Со титулата “Најдобра услуга“ помеѓу компаниите за брзи кредити се здоби Credissimo, само 2 години откако официјално ја започна својата дејност во Македонија. Истражувањето за квалитетот на клиентската услуга, помеѓу небанкарските финансиски друштва во државата – “Таен клиент“, беше спроведено меѓу 5-те најпопуларни компании од секторот, кои нудат брзи кредити онлајн. Со идентични прашања и критериуми, беа направени 15 проверки за квалитет, љубезност, информираност и прозрачност кон клиентот по телефон, од страна на една од најголемите интернационални агенции за маркертинг истражувања - IPSOS, која има над 50 интернационални представништа и е класирана во топ 5 компании за истражувачки услуги во светот.
“Среќни сме што после само 2 години од нашата експанзија на македонскиот пазар, успеавме да се докажеме како најклиентски ориентирана компанија. Високиот квалитет на услугата за нашите клиенти и целосен фокус кон апсолутна прозрачност се водечката филозофија на нашата компанија. Во Бугарија сме лидери веќе долги години во онлајн кредитирањето и клиентската услуга. За нас е чест, што ја постигнавме таа позиција и во Македонија, давајќи решение за неколку минути на луѓето кои имаат неодложни потреби. Веруваме дека со воведување на добрите практики, кои веќе ги имаме од долгогодишното искуство во брзото кредитирање, ќе повлијаеме позитивно на целиот сектор и компаниите во него.“ – коментира Георги Руков, Директорот на интернационалниот бизнис развој, на Credissimo.
Credissimo е ФинТек групација од компании со над 10 годишна успешна историја, која е абсолутен лидер во онлајн кредитирањето во Бугарија и Македонија, а од минатата година се развива успешно и во Полска. Компанијата го продолжува својот интернационален развој и во Јужна Америка, каде што за неколку денови ќе започне со работа и ќе го одобри и својот прв кредит во Колумбија. Во текот на 2019-та година, ФинТек групацијата планира да ја одржи лидерската позиција на постојаните пазари, како и да продолжи да вклучува технолошки иновации во своите компании и процеси на работа.
За успешниот развој, групата од компании има три основни темели – технологија и иновации во финансирањето, фокус кон клиентските процеси и развој на самиот човечки ресурс во рамките на групацијата.
* Проучувањето “Таен клиент“ е спроведено од IPSOS, интернационална компанија за маркетинг истражувња. Спроведени се вкупно 15 проверки по телефон помеѓу 5 компании, кои нудат брзи кредити по телефон. Резултатите се валидни за услугата по телефон.