Вози и забавувај се!

Вози и забавувај се!

Кога времето ќе стане потопло, ако не можете да го издржите метежот во градот и имате желба за подобра линија и подобра кондиција, тогаш е време за возење велосипед.

Не постои подобар и поедноставен начин да го зацврстите своето тело и да направите нешто за него.

Возењето велосипед е одлична опција доколку сте постојано во движење и немате време за спортски активности – додека да стигнете на потребната локација, вие постојано вежбате возејќи.

Го вежбате целото тело

Првенствено нозете и задникот, но бидејќи одржувате рамнотежа со горниот дел од телото – опфатени се и овие мускули.

Ако ви недостига енергија и сила, време е за велосипед. Едно истражување покажало дека возењето ја зголемува нашата енергија за 20 проценти, а го намалува чувството на умор за 65 проценти.

Возењето велосипед исто така ги штеди и вашите зглобови. За разлика од трчањето, со педалите не се оптоварени вашите зглобови.

Внимавајте само седиштето да е добро наместено – вашите нозе не смеат да бидат во исправена состојба, а со подигањето мора да правите агол од 90 степени.

Возењето велосипед го штити вашето срце. Истражувањата покажале дека со возење трипати неделно по половина час – ќе имате подобар крвен притисок и нема да имате проблеми со холестеролот.

Велосипед купувате еднаш и секогаш го имате за себе. Одличен е и за дружење. Се забавувате, а истовремено и си возите.

Испитувањата на експертите укажуваат и на тоа дека употребата на оваа корисна направа со време влијае на подобрување на функцијата на срцето и на здравјето на крвотокот.

За најдобри резултати, најдобро е велосипедот да се вози во природа, каде што организмот ќе внесе доволно количество кислород, а кога возењето во природа временските услови не го дозволуваат, се препорачува собниот велосипед, кој ако го немате во својот дом, достапен е во секој фитнес-центар или сала за вежбање.

Грижете се за своето здравје и искористете го убавото време максимално. Подновете се со нов, квалитетен и модерен велосипед и започнете. Доколку во моментот не сте во можност да купите нов велосипед или, пак, немате велосипед, а имате желба, тогаш Credissimo ќе ви ја исполни. Аплицирајте за брз кредит до 80.000 денари и добијте одобрување за само 7 минути. Пуштете се во акција со новиот велосипед.



Врати се назад

Прочитај повеќе