Избери си Велигденско изненадување!

Аплицираj
Избери си Велигденско изненадување!

Еден од нашите омилени празници е пред нас! За овој Велигден нашите бојадисани јајца се полни со изненадувања! По повод големиот празник ќе поделиме 4 х гифт картички за шопинг во Сити Мол во вредност од 5 000 денари и 16 х "CINEPLEXX GIFT" картички. Се што треба да направиш е да ја пополниш нашата анкета и да го избереш изненадувањето кое сакаш да го најдеш во твоето Велигденско јајце.

 

 

Играта започнува  на 01.04 и ќе трае до 22.04, а добитнците ќе бидат избрани по случаен избор на 24.04. Играта ќе се спроведе соогласно ОУ на играта кои ќе бидат објавени на официјалната страница на Credissimo во Facebook

Со пополнување на горенаведената анкета согласен/согласна сум да се врши обработка на моите личните податоци – Име, Презиме, телефонски број и електронска пошта, кои ги наведувам во анкетата за целите на директен маркетинг за производите и услугите на ФД Кредисимо ДООЕЛ Скопје и да добивам комерцијални информации преку електронски средства за комуникација, вклучително, но не ограничено на е-маил и ЅМЅ, како и користење на автоматски говорни системи.

Добитници се:

  • Александра Илиевска, s******i@gmail.com добитник на гифт картички за шопинг
  • Мила Јаневска, j*********a@yahoo.com добитник на гифт картички за шопинг
  • Игор Филов, I********j@yahoo.com добитник на гифт картички за шопинг
  • Симона Стаменовиќ, s*************a@gmail.com добитник на гифт картички за шопинг
  • Евгенија Златевска, e********a@gmail.com добитник на "CINEPLEXX GIFT" картички
  • Зоран Начев, z******v@gmail.com добитник на "CINEPLEXX GIFT" картички
  • Марија Алексовска, m***********6@yahoo.com добитник на "CINEPLEXX GIFT" картички
  • Марјан Крстевски, t******a@gmail.com добитник на "CINEPLEXX GIFT" картички
  • Анка Темелковска, I**********i@yahoo.com добитник на "CINEPLEXX GIFT" картички
  • Дејан Тошиќ, t******n@gmail.com добитник на "CINEPLEXX GIFT" картички
  • Јовановска Верица, j**********3@gmail.com добитник на "CINEPLEXX GIFT" картички
  • Валентина Станоева, v*******a@yahoo.com добитник на "CINEPLEXX GIFT" картички
  • Антонио Виденовиќ, v*******i@yahoo.com добитник на "CINEPLEXX GIFT" картички
  • Наум Локоски, n******i@gmail.com добитник на "CINEPLEXX GIFT" картички​
  • Дејан Шарковски, s*********n@gmail.com добитник на "CINEPLEXX GIFT" картички
  • Владимир Попоски, p******c@gmail.com добитник на "CINEPLEXX GIFT" картички
  • Емилија Јовановска, j***********a@yahoo.com добитник на "CINEPLEXX GIFT" картички
  • Тамара Ѓориќ, t*******k@gmail.com добитник на "CINEPLEXX GIFT" картички
  • Стефани Стојаноска, s************a@outlook.com добитник на "CINEPLEXX GIFT" картички
  • Светле Ацковска, s*****7@gmail.com добитник на "CINEPLEXX GIFT" картички

ПРАВИЛА НА НАГРАДНА ИГРА - „Избери си Велигденско изненадување!“

ОРГАНИЗАТОР

Член 1

Организатор на Наградната игра „Избери си Велигденско изненадување!“ (во понатамошниот текст именувана само како „Наградна игра“) е Финансиско друштво КРЕДИСМО ДООЕЛ Скопје (во понатамошниот текст „Организатор“) со регистрирано седиште на Бул. „Илинден“ бр.47/1-2, 1000 Скопје-Центар, Р. Македонија, со електронска пошта: contacts@credissimo.mk

ПРОИЗВОДИ И УСЛУГИ

Член 2

Наградната игра има за цел да се изврши анкета со прашања и понудени неколку одговори, од кои може да се селектираат само 2, поврзани со празникот Велигден!

