5 совети за онлајн шопинг на Black Friday

 5 совети за онлајн шопинг на Black Friday

Постојат луѓе што го чекаат овој ден цела година. Дел од нив, стануваат порано наутро, чекаат во долги редици и купуваат се што си имаат замислено. Други, со голем интерес и внимание ги следат сајтовите на омилените брендови и нивните актуелни попусти. Има и такви, коишто на тој ден нема да му обратат и придадат многу голема важност и внимание.

Што мислиш ти за овој голем шопинг ден со поволни попусти? Одлучи ли што ќе си купиш со попуст овој Black Friday?

Пред да го направиш твојот избор, прочитај ги петте правила што ги подготвивме за да ти помогнат да го искористиш твојот буџет на максимално најдобар начин.

Поради актуелната состојба со вирусот ти препорачуваме да го следиш примерот на поголемиот дел шопинг љубители, коишто според сите анкети и истражувања, одлучиле овој Black Friday да им биде целосно онлајн, т.е. да си купат се што им треба, посетувајќи ги интернет сајтовите на омилените брендови, наместо да ги посетат омилените продавници.

Ова се петте совети за брз, лесен и безбеден онлајн шопинг:

Совет #1: Никогаш не купувај на редовна цена

Благодарение на програмите за лојалност, честите попусти и поволности на онлајн купувањето со достава, нема никаква потреба да купуваш било што на редовна цена. Твојот омилен производ што со нетрпение чекаш да си го купиш, наскоро ќе биде на промотивно намалување. Не брзај со донесувањето на одлука за купување веднаш. Почекај, темпирај и зграпчи го посакуваното нешто во вистинскиот момент на најповолна цена.

Совет #2: Секогаш биди дел од лојалните програми и клуб на промоции

Заследи буквално се што ти „лежи на душа“. Клуб на лојалност, апликации, њуслетер (newsletter), Viber групи и што ли уште не. Биди во чекор со твоите омилени брендови, бидејќи тие првичните промоции со најголеми намалувања и поволности ги нудат само на најлојалните купувачи, а потоа на сите останати. Можеби понекогаш претеруваат и се досадни со нивните секојдневни пораки, но за 10% , 20% или 30% намалување од редовната цена вреди да ти се поднаполни имејлот со десетина пораки повеќе во текот на годината.

Совет #3: Направи истражување за она што сакаш да си го купиш

Запиши ги редовните цени, погледни ги нивните претходни промоции и продажни акции и прелистај ги оценките за производите кои што сакаш да си ги купиш. Трошењето на финансиски средства на лоши производи и лоша промоција може да те чинат многу. Освен залудно потрошените пари си скратуваш и едно задоволство помалку. Информирањето и евиденцијата се вистинската формула за максимизирање на Black Friday попустите. Добро информирај се за пред да го купиш долго посакуваното нешто!

Совет #4: Биди чекор пред останатите потрошувачи

Стави си bookmark на твоите омилени веб страници од онлајн продавниците, тоа секогаш ќе те држи еден чекор пред останатите потрошувачи. Следењето на нивните активности на веб страната и на социјалните медиуми (опција известување при секоја објава на нивните социјални профили) те става во пол-позиција за купување на првите залихи во сите достапни големини. Со одминувањето на времето посакуваните величини ќе ги има се помалку, а тоа е нешто што не сакаш да го искусиш на своја кожа, нели?

Совет #5: Предвиди го твојот Black Friday буџет

И придржувај се до него. Да, можеби звучи нереално, бидејќи секој од нас секогаш сака да си купи уште нешто, но акциите и попустите се создадени точно затоа- да те натераат да купиш повеќе од она што претходно си го испланирал.

Доколку имаш потешкотии со придржувањето до претходно испланираното и твојот онлајн шопинг го надмине планираниот буџет, можеш да сметаш на дополнителни средства од Credissimo коишто ќе ти помогнат брзо, лесно и со најповолни услови да ја задоволиш желбата за уште нешто ново.

 Само сега, можеш да аплицираш за кредит на 3 рати со 100 % попуст! Колку земаш толку враќаш.

 



Врати се назад

Прочитај повеќе