Во светот се раѓа нов феномен наречен „одмаздничко патување“

Во светот се раѓа нов феномен наречен „одмаздничко патување“

Новиот феномен којшто се раѓа во светот се нарекува „одмаздничко патување“ и во превод значи патување и откривање на нови места после пандемијата, која веќе како да заминува.

Намалувањето на мерките и враќањето на животот во „нормала“ нека бидат причина повеќе за нови летни и незаборавни моменти. Подготвивме неколку причини за тоа зошто ова лето не смееш да пропуштиш да заминеш на одмор или на кратко патување.

Патувањето влијае позитивно на твојот дух и продуктивноста

Цела година работа е сосема доволна причина за летото да си дозволиш неколку дена одмор. Нели? Заминувањето на одмор ќе ти помогне да ги средиш мислите, да се исклучиш од секојдневието и да се вратиш со многу нови идеи, свеж и полн со ентузијазам.

Патување со пријатели

Се дружиш со различни луѓе кои не се дел од твоето секојдневие

Дали знаеш дека најголемиот дел од денот го поминуваш со колегите од работа или од факултет? Старите добри пријатели, роднини и познаници ги гледаш сѐ поретко. Летниот одмор или патување е добра причина да поминеш повеќе време со пријателите коишто ги немаш видено одамна.

Сеќавањата за убавите моменти поминати заедно и новите работи коишто не си ги знаел за нивниот живот ќе те исполнат со нови позитивни емоции, а најважно од сѐ е дека ќе создадете нови спомени на коишто во иднина со задоволство ќе се сеќавате.

Цените на авионските билети се поевтини и пофлексибилни од кога било до сега

Авионскиот сообраќај е еден од најпогодените сектори во време на пандемијата. Доколку би можеле да извлечеме една добра работа од претходните две години, тоа е само дека сега авионските билети се многу поевтини.

Закажи го твоето патување навреме! Закажи во понеделник наместо во четврток или петок и користи паметен начин за споредба на цените помеѓу повеќе авиокомпании. Ако ги примениш овие совети, би можел да избереш и некоја подалечна дестинација за пониска цена. Нели?
 

Мотивација за одмор

Имаш мотив да ги завршиш навреме сите твои обврски

Нема поголема мотивација од одење на одмор со сите работни и дневни обврски завршени навреме. Одењето на одмор е ентузијазам само по себе, 30 или 60 дена пред поаѓање. Го подготвуваш телото за на плажа, правиш модни комбинации за секој дел од денот, планираш која книга ќе ја читаш и кои места ќе ги посетиш. Наеднаш, целата мотивација која ти фалела ја имаш пред себе и секоја тешка задача наеднаш ти станува лесна.

Создаваш поврзување со нови места и нови светови

Претходните две години, навистина, беа оскудни со нови места и нови луѓе. Ова лето можеш да го надополниш со сѐ што ти недостигало. Новите места и новите лица ја враќаат насмевката на твоето лице, ти отвораат нови хоризонти, а ти се приврзуваш со нив во моментите кога ти е тешко. Човекот по природа сака да истражува, да проба нови работи и вкусови и да запознава нови луѓе и приказни. Впушти се и ти!

Нуркање

Учиш нови работи

Патувањето на помалку далечна и подалечна дестинација нека биде мотив плус да научиш нови вештини. Нуркање, едрење на пловила, падл бординг, јога медитација на изгрејсонце или многу други активности кои ќе бидат надополнување на твоите летни планови.

На тој начин освен „класичното“ седење на плажа, ќе го направиш твојот летен одмор многу поактивен, влијаејќи на доброто расположение, мотивацијата и добриот дух.
Би можеле да наброиме уште многу причини зошто треба да заминеш на летен одмор во претстојниот период, а веруваме дека и ти си имаш твои лични причини. Доколку финансиите се причина да не „се исклучиш“  од секојдневието, не заборавај дека можеш да сметаш на нас.

Само ова лето, имаш можност да аплицираш за кредит до 120.000 ден. со одложена месечна рата до 45 дена од земањето на кредитот. Земаш кредит со одложена месечна рата, летуваш безгрижно, се враќаш и дури за неколку дена плаќаш. Освен тоа учествуваш и во наградната игра за 15.000 ден. парична награда секоја седмица.

Ти на одмор, ратата на одмор и можност за  15.000  ден. парична награда! Нема поубаво, нели?



Врати се назад

Прочитај повеќе