГРАДНАТА ИГРА

Член 14

Организаторот има право по добивањето на одобрението од Министерството за финансии да ја откаже Наградната игра во било која фаза, со известување до јавноста преку дневниот печат, и на веб страните наведени во член 9 доколку настапи штетна последица предизвикана со кривично дело или поради дејство на виша сила.

ОТСТРАНУВАЊЕ НА СПОРОВИТЕ ЗА НАГРАДНАТА ИГРА КОИ ШТО БИ МОЖЕЛЕ ДА НАСТАНАТ

Член 15

Евентуално настанатите спорови меѓу Организаторот и учесниците во Наградната игра ќе ги решава надлежниот суд во Скопје.

ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ

Член 16

Со исполнување на Правилата за учество во Наградната игра корисниците ги прифаќаат одредбите од овие правила. Овие правила ќе се применуваат по добивање на согласност од Министерот за финансии на Република Македонија и по нивното јавно објавување пред започнување на наградната игра, а ќе важат до завршување на Наградната игра, односно до завршувањето на рокот за подигнување на наградите.

Со конечната реализација на наградите престануваат сите обврски на Организаторот на Наградната игра спрема добитниците.