Финансиите - Една од главните причини за расправиите во врската

Финансиите - Една од главните причини за расправиите во врската

За голем дел од семејствата финансиските потешкотии се секојдневие. Во една таква ситуација, парите се убедливо најчестата причина за недоразбирање, кавги и размена на навреди помеѓу партнерите.

За да ги избегнеш кавгите со саканата личност, ние ќе се обидеме да ти помогнеме со неколку наши совети.

  • Започнете со создавање на заеднички буџет - Парите не исчезнуваат како што често мислиш. Почни да  водиш евиденција на заедничките приходи и трошоци. Дури и само еден од вас да заработува, многу е важно заедно да го планирате буџетот. На крајот на месецот провери кои трошоци непотребно си ги направил.
  • Еднаш неделно провери до каде сте со трошоците - Не чекај да помине цел месец и на крајот да се шокираш. Поради бројните дневни обврски може да се изненадиш од празната сметка, а тоа да доведе до караница и префрлување на вината.
  • Секогаш зборувај во множина - Прескокни ги речениците како „моја плата“, “јас плаќам сметки“, „јас купив“. Вие сте сега едно а приходите и расходите ви се заеднички, па почни да зборуваш во множина.
  • Попушти кога ќе се создаде тензија и расправија - Нервозата и тензијата само ќе ги засилат недоразбирања. Биди мудар и кога ќе почуствуваш влошување на ситуацијата, кажи стоп и дозволи времето да ја олади жешката расправија! Не заборавај дека секогаш со мирна глава се носат подобри одлуки.
  • Поставете заеднички цели - Одамна ти и партнерот мечтаете да одите на егозтично патување, или размилувате за викендичка на некоја планина? Поставувањето на заедничка цел ќе ве мотивира и двајцата за добро да го планирате буџетот.
  • Консултирај се за нови трошоци - Советувај се со партнерот пред да се одлучиш да купиш нешто поскапо. На овој начин ти и партнерот ќе одбегнете взаемни непријатни изненадувања, а со тоа и расправии.
  • Никогаш не ја криј вистината од партнерот - Финансиското неверство е многу честа појава. Криењето на трошоци,  созадавањето на долгови и позајмици во тајност се работи со кои сигурно ќе ја изгубиш довербата кај саканата личност.

Знаеме дека сето ова можеби сега изгледа многу тешко и невозможно. Бидејќи понекогаш колку и да се трудиш, потребни ти се дополнителни средства за мир и хармонија во врската. Но не се грижи, бидејќи за се постои решение. Веќе 5 години Credissimo е тука за тебе во секое време! Веќе не одбраа над 100.000 корисници, довери се и ти на најлесното решение!

Artikuj të lidhur

Како да го заштитиш твојот буџет од инфлацијата?

Како да го заштитиш твојот буџет од инфлацијата?

Види ги нашите совети кои може да ти помогнат да го заштитиш твојот буџет од инфлација. Прочитај ги и започни да ги применуваш

14 совети како да заштедите пари од струја (дел 1)

14 совети како да заштедите пари од струја (дел 1)

Корисни совети како да заштедите пари и електрична енергија. Видете каде можете да си ја проверите сметката за струја и парно онлајн.

Пролетта е на врата!

Пролетта е на врата!

Неколку корисни совети за како да го исполните слободното време во најубавиот период од годината. Види ги советите и примени ги

Паметен финансиски старт на годината: 5 практични совети

Паметен финансиски старт на годината: 5 практични совети

Почетокот на новата година е одлична можност да ги преразгледаш финансиските навики и да поставиш поцврста основа за месеците што следат.

Кој е твојот празник, Св. Валентин или Св. Трифун?

Кој е твојот празник, Св. Валентин или Св. Трифун?

Во секој случај, имаме предлози како да го прославиш овој ден, без разлика дали си заљубен во твојот партнер или виното