Како да ги израдуваш жените околу тебе – тие тоа го заслужуваат

Како да ги израдуваш жените околу тебе – тие тоа го заслужуваат

Скапите подароци не покажуваат ни половина од тоа, што може да го покаже добриот гест

Ете, 8ми Март наближува. Понекогаш контроверзен празник, бидејќи не дели на 2 одбори, само поради тоа што едните не “припаѓаат“ во празникот. Или поради друга причина – празникот е една форма на комерцијален банкет кој се користи како причина за лудување. И покрај незначајните дебати, забораваме едно нешто – за жал дури и во 21ви век жените сеуште се борат за разни права. Оваа година во Јануари бевме сведоци на Женскиот Марш во Америка кој се спроведе поради дискриминационата политика на новиот американски претседател Доналд Трамп.

Затоа дури и да е еден ден, тој е посветен специјално на жените и би било убаво да им го дадеш заслуженото внимание и благодарност. Меѓу другото, знаеш ли дека во некои држави има цел месец посветен на жените? Со САД, Велика Британија и Австралија тоа е Март, во Канада – октомври, а во Јужна Африка – август. Оваа традиција е формирана по повод на Меѓународниот ден на жената, кој започнува во Њу Јорк поради лошите услови за работа и ниската плата. Следуваат поголем број на протести поради слични каузи, во наредните години и децении, во кои жените треба да докажуваат дека се луѓе и како такви не треба да бидат дискриминирани. Впрочем, знаеш ли дека жените во Македонија гласаат од 1946г? Од тогаш нема поминато ни еден век.

Но, доста е со толку историски факти, целта на тие беше да те увериме дека нема да можеш да поминеш само со еден зумбул. Потруди се малку повеќе, сите жени околу тебе го заслужуваат тоа.

Овој ден не е празникот на љубовта

Тоа веќе стана јасно нели? Прво, не е задолжително да се ограничуваш само со љубовта до твојата сакана, дури и препорачуваме да не го правиш тоа. Второ, не е задолжително прославата да биде романтична, иако тоа не е излишно. Не е потребно да и купуваш скапи подароци. Подобро направи мил гест, со кој ќе покажеш дека ја цениш.

Силата е во едноставните нешта

Значи сакаш да и одадеш внимание на некоја жена. Започнуваш да мислиш како – дали да купиш нешто, дали да подариш цвет, да ја однесеш негде, да и симнеш некоја звезда... А зашто само не и го кажеш тоа. Толку е просто, колку што и звучи.

Пример:

“Сакам да знаеш, дури и ако не го покажувам тоа, многу ми значи тоа што си дел од мојот живот/ имам пријателка како тебе/ си толку добра и трпелива спрема мене/ си ме одгледала правилно и денес сум човек благодарение на тебе. Не претерувај, биди искрен, краток и јасен. Освен тоа не е потребно да и соопшти на некаков специјален начин или лично. Напиши го тоа на белешка, прати и имеил или порака, или јави и се на телефон.

Делата зборуваат

Друг подобар начин за да покажете почит кон една жена е нешто да направите за неа. Например можеш да и дадеш слободен ден од секојдневните домаќински задачи и да ја одмениш да направиш нешто. Одведи ја на неочекувана прошетка или отдели време само за неа. Дозволи и таа да избере што ќе правите. За тоа време мисли само за неа , не мисли за проблемите на работа и на другите секојдневни задачи што треба да ги завршиш. Слични гестови можеш да примениш и за другите важни жени во твојот живот. Можеш да излезеш на кафе и да ја израдуваш со цвеќе добрата другарка која што ја немаш видено одамна. Можеш да и се јавиш на мајка ти. Подари цвеќе на колешките на работа. А и не мора цвеќе, би се зарадувале и на мали чоколатчиња од бонбониера.

Цвеќето си е цвеќе

Не постои жена која што не сака цвеќиња. Но , бидете внимателни. Многу важно е правилно да го изберете видот на цвеќе што го подарувате. На пример, црвена роза за колешката од работа, а кактус за вашата девојка ( освен ако не е љубител на кактуси ) и не е баш најдобриот избор. И цвеќињата си имаат свој јазик. На пример , Нарцисот покажува лојалност, Орхидеите љубов и сила, Лалињата се за поблизок човек, Кокичињата се симбол на чистота и невиност.

Детето на мама

Не, не Ти, а вашето заедничко дете ( ако имате ). Заедно со детето направете картичка за празникот на мама. Може да нацртате и напишете нешто мило што ќе ја зарадува. Разбудете ја мама со многу бакнежи и одведете ја некаде наручек . Ако сакате може и да зготвите.

И сепак таа е жена

И сака да се чуствува како таква. Вечера во убав ресторант, убав ѓердан или скап подарок исто се добар варијант за подарок и покрај тоа што кажавме дека материјализамот тука не е важен. Ако сакаш нејзиниот ден да биде специјален , но немаш доволно средства да и го направиш таков,Credissimo е тука за да ти помогне. Ќе ни биде чест и задоволство да ти помогнеме да ја направиш твојата половинка посреќна.

Малку забава

Едниот варијант е да организираш забава со пријателите, може заедно да ги изненадите своите понежни половинки. Вториот варијант е да ја испратите половинката да се забавува по женски со пријателките. Особено ако не го правела подолго време. Да, не заборавајте дека пред се на прво место таа освен жена е човек. Можеш да избереш било која од препораките и советите за тоа како да го направиш денот на половинката поубав. Што и да избереш не заборавај дека секој ден може да е 8ми Март . Секој ден кажувај е им на жение околу тебе колку многу ги сакаш и колку многу ти значат.



Врати се назад

Прочитај повеќе