Освежи го својот дом и ослободи се од непотребните работи!

Освежи го својот дом и ослободи се од непотребните работи!

Факт е дека твоето расположение и нивото на енергија се поврзани со околината во која живееш. Една од најважните работи при преуредувањето на домот е неговото чистење и организирање. Според тоа, пред да почнеш да размислуваш за новите трендови со кои би внел  свежина во животниот простор, она што мораш да го направиш е да се „спасиш“ од предметите што не ти требаат. Еве неколку едноставни чекори со кои можеш  да започнеш  уште денес ако сакаш да внесеш повеќе ред и свежина во домот за да се чувствуваш подобро.

Сè на свое место

Првиот чекор е да знаеш што каде стои, па затоа почни од ситниците. Секој предмет во домот нека има свое место.

Декорирај

Одбери различни материјали и текстури во кои ќе ги облечеш  декоративните перници на твојата софа. Избери украси во земјени нијанси, како на пример прекривка за креветот или чаршаф за масата. Ако имаш во план да ги бојадисуваш ѕидовите, тогаш направи комбинација од неколку светли и една темна нијанса на бронзени и кафени тонови.

Донирај го непотребното

Облеката што не си ја носел со години, предметите од детството, расипаните телефони и полначите спакувај ги во празни кутии и што можеш донирај, а останатото фрли го. Ослободи ги затрупаните агли од домот во кој ги таложиш сите оние предмети што веќе не ги користиш. Така ќе привлечеш нова енергија во домот, но и во животот.

Комбинирај стилови

За успешно да комбинираш два сосема различни стила, прво направи план, така што нема да добиеш мешавина од сè и сешто. Додади модерно парче на традиционалниот декор или обратно и гледај како се менува просторот. Дознај сè што е можно повеќе за различните стилови (на пример, стилот на седумдесеттите е со детали со цветови, големи столови), а потоа ќе видиш што е најдобро за твојот дом. Можеби е подобро да почнеш од една соба за да видиш како ќе оди.

Организирај го чистењето

Ако не сакаш многу да чистиш, веројатно ја избегнуваш оваа работа до последниот момент и се тешиш себеси дека едноставно не си имал доволно време. Но, колку подолго го одлагаш чистењето, толку задачата станува потешка – ќе се насобере повеќе нечистотија, што ќе направи да се почувствуваш очајно уште кога ќе ја погледнеш ситуацијата.

Токму затоа е подобро да одвоиш време за чистење и да ги чистиш најбитните места во редовни интервали. Одреди си фиксен датум, како што е на пример среда попладне или сабота наутро. Исто како што имаш одредено време за работа, вежбање или за забави, треба да имаш термини и за чистење на домот.

Одржувај го редот

Еднаш кога ќе се организираш и ќе го исчистиш од темел домот, немој да дозволиш по извесно време да се вратиш на старата рутина. Потруди се да одвоиш неколку минути на почетокот на денот за да го наместиш домот, особено ако работиш од дома бидејќи токму тоа некои експерти го наведуваат како важно за продуктивноста во текот на денот.

Овие совети ќе ти помогнат да го „оживееш“ домот и да не седиш во постојана монотонија.
Доколку сакаш само да внесеш неколку декорации и шаренило во домот, а финансиски не си многу спремен во моментот, aплицирај за „Credissimo до плата“ до 20.000 денари со 0% камата и без дополнителни административни трошоци, ако го вратиш во грејс-периодот, а исто така може да го продолжиш периодот на враќање неограничен број пати. А ако сакаш целосно да го освежиш и средиш, тогаш аплицирај за „Credissimo плус" до 80.000 денари и започни со промена од темел.
 



Врати се назад

Прочитај повеќе