ОФИЦИЈАЛНО ИМЕ, ОПИС И ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА НАГРАДНАТА ИГРА

Член 3

Официјалното име на Наградната игра е „Избери си Велигденско изненадување!“

Право на учество во Наградната игра имаат сите полнолетни физички лица – државјани на Р. Македонија, лица со и над 18 - годишна возраст кои одговориле на прашањата од анкетата објавена на официјалната страница на ФД КРЕДИСИМО ДООЕЛ Скопје.

- Наградната игра ќе започне од 02.04.2019 година од 10:00 часот и ќе трае до 22.04.2019 година до 23:59 часот.

ТЕРИТОРИЈА

Член 4

Наградната игра се организира на територијата на Р. Македонија и важи за сите полнолетни физички лица – државјани на Р. Македонија, лица со и над 18 годишна возраст кои одговориле на прашањата од анкетата објавена на официјалната страница на Facebook и на веб страната на ФД КРЕДИСИМО ДООЕЛ Скопје.

ПОДАТОЦИ ЗА НАГРАДИ

Член 5

Во Наградната игра ќе бидат доделени следните награди:

1. 4 х City Mall шопинг картички во вредност од 5000 ден.

2. 16 х Cineplexx Gift картички

Добитниците на наградите ќе ги добијат на начин претходно договорен со Организаторот на Наградната игра.

ВРЕДНОСТ НА СЕКОЈА НАГРАДА ОД ФОНДОТ НА НАГРАДИ И ВКУПНА ВРЕДНОСТ НА ФОНДОТ НА НАГРАДИ ( ВО ДЕНАРИ)

Член 6

Вкупниот награден фонд изнесува 28000 денари.

ПРАВО НА УЧЕСТВО ВО НАГРАДНАТА ИГРА

Член 7

Право на учество во Наградната игра имаат сите полнолетни физички лица – државјани на Р. Македонија, лица со и над 18 - годишна возраст кои одговориле на прашањата од анкетата објавена на официјалната страница на Facebook и на веб страната на ФД КРЕДИСИМО ДООЕЛ Скопје.

Еден учесник во Наградната игра има право да биде извлечен само за една од  наградите предвидени во член 5.

Пополнетата анкета во која се оставаат, име и презиме, имеил адреса, телефон за контакт од својот facebook профил и согласност за обработка на лични податоци претставува потврда за учество во наградната игра.

Учесниците кои не ги прифаќаат овие Правила на наградната игра не треба да ја пополнуваат анкетата во спротивно сите учесници ќе се сметаат дека ги прифаќаат Правилата на наградна игра и ќе учествуваат во неа.

Наградата ќе биде доделена само ако учесниците се квалификувани, имаат право на учество и ако целосно ги почитуваат Правилата на наградната игра.

ИЗВЛЕКУВАЊЕ НА НАГРАДИТЕ

Член 8

Добитниците на наградите ќе бидат извлечени електронски, по принципот на случаен избор, а ќе учествуваат сите пополнети анкети на начин и услови наведени погоре. За текот на извлекувањето ќе се води записник, кој ќе биде потпишан од членовите на Комисијата која ќе биде составена од:

-  Двајца претставници од ФД КРЕДИСИМО ДООЕЛ Скопје

-  Еден Правник

При извлекувањето, ќе бидат извлечени вкупно 20 (дваесет) добитници, по 1(еден) за секоја од наградите.

Извлекувањата ќе бидат во седиштето на Организаторот на Бул. „Илинден“ бр.47/1-2, 1000 Скопје-Центар, Република Македонија во на 24.04.2019 година, во 12 часот, во кои извлекувања ќе учествуваат сите оние кои правилно ја пополниле анкетата.

ИЗВЕСТУВАЊЕ И ПОДИГНУВАЊЕ НА НАГРАДАТА

Член 9

Правилата за Наградната игра ќе бидат објавени на:

-официјалната Facebook страна на Организаторот, https:www.facebook.com/credissimo.mk и веб страната на ФД КРЕДИСИМО ДООЕЛ Скопје.

Добитниците на наградите ќе бидат објавени во рок од 8 часа по крајот на наградната игра на:

- Facebook страната на организаторот www.facebook.com/credissimo.mk и на веб страната на ФД КРЕДИСИМО ДООЕЛ Скопје www.credissimo.mk.

Организаторот ќе ги извести добитниците за добиената награда по електронска пошта на оние електронски адреси кои се наведени во пополнетата анкета.

Организаторот не одговара за неточно пополнети податоци во Анкетата или неуспешен електронски пренос на податоците, прекин во комуникациската врска без разлика од причината од која потекнува, недостапност или немање на интернет, други причини како резултат на виша сила и сл.

