Продолжуваме да ги исполнуваме желбите на најлојалните клиенти!
Пред само три години, создадовме Лојална програма со што започнавме да ги наградуваме сите редовни и коректни клиенти за нивната лојалност. При секое следно аплицирање сите лојални клиенти добиваа попуст од каматата.
Оваа година, ја надоградивме Лојалната програма со нови двојно поголеми попусти, бонуси и бенефиции, кои што ќе направат најлојалните клиенти да се почувствуваат уште поспецијални.
Старите попусти од лојалната програма сега се двојно зголемени. Висината на индивидуалниот попуст за секој клиент е различна и е во зависност од тоа колку лојален е клиентот и колку детелинки собрал во неговиот профил. Колку поголем е бројот на детелинките, толку поголем е попустот од Лојалната програма!
Како добиваш Credissimo детелинка?
- Редовно ги плаќаш ратите, без задоцнување
- Често ги користиш нашите услуги
- Колку повеќе земени кредити имаш, толку повеќе бенефиции
- Извршуваш навремена целосна исплата на кредитот
Лојалната програма ти заштедува и пари!
Собирајќи детелинки во твојот кориснички профил, добиваш попуст кој го користиш при секое следно аплицирање за кредит, но со тоа заштедуваш и пари.
Во твојот профил ќе можеш да видиш колку пари си заштедил со попустите коишто ги користиш од Лојалната програма.
Информација за индивидуалните попусти, бонуси и заштедени суми, можеш да ги видиш во твојот кориснички профил.
Најави се во својот профил и види колку детелинки си собрал, колку е твојот попуст од Лојалната програма за следното аплицирање и колку пари си заштедил од попустите.
Ако сеуште не си наш клиент, сега е вистинскиот момент да ни се довериш! Нашата Лојална програма секогаш ќе биде на твоја страна!
Аплицирањето за кредит е целосно онлајн, а процедурата на разгледување и одобрување е брза и едноставна. Трансферот на одобрениот износ е веднаш на трансакциската сметка.