,,Заврти на зелено" и освој награди

ОД Credissimo МК | 11.04.2022
,,Заврти на зелено

Веќе сите уживаме во топлите денови, и поради таа причина на многумина од нас, токму пролетта ни е омиленото годишно време. Топлите денови на сите ни носат позитивна енергија и постојат многу работи кои ги сакаме во овие месеци од годината. А сега Credissimo ти носи причина плус за радост, која гарантирано ќе ја направи оваа пролет повозбудлива.

Од денес започнува новата наградна игра во која можеш да станеш добитник на многу вредни награди.

Како да учествуваш?

Многу е едноставно. Ако аплицираш за кредит до 120 000 ден., директно ќе бидеш вклучен во наградната игра. Учествува секој одобрен и исплатен кредит. Наградната игра трае во периодот од 11.04.2022 до 05.06.2022.

Какви награди можеш да освоиш?

  • По 5 000 ден. секоја седмица
  • Електричен тротинет секоја втора седмица

Што значи да завртиш на зелено?

Повеќе од 5 години продолжуваме да се придржуваме кон целосно онлајн работење и автоматизирани процеси. Со тоа се вбројуваме кон компаниите, кои што придонесуваат околната средина да биде едно подобро место за живеење за сите нас.

  • Да завртиш на зелено за нас значи да завртиш од традиционалното кон дигиталното;
  • Да завртиш на зелено за нас значи да заборавиш на хартиената документација;
  • Да завртиш на зелено за нас значи да ја разбудиш твојата “еко“ свест!

Со доделувањето на ,,еко” награди под формата на електрични тротинети, оваа пролет ќе се обидеме да повлијаеме на подигнување на свеста кај сите кои ќе се вклучат во наградната игра. Ова ќе биде еден мал стимул и мотивација за тоа сите да се замислат дека навистина сѐ може да се промени и да стане ,,еко”.

Сѐ започнува со твојата мисла. Затоа, кога мислиш за доброто на општеството, мисли како можеш да завртиш на зелено!

 

 

Добитници:

 

1. Прво извлекување 19.04.2022г. - Едушка Б., e*****@yahoo.com е добитник на 5 000 ден.

2. Второ извлекување 26.04.2022г. - Сеад А., e*****@gmail.com е добитник на 5 000 ден.

3. Трето извлекување 27.04.2022г. - Ордан Б., p*****@gmail.com е добитник на електричен тротинет

4. Четврто извлекување 03.05.2022г. - Никола К., n****@yahoo.com е добитник на 5 000 ден.

5. Петто извлекување 10.05.2022г. - Панче С., p****@hotmail.com е добитник на 5 000 ден.

6. Шесто извлекување 11.05.2022г. - Жаклина Ј., z******@yahoo.com e добитник на електричен тротинет

7. Седмо извлекување 17.05.2022г. - Анита Д., а*****@outlook.com е добитник на 5 000 ден.

8. Осмо извлекување 25.05.2022г. - Менче Ј., m****@yahoo.com е добитник на 5 000 ден.

9. Девето извлекување 26.05.2022г. - Христина Т., s******@yahoo.com е добитник на електричен тротинет

10. Десето извлекување 31.05.2022г. - Јасмина Б., j****@gmail.com е добитник на 5 000 ден.

11. Единаесето извлекување 07.06.2022г. - Ане Мирческа., m******@yahoo.com е добитник на 5 000 ден.

12. Дванаесетто извлекување 08.06.2022г. - Сузана С., s****@yahoo.com е добитник на електричен тротинет

 

ПРАВИЛА НА НАГРАДНА ИГРА

Согласно Законот за игрите на среќа и за забавните игри („Сл. Весник на РСМ“, број 24/11, 51/11, 148/11, 74/12, 171/12, 27/14, 139/14, 61/15 и 154/15 и 23/16), а во врска со член 125 и 126 од Законот, се утврдуваат следните правила на наградната игра:

 

ОРГАНИЗАТОР

Член 1

Организатор на Наградната игра „Заврти на зелено“ (во понатамошниот текст именувана само како „Наградна игра“) е Финансиско друштво КРЕДИСИМО ДООЕЛ Скопје (во понатамошниот текст „Организатор“) со регистрирано седиште на Бул. „Илинден“ бр.47/1-2, 1000 Скопје-Центар, Р. Северна Македонија, со електронска пошта: support@credissimo.mk

 

ПРОИЗВОДИ И УСЛУГИ

Член 2

Наградната игра има за цел рекламирање на кредитните производи на ФД КРЕДИСИМО ДООЕЛ Скопје:

- кредит до 120000 денари на рати „Credissimo Плус“,

- кредит до 30000 денари „Credissimo До плата“.

