Време е за бебе?

Време е за бебе?

Да се има деца е навистина скапа работа. Просекот на месечните трошоци што претходно сте го имале и ви бил пресметан, сега е двојно зголемен и тоа важи само во првите 6 месеци откако ќе се роди бебето. Потоа, како што ќе расте, така и трошоците ќе земаат сé поголем замав. Ќе почне да се храни, ќе му треба нова облека и останати тековни предвидени и непредвидени трошоци.

По 9 месеци, кога мајката треба да почне со работа, доаѓаат нови трошоци, кои не го вклучуваат само месечниот надомест, туку и други дополнителни плаќања поврзани со градинката.

Тоа не значи дека треба да се откажете од идејата за дете, туку да почнете да штедите навреме, уште кога ќе разговарате со партнерот на оваа тема.

Во Америка, просечно семејство за своето дете троши 11.000 долари само во првата година од животот, а приближно 250.000 долари додека наполни 18 години.

Никогаш не е премногу рано да почнете да штедите за деца, дури и ако не сте во брак. Секој во врската може да го стори тоа, ако некогаш во животот планира да има деца.

Кога ќе дојде детето на свет, не само што од платата ќе ги пресметувате трошоците за пелени, млеко, кремови, лекарски трошоци и останато, туку ќе имате потреба да го отворите „бебе фондот“. Згора на сé, тука е товарот за иднината, како родител ќе почнете да размислувате и за тоа, како да заштедите пари за нивната иднина, за школување, патувања и слично, кои секако ќе дојдат како што ќе поминуваат годините.

Ако планирате да имате деца еден ден, почнете да штедите веднаш. Сега нема да ја почувствувате разликата, но тогаш ќе бидете благодарни што сте го направиле овој чекор навреме.

Ова е многу важна одлука во вашиот живот, затоа мора да бидете решителни и сигурни дека сте спремни за ваков чекор.
Доколку имате вистинска желба за бебе, но единствено нешто што ве запира се вашата финансиска состојба и дополнителните трошоци што следуваат, тогаш нема за што да се грижите. Credissimo ја поддржува вашата одлука и ви помага да го решите секој проблем поврзан со пари.
Aплицирајте за Credissimo до плата и земи го секој 1-ви и 5-ти кредит во износ до 12.000 ден. со 0% камата или пак, аплицирајте за брз кредит до 80.000 денари и добијте одобрување за само 7 минути. Credissimo ќе ги исполни вашите желби, а вие бидете среќни со своето бебе.



Врати се назад

Прочитај повеќе