Најмагичните божиќни базари во светот

Најмагичните божиќни базари во светот

Започна одбројувањето до Нова година и Божиќ. Најдобриот предвесник за најубавиот дел од годината се божиќните базари исполнети со многу светилки, топли пијалаци, божиќна храна и подароци за најблиските.


Се верува дека првиот Божиќен базар е одржан во Виена, во далечната 1298 година, попознат тогаш како „Декемвриски пазар“. Имено, тогашните власти во Виена дозволиле малите продавници и занаетчии кои не се наоѓале во централниот дел на австриската метропола да постават свои штандови на ден или два, како би можеле да заработат повеќе за себе и своите семејства пред ладните зимски месеци. Оттаму и тргнала целата традиција, а денес истата е присутна речиси насекаде низ светот.

Еве дел од најпопуларните и најпосетени божиќни базари низ светот кои ти препорачуваме да ги посетиш овој декември.

Кои се најпопуларните и најпосетени божиќни базари?

Виена

Ова е најстариот Божиќен базар. Лоциран е во Виена, пред палатата Белведере со повеќе од 40 куќички во кои се продаваат топли  напитоци и препознатливата виенска божиќна храна. Поседува и големо лизгалиште кое е скриено зад големите дрва правејќи ја целата атмосфера уште порустична. Базарот започнува на крајот на ноември и трае до Божиќ.

Брајант Парк – Менхетен

Според tripadvisor.com ова е најпопуларниот Божиќен базар во светот, лоциран во големиот парк на островот на кој се наоѓаат најголем број на облакодери на еден километар квадратен. На овој Божиќен базар е најголемото лизгалиште од 17.000 м2, околу кое се наоѓаат повеќе од 270 куќички кои продаваат храна, пијалаци и божиќни реквизити. Дополнително, магијата на ова божиќно „село“ како што го нарекуваат организаторите ја прават облакодерите кои се обвиснати зад секоја фотографија.

Штрицелмарк во Дрезден

Ова е најстариот Божиќен базар во Германија во преубавиот Дрезден. Името го има добиено по тортата Штрицел, полна со овошје, која се служи како специјалитет за овој базар. Повеќе од 400 мали штандови и куќички се поставени во центарот на Дрезден, од продавачи од околината на градот кои го нудат својот раскош на посетителите. Неизбежни се и германските колбаси, точеното пченично пиво како и многу други локални божиќни рецепти како што е греаното вино или колачите со ѓумбир, џем и чоколадо познати како Pulsnitzer Pfefferkuchen.

Стразбур

Според многу статистики, најпосетуваниот Божиќен базар во светот се наоѓа во Стразбур. Овој базар е лоциран пред главната катедрала во градот, и привлекува повеќе од 3 милиони посетители годишно и од година во година поставува нов рекорд. На плоштадот има поставено повеќе од 300 „шалети“ во кои можеш да уживаш во највкусните француски специјалитети и да дегустираш француски пенливи вина. Токму и од таму го носи епитетот „Главниот град за Божиќ“.

Зимската бајка во Лондон

На познатиот Хајд Парк во Лондон од крајот на ноември и речиси цел декември можеш да уживаш во „зимската бајка“ како што организаторите го нарекуваат божиќниот базар во градот на Темза. Најголемиот парк во Лондон се претвора во едно големо зимско божиќно село, во која освен базарот и препознатливите куќички со храна, вино и производи можеш да најдеш и огромно лизгалиште, панорамско тркало и цел замок направен од лед кој не се топи во ниту еден момент.

Ледениот Базар во Салцбург

Пред главната катедрала во Салцбург и под магичната тврдина, се наоѓа еден од најубавите за око божиќни базари во светот. Од централниот шатор се извлекуваат милион светилки кои го поплавуваат плоштадот креирајќи ѕвездено небо за секој посетител. Како оној во Виена и овој во Салцбург важи за еден од најстарите базари на светот, а во градот на Моцарт можеш да уживаш во највкусните тиролски специјалитети, леб од ѓумбир и греано вино со божиќни зачини.

Бајковната Прага

Според многу анкети, овој Божиќен базар важи за базар со најубав поглед гледајќи го одозгора. Лоциран е на Плоштадот Венцeслав, со повеќе од 300 продавници кои ги исполнуваат тесните улички кои водат до најширокиот дел. Во него може да се ужива во најстарите прашки пива, колбаси, божиќни лебови и, секако, незаменливиот десерт трделник кој во средината има отвор во кој се ставаат разни намази.


Доколку сакаш да посетиш некој од Божиќните базари, а пречка за тоа се финансиите – можеш да сметаш на нас. Аплицирај за кредит веќе до 200.000 денари  со 40 % од камата. Искористи ја најповолната новогодишна понуда и обезбеди си дополнителни финансиски средства.

 



Врати се назад

Прочитај повеќе