 

ОФИЦИЈАЛНО ИМЕ, ОПИС И ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА НАГРАДНАТА ИГРА

Член 3

Официјалното име на Наградната игра е „Заврти на зелено“.

Право на учество во Наградната игра имаат сите полнолетни физички лица – државјани на Р.Северна Македонија, лица со и над 18 - годишна возраст кои поднеле Барање за одобрување на кредит на било кој од двата кредитни производи и кои ги исполнуваат условите за одобрување и истиот да им биде одобрен и исплатен на наведената жиро сметка во кредитната апликација.

Наградната игра ќе започне од 11.04.2022 година од 00:01 часот и ќе трае до 05.06.2022 година до 23:59 часот. Кредитните апликации кои се поднесени во неработните денови и празници исто така учествуваат. Тие се разгледуваат и доколку се одобрат се исплаќаат првиот работен ден.

 

ТЕРИТОРИЈА

Член 4

Наградната игра се организира на територијата на Р. Северна Македонија и важи за сите полнолетни физички лица – државјани на Р. Северна Македонија, лица со и над 18 годишна возраст кои поднеле Барање за одобрување на кредит на било кој од двата кредитни производи, односно кои ги исполнуваат условите за одобрување на истиот и истиот им бил одобрен и исплатен.

 

ПОДАТОЦИ ЗА НАГРАДИ, ВРЕДНОСТ НА СЕКОЈА НАГРАДА ОД ФОНДОТ НА НАГРАДИ И ВКУПНА ВРЕДНОСТ НА ФОНДОТ НА НАГРАДИ ( ВО ДЕНАРИ)

Член 5

Во Наградната игра ќе бидат доделени следните награди:

Бр.

Награди

Количина

Поединечна вредностсо 18% ДДВ

Вкупна вредност со 18% ДДВ

1.

Парична награда

8

5.000 денари

         40.000 денари

2.

Електричен тротинет

4

16.999 денари

67.996 денари

 

ВКУПНО

12

 

107.996 денари

 

ПРАВО НА УЧЕСТВО ВО НАГРАДНАТА ИГРА

Член 6

Право на учество во Наградната игра имаат сите полнолетни физички лица – државјани на Р.Северна Македонија со и над 18 годишна возраст како и да ги исполнуваат условите за одобрување на кредит на било кој од двата кредитни производи, односно кои ќе поднесат Барање за одобрување на кредит и истиот им биде одобрен и исплатен на жиро сметката наведена во апликацијата за кредит. Како потврда за учество во Наградната игра ќе претставува мејлот кои го добиваат клиентите при одобрување на барањето за кредит.

Не може да биде Учесник во Наградната игра, лице кое е партнер или акционер или е во работен однос или врз основа на друг договор работи за Организаторот или работи со реализацијата, обезбедувањето и администрирањето на Наградната игра, како и членови на нивните потесни семејства.

Учесниците кои не ги прифаќаат овие Правила на наградната игра имаат право да го откажат своето учество во Наградната игра со праќање на Изјава за откажување на учество во Наградна игра на е-маил адресата support@credissimo.mk, во спротивно сите учесници ќе се смета дека ги прифаќаат Правилата на наградна игра и ќе учествуваат во неа.

Наградата ќе биде доделена само ако учесниците се квалификувани, имаат право на учество и ако целосно ги почитуваат Правилата на наградната игра.

 

ИЗВЛЕКУВАЊЕ НА НАГРАДИТЕ

Член 7

Извлекувањето на наградите ќе се изврши електронски по случаен избор од системската база на податоци во која учествуваат клиентите на кои им е одобрен и исплатен кредит, на следниов начин:

