Св. Валентин VS Св. Трифун

 Св. Валентин VS Св. Трифун

Има три типa луѓе. Првите веруваат во вистинска љубов, љубов толку голема што може да помести планини и нестрпеливо го чекаат и се радуваат на празникот Св. Валентин за да ја искажат својата бесконечна љубов кон своите сакани. Другите веруваат дека во виното е вистината. Пријателите, забавата и виното се на прво место. Нивен миленик е св. Трифун, заштитникот на лозарите и на виното. Третите, пак, веруваат во љубовта, но и во виното и веруваат дека тоа е перфектна комбинација и дека едно без друго не може.
Иако искажувањето љубов, како и забавата и дружбата со пријателите, не треба да се практикува само на овој ден, тие се работи кои нè водат во животот и кои треба да ги искажуваме и покажуваме колку почесто толку подобро, сепак овој ден остава еден белег во претстојната година и сите сакаме да го одбележиме на посебен начин.

Ден на винарите или Ден на заљубените?

Тешко е да се одлучи, но едно е важно: 14 Февруари е празник на среќата, убавината, емоциите – материјализирани низ цвеќето, виното и искажувањето љубов.
Легендата вели дека Трифун имал исцелителни моќи и дека ја излечил ќерката на римскиот император Гордијан, која била душевно болна. Бил богато награден за тоа, но Трифун не го задржал богатството, туку веднаш им го разделил на сиромашните и продолжил да си живее скромно како и порано. Легендата, пак, за св. Валентин вели дека пред смртта ѝ испратил порака на слепа девојка, која му се допаѓала, воедно и во знак на благодарност за љубезноста покажана кон него. Се случило чудо и девојката прогледала. Оттогаш потекнува традицијата момчињата да им пишуваат љубовни пораки на девојките.
Без разлика дали е ова вистина или сепак само легенда, овие светци оставиле некаков печат во светот, прифатени се од народот и се слават нивните имиња.

Да се вратиме назад

Рековме има три типа луѓе и кажавме кој е кој, но тие имаат една заедничка потреба да го покажат тоа во што веруваат. Тоа се парите.
Да бидеме реални, да им кажете „те сакам“ на саканите има огромен ефект и се чувствува вашата поврзаност и љубов кон партнерот, но на овој ден „те сакам“ со убав подарок во рацете е многу поефектно. Љубовта не е во материјалните работи, го знаеме тоа. Кој не сака овој ден да се чувствува посебно. Да ја изненадите вашата сакана со огромен букет цвеќе, чоколада и одбран подарок за кој знаете дека отсекогаш го сакала. Да отидете во вашиот омилен ресторан, да прославите со чаша вино, длабок поглед очи во очи и музика до вас за уште поромантична атмосфера.
Вашите пријатели ве повикуваат во кафеаната каде што секогаш се собирате и си поминувате најубаво за да го прославите Св. Трифун како што е редот. Одите во 5 часот попладне, доаѓате дома во 5 часот наутро. Денес не ги броите чашите и изминатите часови. Денес не размислувате за проблемите и обврските. Денес е денот за вас и за вашите најблиски, да имате уште еден нов спомен на кој понатаму ќе се сеќавате и ќе го споменувате.


За сето ова ви се потребни пари, се разбира. И за виното, музиката, подароците, балоните, ружите, сето ова чини. Деталите се најважни. Овие работи конкретно, да бидеме реални, не се купуваат само со љубов. Но не треба да се плашите и да мислите дека не можете да си го дозволите тоа што го сакате. Со Credissimo можете да аплицирате за онлајн-кредит до 80.000 денари, што е многу повеќе отколку што ви е потребно, затоа не грижете се воопшто. Credissimo е секогаш тука за вас, ваше е само да решите во кој тип луѓе спаѓате и да уживате и во љубовта и во виното.
На здравје!



Врати се назад

Прочитај повеќе