Во случај да не може да се оствари контакт преку електронска адреса, добитниците ќе бидат дополнително известени телефонски.

Добитниците на наградите ќе можат да ги подигнат на датум, час и место договорени со Организаторот и добитникот, но не подоцна од 14 дена од денот на објавување на добитниците.

Доколку Добитникот не ја подигне наградата во горенаведениот рок, го губи тоа право, во таков случај Организаторот има право, истата да не ја додели или да ја додели на резервниот добитник.

Со конечната реализација на наградите престануваат сите обврски на Организаторот на Наградната игра спрема добитниците.

Со самото учество во наградната игра, Учесниците ги прифаќаат овие Правила за наградна игра.

Доделувањето на наградите може да биде јавен настан. За лицата кои ќе учествуваат во Наградната игра, односно Учесниците кои ќе ги добијат наградите Организаторот има право да ги слика/снима, со претходна писмена согласност од добитниците, со што нивните имиња и презимиња да станат јавни и да бидат користени во аудио, фотографија или видео материјал, без право на дополнителен надомест.

ПРАВО НА ПРИГОВОР

Член 10

Незадоволниот учесник во Наградната игра има право во рок од 5 (пет) дена од денот на објавување на списокот на добитници да поднесе приговор во писмена форма до ОРГАНИЗАТОРОТ на Наградната игра е должен во рок од 5 (пет) дена од денот на приемот на приговорот, писмено да одговори на добиениот приговор.

ОГРАНИЧУВАЊЕ ЗА УЧЕСТВО

Член 11

Ако Организаторот утврди злонамерни дејствија од страна на Учесник во Наградната игра, со цел манипулација на истата, Организаторот има право да го дисквалификува и отстрани тој учесник. Организаторот има право да дисквалификува без предупредување секој Учесник, за кој се посомнева или утврди манипулативни дејствија, со цел освојување на Наградите.

Не може да биде Учесник во Наградната игра, лице кое е партнер или акционер или е во работен однос или врз основа на друг договор работи за Организаторот или работи со реализацијата, обезбедувањето и администрирањето на Наградната игра, како и членови на нивните потесни семејства.

Организаторот има за право да исклучи од учество во Наградната игра и да не дозволи добивање Награда на Учесник, за кој има податоци дека извршил злоупотреба со технички, програмски или други средства и уреди со цел неовластен пристап до системи на Организаторот и/или учество во Наградната игра и добивање на Наградата, или други дејства, спротивни на правилата на Наградната игра или на влезените во употреба нормативни акти.

ПРЕНОС И ЗАМЕНА НА НАГРАДАТА

Член 12

Наградата не може да биде заменета за готовина.

КОРИСТЕЊЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ

Член 13

Организаторот во целост ќе ги почитува одредбите од Законот за заштита на личните податоци и во пракса ќе цели кон одржување високо ниво на добра практика при обработка на личните податоци.

При механизмот на случано компјутерско извлекување на добитници, ќе се користат личните податоци од facebook профилот наведени во анкетата.

Со самото пополнување и праќање на анкетата, лицата учествуваат во наградната игра. Доколку некој не сака неговите податоци да се обработуваат за таа намена, можат да го откажат своето учество во Наградната игра со Изјава за откажување пратена на е-маил адресата contacts@credissimo.mk,

За лицата кои ќе учествуваат во Наградната игра, односно Учесниците кои ќе ги добијат наградите Организаторот има право нивните лични податоци да ги користи во своите идни маркетинг активности.

ОТСТРАНУВАЊЕ НА СПОРОВИТЕ ЗА НАГРАДНАТА ИГРА КОИ ШТО БИ МОЖЕЛЕ ДА НАСТАНАТ

Член 14

Евентуално настанатите спорови меѓу Организаторот и учесниците во Наградната игра ќе ги решава надлежниот суд во Скопје.

ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ

Член 15

Со исполнување на Правилата за учество во Наградната игра лицата ги прифаќаат одредбите од овие правила. Овие правила ќе се применуваат по добивање на согласност од Министерот за финансии на Република Македонија и по нивното јавно објавување пред започнување на наградната игра, а ќе важат до завршување на Наградната игра, односно до завршувањето на рокот за подигнување на наградите.

Со конечната реализација на наградите престануваат сите обврски на Организаторот на Наградната игра спрема добитниците.