  • Прво извлекување 19.04.2022г. во 10 часот, за период 11.04.2022г. – 17.04.2022г. – 5.000ден.
  • Второ извлекување 26.04.2022г. во 10 часот, за период 18.04.2022г. – 24.04.2022г. – 5.000ден.
  • Трето извлекување 27.04.2022г. во 10 часот, за период 11.04.2022г. – 24.04.2022г. –електричен тротинет
  • Четврто извлекување 03.05.2022г. во 10 часот, за период 25.04.2022г. – 01.05.2022г. – 5.000ден.
  • Петто извлекување 10.05.2022г. во 10 часот, за период 02.05.2022г. – 08.05.2022г. – 5.000ден.
  • Шесто извлекување 11.05.2022г. во 10 часот, за период 25.04.2022г. – 08.05.2022г. –електричен тротинет
  • Седмо извлекување 17.05.2022г. во 10 часот, за период 09.05.2022г. – 15.05.2022г. – 5.000 ден. 
  • Осмо извлекување 25.05.2022г. во 10 часот, за период 16.05.2022г. – 22.05.2022г. – 5.000 ден.
  • Деветто извлекување 26.05.2022г. во 10 часот, за период 09.05.2022г. – 22.05.2022г. – електричен тротинет
  • Десетто извлекување 31.05.2022г. во 10 часот, за период 23.05.2022г. – 29.05.2022г. – 5.000 ден.
  • Единаесетто извлекување 07.06.2022г. во 10 часот, за период 30.05.2022г. – 05.06.2022г. – 5.000 ден.
  • Дванаесетто извлекување 08.06.2022г. во 10 часот, за период 23.05.2022г. – 05.06.2022г. – електричен тротинет

Извлекувањето на наградите ќе биде ќе биде електронски, по принципот на случаен избор, а ќе учествуваат сите кредитни апликации на начин и услови наведени погоре.

При извлекување на добитниците, во истото време ќе се извлекуваат резервни добитници, во случај ако некои од добитниците се откажат од добиената награда, односно да не може Организаторот да стапи во контакт со нив.

 

За текот на извлекувањето ќе се води записник, кој ќе биде потпишан од членовите на Комисијата која ќе биде составена од:

-  Двајца претставници од ФД КРЕДИСИМО ДООЕЛ Скопје

-  Еден Правник

Извлекувањата ќе бидат во седиштето на Организаторот на Бул. „Илинден“ бр.47/1-2, 1000 Скопје-Центар, Република Северна Македонија.

 

ИЗВЕСТУВАЊЕ И ПОДИГНУВАЊЕ НА НАГРАДАТА

Член 8

Правилата за Наградната игра ќе бидат објавени, пред почеток на наградната игра, по добивање на согласност од Министерството за финансии на:

- веб страните на Организаторот, https://www.credissimo.mk/,

- Facebookстраната на организаторотhttps://www.facebook.com/credissimo.mk

- мобилната апликација за Android: https://play.google.com/store/apps/details?id=com.appstrand.credissimo и

- мобилната апликација за iOS: https://itunes.apple.com/mk/app/credissimo-mk-%D0%BF%D0%B0%D1%80%D0%B8-%D0%BD%D0%B0%D0%B2%D1%80%D0%B5%D0%BC%D0%B5/id1239299443?mt=8

 

Добитниците на наградите ќе бидат објавени во рок од 3 дена од денот на секое од извлекувањата на наградите на:

- веб страните на Организаторот, https://www.credissimo.mk/,

- Facebookстраната на организаторотhttps://www.facebook.com/credissimo.mk

- мобилната апликација за Android: https://play.google.com/store/apps/details?id=com.appstrand.credissimo и

- мобилната апликација за iOS: https://itunes.apple.com/mk/app/credissimo-mk-%D0%BF%D0%B0%D1%80%D0%B8-%D0%BD%D0%B0%D0%B2%D1%80%D0%B5%D0%BC%D0%B5/id1239299443?mt=8

Организаторот ќе ги извести добитниците за добиената награда по телефон на бројот оставен како контакт при одобрување на кредитот и по електронскапошта на онаа електронска адресакоја е наведена во Барањето за одобрување на кредит.

Доколку Добитниците немаат наведено дополнителна електронска адреса, за адреса за контакт ќе се смета адресата која ја навеле во Барањето за одобрување кредит.

Организаторот не одговара за неточно пополнети податоци во Барањето за кредит или неуспешен електронски пренос на податоците, прекин во комуникациската врска без разлика од причината од која потекнува, недостапност или немање на интернет, други причини како резултат на виша сила и сл.

Во случај да не може да се оствари контакт преку електронска адреса, добитниците ќе бидат дополнително известени телефонски.

Добитниците на паричните награди наградата ќе ја добијат на трансакциската сметка преку која ги добиле паричните средства на име кредит.

Добитниците на електричен тротинет, истиот ќе им биде даден на датум, час и место договорени со Организаторот и добитникот.

Добитниците наградите ќе ги добијат во рок од 60 дена од денот на објавување на наградите на горенаведените веб страници, доколку Организаторот не успее да стапи во контакт со нив го губат тоа право, во таков случај Организаторот има право, истата да не ја додели или да ја додели на резервниот добитник.

Со конечната реализација на наградата престануваат сите обврски на Организаторот на Наградната игра спрема добитникот.

