Понуда за промена на роковите и условите на отплата на договорите за кредит

Аплицираj
Понуда за промена на роковите и условите на отплата на договорите за кредит

Ние, Финансиското друштво КРЕДИСИМО ДООЕЛ Скопје (во понатамошниот текст „Кредисимо“), постапувајќи по мерките на Македонската Влада, и со цел излегување во пресрет на нашите клиенти во текот на ова вонредна состојба предизвикана со пандемијата од корона вирусот и олеснување на условите за отплата на дадените кредити во ова тешко време, на ден 14.04.2020 година ја даваме следната:

ПОНУДА за промена на роковите и условите на отплата на договорите за кредит

 

1. Лица кон кого е упатена понудата

Оваа Понуда е упатена кон сите корисници на кредит/заемопримачи (во понатамошниот текст „Корисниците“), кои што имаат склучено договор за кредит со Кредисимо како давател на кредитот, а кој договор бил склучен заклучно со 31.03.2020 година (во понатамошниот текст „Договор за кредит“).

2. Рокови и услови предмет на понуда

Корисниците кои ќе ја прифатат оваа Понуда ќе ги добијат следните олеснувања:

  • Намалување на месечните ануитети за периодот од 01.04.2020 година до 30.06.2020 година за износ од 70% од редовните месечни ануитети;
  • Продолжување на рокот за отплата на кредитот даден со Договорот за кредит за период од 90 дена сметајќи од 30.06.2020 година, поточно до 28.09.2020 година;
  • Отплата на обврските по основ на помалку платените месечни ануитети за периодот од 01.04.2020 година до 30.06.2020 година на рамномерни месечни ануитети кои ќе доспеваат за плаќање во периодот од 01.07.2020 година до 28.09.2020 година.

3. Дополнителни информации

  • Доколку Корисникот има склучено повеќе Договори за кредит, променетите рокови и услови од точка 2 погоре ќе се однесуваат на секој Договор за креди поединечно;
  • Кредисимо нема да наплаќа било какви надоместоци, трошоци, провизии и/или казнени камати заради намалувањето на ануитетите опишано во точка 2 погоре;
  • Промената на роковите и условите ќе настане во моментот на прифаќање на оваа Понуда од страна на Корисникот (видете точка 4 подолу), и таквата промена ќе се однесува на ануитетите кои ќе доспеат за плаќање по таквото прифаќање;
  • Прифаќањето на понудата согласно точка 4 подолу е доволно за целите на промена на роковите и условите, и не е потребно да се потпишува анекс кон Договорот на кредит, или да се презема било какво дополнително дејствие од страна на Корисникот;
  • Прифаќањето на понудата и промената на роковите и условите на Договорот за кредит ќе има важност на целокупната договорна пропратна документација (амортизациони планови, трајни налози и друга документација), сите нотарски исправи и обезбедувања и тоа без склучување на нови договори/анекси кон постоечките договори, нотарските исправи и останатите инструменти на обезбедување, и нема да постои потреба да се врши промена на веќе запишаните податоци во јавните книги и регистри.

4. Прифаќање на понудата

Понудата ќе се смета за прифатена доколку Корисникот не достави до Кредисимо известување за одбивање на Понудата најдоцна до 24.04.2020 година, до 23:59 часот.

Доколку Корисникот не е согласен со оваа Понуда тогаш истиот треба да го извести Кредисимо дека ја одбива оваа понуда во горедадениот рок. Одбивањето на понудата може да се направи преку испраќање на електронска пошта на следната адреса: contacts@credissimo.mk.

Известувањето треба да содржи доволно податоци со цел да може да се идентификува Корисникот и Договорот за кредит, како и волјата на Корисникот за одбивање на Понудата, а особено:

  • име и презиме на Корисникот;
  • датум на склучување на Договорот за кредит и негов број (доколку Корисникот има склучено повеќе Договори за кредит, а во известувањето за одбивање пропушти да ги наведе сите, ќе се смета дека одбивањето се однесува на сите Договори за кредит склучени со конкретниот Корисник); и
  • изјава дека Корисникот за кредит ја одбива оваа Понуда, и дека е согласен да продолжи со отплатата на кредитот согласно роковите и условите определени со Договорот за кредит.

Доколку Корисникот ја одбие Понудата во горедадениот рок, истиот ќе продолжи да го исплаќа кредитот согласно динамиката определена со Договорот за кредит. Доколку Корисникот не ја одбие Понудата во горедадениот рок ќе се смета дека истата е прифатена, и ќе се применуваат роковите и условите на отплата дадени овде.

За било какво појаснување околу оваа Понуда Кредисимо стои на располагање на своите клиенти.

Тел.: 02 511 1010

E-mail: contacts@credissimo.mk

Повеќе

Од денес нашите клиенти со секој свој платен кредит учествуваат директно во собирање на средства!
Во оваа ситуација треба најпрво да останеме смирени и да ги следиме упатствата на здравствените организации.
Кратка историја зошто се слави 8-ми март како Меѓународен ден на жената.