Создадовме нов веб сајт за на корисниците да им обезбедиме поедноставно, попрегледно и попрактично дигитално искуство. Со освежен визуелен идентитет, подобрена организација на содржините и полесен пристап до најважните информации, продолжуваме да ги развиваме нашите дигитални услуги во согласност со потребите на современите корисници.
Новиот веб сајт е со модерен, свеж дизајни со посебно внимание посветено на корисничкото искуство. Информациите се организирани во јасни категории, овозможувајќи им на посетителите полесно да ги пронајдат кредитните производи, актуелните понуди, поволностите и одговорите на најчесто поставуваните прашања.
Еден од главните новитети е новата структура на почетната страница, која овозможува подобра прегледност на содржините. Кредитниот калкулатор има свое истакнато место, додека секој кредитен производ е претставен на посебна страница со информации за неговите карактеристики, предности и услови. На овој начин, корисниците можат полесно да се информираат и да ја разгледаат понудата што одговара на нивните потреби, транспарентно, без никакви скриени трошоци.
Новата дигитална платформа носи и попрегледно претставување на лојалната програма на Credissimo, преку која секој корисник добива нешто повеќе за возврат со секој следен потрошувачки кредит. Корисниците можат да се информираат за начинот на функционирање на програмата, собирањето детелинки и поволностите што ги нуди, додека информациите за личниот статус и индивидуалните попусти се достапни преку нивниот кориснички профил.
Покрај финансиските услуги, новата веб страница им дава поголема видливост и на општествено одговорните активности на компанијата. Преку посебни секции, посетителите можат да се запознаат со иницијативите, проектите и областите во кои Credissimo континуирано вложува и придонесува за заедницата. Дополнително, делот „За нас“ целосно го прикажува историјатот на Финансиското друштво, со присуство на пазарот од повеќе од 10 години.
Со новиот веб сајт, правиме уште еден чекор во унапредувањето на дигиталната комуникација со своите корисници, ставајќи ги нивните потреби во центарот на секое ново решение.