Со самото учество во наградната игра, Учесниците ги прифаќаат овие Правила за наградна игра.

Доделувањето на наградата може да биде јавен настан. Организаторот има право со нивна согласност да ги слика/снима добитниците на наградите со што нивните лични податоци име и презиме можат да станат јавни и да бидат користени во аудио, фотографија или видео материјал, без право на дополнителен надомест.

 

ПРАВО НА ПРИГОВОР

Член 9

Незадоволниот учесник во Наградната игра има право во рок од 5 (пет) дена од денот на објавување на списокот на добитници да поднесе приговор во писмена форма до ОРГАНИЗАТОРОТ на Наградната игра кој е должен во рок од 5 (пет) дена, од денот на приемот на приговорот писмено да одговори на добиениот приговор.

 

ОГРАНИЧУВАЊЕ ЗА УЧЕСТВО

Член 10

Ако Организаторот утврди злонамерни дејствија од страна на Учесник во Наградната игра, со цел манипулација на истата, Организаторот има право да го дисквалификува и отстрани тој учесник. Организаторот има право да дисквалификува без предупредување секој Учесник, за кој се посомнева или утврди манипулативни дејствија, со цел освојување на Наградите.

Не може да биде Учесник во Наградната игра, лице кое е партнер или акционер или е во работен однос или врз основа на друг договор работи за Организаторот или работи со реализацијата, обезбедувањето и администрирањето на Наградната игра, како и членови на нивните потесни семејства.

Организаторот има за право да исклучи од учество во Наградната игра и да не дозволи добивање Награда на Учесник, за кој има податоци дека извршил злоупотреба со технички, програмски или други средства и уреди со цел неовластен пристап до системи на Организаторот и/или учество во Наградната игра и добивање на Наградата, или други дејства, спротивни на правилата на Наградната игра или на влезените во употреба нормативни акти.

 

ПРЕНОС И ЗАМЕНА НА НАГРАДАТА

Член 11

Наградите не може да се пренесат на друго лице.

 

КОРИСТЕЊЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ

Член 12

Организаторот во целост ќе ги почитува одредбите од Законот за заштита на личните податоци и во пракса ќе цели кон одржување високо ниво на добра практика при обработка на личните податоци.

При механизмот на случајно компјутерско извлекување на добитници, ќе се користат само ID броевите од Договорот за кредит, а нема да бидат користени нивните останати податоци.

Со самото Аплицирање, односно со одобрување и исплата на кредитот, Кредитокорисниците учествуваат во наградната игра. Доколку некој не сака неговите податоци да се обработуваат за таа намена, можат да го откажат своето учество во Наградната игра со Изјава за откажување пратена на е-маил адресата  support@credissimo.mk,

За лицата кои ќе учествуваат во Наградната игра, односно Учесниците кои ќе ги добијат наградите Организаторот има право нивните лични податоци да ги користи во своите идни маркетинг активности.

 

ОТКАЖУВАЊЕ НА НАГРАДНАТА ИГРА

Член 13

Наградната игра може да биде прекината во случај на виша сила, согласно чл.8 од Законот за игри на среќа и забавни игри, вклучувајќи ја неможноста на Организаторот да ја изведе наградната игра поради причини независни од неговата волја. Во овој случај, Организаторот, по известувањето и добиената согласност од Министерството за финансии, треба да ги информира учесниците за прекинувањето на наградната игра, за причините за прекинувањето и за датумот на прекинување преку соопштение во медиумите.

 

ОТСТРАНУВАЊЕ НА СПОРОВИТЕ ЗА НАГРАДНАТА ИГРА КОИ ШТО БИ МОЖЕЛЕ ДА НАСТАНАТ

Член 14

Евентуално настанатите спорови меѓу Организаторот и учесниците во Наградната игра ќе ги решава надлежниот суд во Скопје.

 

ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ

Член 15

Со исполнување на Правилата за учество во Наградната игра корисниците ги прифаќаат одредбите од овие правила. Овие правила ќе се применуваат по добивање на согласност од Министерот за финансии на Република Северна Македонија и по нивното јавно објавување пред започнување на наградната игра, а ќе важат до завршување на Наградната игра, односно до завршувањето на рокот за подигнување на наградите.

Со конечната реализација на наградите престануваат сите обврски на Организаторот на Наградната игра спрема добитниците.

Назад

Mëso më shumë

Me shfrytëzimin e ueb-faqes për kredi të shpejta credissimo.mk, ju i pranoni kushtet për 'cookies' nga ana jonë. Me ato ne e përmirësojmë cilësinë e shërbimeve tona.