Credissimo со четири номинации во престижниот натпревар "Сајт на годината 2017"

Credissimo со четири номинации во престижниот натпревар

Среќни сме да споделиме со Вас дека Credissimo беше номинирана во четири категории во престижниот натпревар "Сајт на годината":

  • Најдобар сајт за 2017 година
  • Најдобар бизнис / корпоративен
  • Најдобар мобилен сајт
  • Финансиски услуги, банкарство и обезбедување

"Номинациите на класацијата доаѓаат на база на одличните резултати, новостите и иновациите, кои компанијата успеа да ги спроведе во изминатата година, а за нас учеството и номинацијата на конкурсот е уште еден доказ за добро завршена работа на екипата и коректна потрошувачка политика во корист на нашите клиенти ", коментира раководството на компанијата.

Поддржи нѐ со тоа што ќе гласаш за глас и ќе ни помогнеш да победиме!

Како нѐ поддржувате?

Можете да гласате на следниот линк до 10.12.2017.

http://sajtnagodinata.mk/pages/site_votes/app_for_vote.php

1. Се воведува имеил во полето E-mail: *, се чекира I'm not a robot и кликаш на “Испрати“.

2. На имеилот пристига порака со линк преку кој може да се гласа.

3. Се гласа преку доделување на 2,6 и 10 поени за сајтот во категоријата.

Credissimo е номиниран за:

  • Најдобар сајт за 2017 година
  • Најдобар бизнис/корпоративен
  • Најдобар мобилен сајт
  • Финансиски услуги, Банкарство и Осигурување

4. На крај кликаш на “Потврди“ и гласањето е завршено.

Што претставува конкурсот „Сајт на годината“?

Сајт на Годината е манифестација која по осми пат во Македонија ги избира најдобрите веб сајтови во повеќе категории. Манифестацијата е организирана од Media Solutions и системот за онлајн реклами Keep An Eye, а под покровителство на Град Скопје, ИАБ Македонија и Министерството за информатичка технологија.

Избор за Сајт на годината е проект кој има за цел да ги промовира, развива и поддржува интернет медиумите и севкупното интернет издаваштво во Македонија. Сајт на годината ги адресира сите прашања поврзани со електронскиот медиум и простор во Македонија. Мисијата на оваа манифестација е да го подигне нивото на електронскиот медиумски простор во Македонија преку препознавање и наградувањае на најдобрите остварувања од разни области на електронското издаваштво и развој на интернет културата во Македонија.

Гласањето од интернет посетителите ќе започне од 24.11.2017 и ќе трае заклучно со 10.12.2017.

Победниците ќе бидат објавени на 16.12.2017 на свечена манифестација, при што ќе се поделат симболични награди и плакети на победниците од секоја категорија.



Врати се назад

Прочитај повеќе