Одамна сонуваш да имаш свое милениче? Погледни што сè те очекува...

Одамна сонуваш да имаш свое милениче? Погледни што сè те очекува...

Кај љубителите на животни, грижењето за милениче има одличен смирувачки ефект врз нив и може да им го подобри менталното и физичкото здравје и социјалниот живот. Ако не си голем љубител на животните, нема да ги почувствуваш ни љубовта ни нивниот смирувачки ефект. А доколку отсекогаш ги обожаваш, а сѐ уште не си чувал до сега, прочитај зошто уште денес треба да појдеш во некој пет шоп.

Можат да го намалат чувството на осаменост

Тие можат да го намалат чувството на осаменост, да го редуцираат стресот, да охрабрат физичка активност кај нивниот сопственик, да го развеселат и да му пружат неизмерна љубов и внимание. Секако, одгледувањето милениче претставува и секојдневна обврска, која не треба да се сфати несериозно.

За да ги почуствуваш терапевтските придобивки од конекцијата помеѓу тебе и твоето милениче, треба да одбереш животно, чии потреби ќе бидат во согласност со твојот животен стил.

Ти помага да запознаеш нови луѓе

Сигурно си забележал дека на луѓето помалку им е незгодно да ги погледнат или да им се обратат на оние туѓинци кои шетаат низ паркот со куче до нив, отколку на оние кои пешачат сами. Има нешто во животните, кое им помага на луѓето полесно да го скршат мразот и да започнат конверзација. Чувањето милениче ја поттикнува социјалната интеракција, која пак го подобрува твоето емоционално здравје. Многу сопственици на животни сакаат да раскажуваат разни ситуации кои ги доживеале со нивното милениче и притоа несвесно да почнат да зборуваат и за себеси, па затоа животното може да послужи и како повод за започнување тема на разговор со случаен минувач, пријател или роднина.

Имаат терапевтски ефект

Доколку живееш сам или поголемиот дел од денот се чуствуваш осамено и празно, чувањето милениче може да ти донесе задоволство во животот и да го покрене твојот морал и оптимизам. Дури и кога ќе се чувствуваш тажно и депресивно, потребите на твоето животинче ќе те натераат да станеш од креветот за да му дадеш да јаде, да го прошеташ низ паркот или да го искапеш. Тие обврски ќе те одржат активни, ќе ти дадат енергија и ќе му дадат континуитет на твојот живот.

Многу животни, особено кучињата имаат потреба од секојдневно пешачење и трчање. Па доколку чуваш животно кое сака да шета надвор и ти ќе имаш причина плус да излезеш на воздух и да потрошиш некоја калорија, без разлика дали те мрзи, немаш време или немаш желба. Бркањето на мачката низ дворот, обидот да го вратиш хрчакот или папагалот во кафез, се исто така здрави начини на забава, кои физички ќе те активираат. Животните те поттикнуваат да се однесуваш палаво, да се смееш и да се активираш, што од своја страна ќе  го зајакне твојот имунитетот и ќе го зголеми степенот на енергија, особено доколку твојата работа е постојано врзана за работното биро.

Создава семејна атмосфера

Чувањето домашно милениче, без разлика дали е тоа куче, мачка, зајче, папагал или морско прасе, му дава топлина и љубов на твојот дом. Всушност, повеќето луѓе се чувствуваат добредојдени кај некој на гости, кога на вратата ќе ги пречека семејното куче, маче… Ако некој ден останеш сам во својот дом, миленичето ќе ти прави друштво, ќе те забавува и ќе ти влее чувство на сигурност и безбедност.

Да се чува домашно милениче не е мала обврска. Ако имаш недостиг од средства, треба да имаш на ум дека храната, ветеринарските прегледи, креветчињата и играчките, ќе ти донесат дополнителни трошоци од вообичаените. Животните, помалку или повеќе, имаат потреба од секојдневно внимание: јадење, пиење вода, шетање, трчање, галење, играње, водење сметка за хигиена… Тие знаат да бидат и немирни, на пример да го уништат мебелот или да ги изгризaт твоите чевли. Credissimo ќе се погрижи без проблем и размислување  да се одлучиш за ново домашно милениче. Сите потреби многу  лесно можеш да ги покриеш, само аплицирај за „Credissimo Плус" до 80.000 ден. или за „Credissimo до плата" и земи го 1-от и секој 5-ти кредит во износ до 20.000 денари без камата со рок на враќање до 30 дена‼
Одбери го најдоброто милениче за себе.



Врати се назад

Прочитај повеќе