10-те најдобри апликации за 2017, кои ќе ти помогнат да ги контролираш твоите финансии

10-те најдобри апликации за 2017, кои ќе ти помогнат да ги контролираш твоите финансии

Планирањето и контролирањето на семејните финансии може да е меѓу најдосадните работи. Воопшто не е тешко и е исклучително корисна пракса, но и покрај тоа имаме некој внатрешен отпор, мрзеливост или едноставно недостаток на време, кои често нè попречуваат да го правиме тоа. Можеби веќе сте пробале, сте пишувале по тефтери, имате неколку табели во Excel на компјутерот или сте се обиделе да го следите буџетот барем мисловно ... и не сте се справиле со тоа за подолг период.

Придобивките од одржувањето на личниот буџет во ред и под контрола сепак се безбројни и не е редно да се откажувате лесно. Така што, како што има мобилни апликации кои ве потсетуваат да пиете вода, кои местат паметни аларми за будење, ви го покажуваат распоредот на градскиот транспорт и што ли уште не, така има и такви за контролирање на буџетот. Ги избравме најдобрите до денес, со кои лесно можете да ги ведувате приходите и расходите, да ги планирате трошоците и заштедите.

мобилна апликација mint

Mint: Budget, Bills, Finance

Оваа апликација всушност сумира неколку во едно. Се поврзува со вашата банкарската сметка и може да ве потсеќа кога излегуваат сметки за плаќање. Може, се разбира, да ги следите и трошоците за купување како и да ја гледате статистика за месецот, неколку месеци, година. Ја нуди опцијата да внесете лимит на трошоците по различни ставки- за храна, за задоволство, за бензин и др., И така да ги следите и да не ги надминете трошоците за некое од нив. Освен на телефонот овозможува да ја следите ситуацијата и во акаунтот на компјутер. Апликацијата има варијанта како за iOS, така и за Android.

мобилна апликација pocketguard

PocketGuard

Со PocketGuard исто така можете да ја следите состојбата на банкарските сметки, кредитни картички, исплатите кои ви претстојат. Се поврзува со вашите банкарски сметки и ги регистрира паричните движења на истите. Ги покажува приходите и трошоците, заштедите, и на основниот екран лесно можете да видите со колку пари располагате во моментот. Заедно со тоа пресметува во однос на движењето на финансиите колку пари можете да потрошите на ден. Постојат варијанти за iOS, Android и веб.

мобилна апликација ynab

You Need a Budget (YNAB)

Оваа апликација е фокусирана повеќе врз вашата способност да планирате. Сами одредувате колку планирате да потрошите со различни цели и идејата е да се придржувате до вашиот сопствен план. Филозофијата на YNAB се базира на четири правила:

Одреди намена на секој долар или поинаку кажано да планирате за што ќе ги трошите вашите пари пред тоа да сте го сториле, а не да го осознаете дури потоа.

Осознај ги вистинските трошоци. Поинаку кажано да сте свесни за големите трошоци, пред да дојде време за нив и евентуално да ве изненадат.

Биди флексибилен. YNAB овозможува лесни и флексибилни промени кога имате непредвидени ситуации.

Мисли наместо вас. Не е потребно постојано да се запамети кога треба да се плати нешто за да не го пропуштите рокот. Работи на компјутер, на iOS и Android.

мобилна апликација goodbudget

GoodBudget

Освен што помага за планирањето на вашите плаќања GoodBudget е особено корисна, бидејќи ве учи како да заштедувате за големи цели - може да е за екскурзија може да е за автомобил или за она за што сакате да заштедувате.

Апликацијата е достапна за iOS и Android.

мобилна апликација home budget with sync

Home Budget with Sync

Ако уредите ви се со различни оперативни системи, тоа е апликацијата за вас. Работи со iPhone, iPad, Android, Mac и Windows и можете да ја синхронизирате помеѓу сите нив. И не само тоа, апликацијата е направена така што можете да ја споделите и со другите членови на семејството, па да ја контролирате сумата заедно. Погодно е, ако не сакате целата тежина на семејното буџетирање да паѓа само врз вас и сакате да ги споделите одговорностите со партнерот.

мобилна апликација wally

Wally

Апликацијата со ова симпатично име (од wallet - паричник) е корисна за следење на индивидуални финансии. Ве потсеќа за сметките, може да внесувате трошоци рачно или со слика на фискална сметка. Целта му е што поскоро да можете брзо да ја проверувате вашата состојба, отколку да правите сложени пресметки. Бесплатно е за iOS и Android.

мобилна апликација level money

Level Money

Level Money е апликација фокусирана на планирањетo. Целта ѝ е биде чекор напред пред трошоците и да нема непријатни изненадувања. Може да планирате на дневна, неделна и месечна основа. Како и повеќето од веќе наведените, можете да ја поврзете со банкарската сметка за целосни информации за финансиската состојба. Достапна е за iOS и Android.

мобилна апликација spendee

Spendee

Оваа апликација не е точно типична за буџетирање. Но, може да е неверојатно корисна за луѓето кои не успеваат добро да ги следат трошоците и на крајот на месецот сè се прашуваат каде ги потрошиле своите пари. Spendee помага да се види многу јасно каде оди вашата плата и да ги преструктурирате навиките во однос на тоа. Само воведувате што сте потрошиле по категории и потоа добивате график со распределбата. Бесплатна е основната верзија за iOS и Android.

мобилна апликација bdgt

BUDGT

Во BUDGT треба да го внесете вашиот приход и очекувани трошоци, а потоа на секојдневна база внесувате што сте потрошиле, повторно во график по категории. Лесно гледате што и каде сте потрошиле, како и колкава сума ви останува. Апликацијата е достапна само за iPhone.

мобилна апликација unsplurge

Unsplurge

За жал ова прекрасна апликација е исто така само за iPhone. Неговиот фокус не е семејниот буџет, а да ви помага во штедењето со различни цели. Има форум во кој може да добивате мотивација да не се откажувате од целта за штедење, а моментот во кој ја остварите, исто така се воведува во апликацијата.

Единственото што не прават наведените корисни апликации, е тоа што не нè удараат по рацете, кога ќе посакаме да трошиме повеќе од дозволеното. Но, сепак, во случај ако имате неочекуван трошок надвор од буџетот или посакате да имате нешто без да мора да штедите месеци и години - со Credissimo може лесно и брзо да земете онлајн кредит за вашите цели. Аплицирајте преку компјутер или телефон и ќе добиете пари за неколку минути.



Врати се назад

Прочитај повеќе