Нашите вработени го подготвуваа живеалиштето за трите нови мали лавчиња

Нашите вработени го подготвуваа живеалиштето за трите нови мали лавчиња

Тим од волонтери составен од наши вработени и дел од персоналот од ЗОО Скопје организираа заеднички волонтерски ден, кој се оддржа во склоп на самата Зоолошка градина. Како учесници во активноста работевме на подготовката на живеалиштето кое ќе биде наменето за трите мали лавчиња кои се родија во март оваа година, а наскоро и посетителите на Зоолошка ќе можат да ги видат. Покрај на нивното живеалиште, работевме и на освежувањето на уште неколку живеалиштата на други животни кои имаа потреба од бојадисување.

бојадисување

Скопје ЗОО која во изминатите години стана една од најпосетените локации во Скопје и пошироко, во континуитет работи на подобрување на условите на Зоолошката. А на последната активност преку платформата Активирај се навреме се приклучи и нашата компанија.

бојасидување

Огромна чест и задоволство ни е што имавме можност да бидеме дел од освежувањето на Зоолошката градина во Скопје. Покрај заедничкото дружење на вработените успеавме да ја покажеме и нашата грижа и љубовта кон животните, истовремено придонесувајќи за почиста и посредена зоолошка.

бојадисување

Погледнете го видеото од супер дружењето во Зоолошката градина, а во првата прилика организирајте прошетка и запознавање со малите лавчиња и останатите животни.



Врати се назад

Прочитај повеќе