Корисни совети како максимално да се заштитиме од коронавирусот!

Корисни совети како максимално да се заштитиме од коронавирусот!

Ескалирачката ситуација со коронавирусот е главна грижа на глобално ниво, предизвикувајќи екстремни промени во секојдневниот живот. Иако моментално не постои вакцина против вирусот, индивидуално најмалку што можеме да направиме е да сме совесни и да дадеме се од себе да превенираме понатамошно ширење на вирусот.

Најдобриот начин да се превенира вирусот е да се намали можната изложеност на самиот вирус.

Заштити се себе

  • Миј ги рацете најмалку 20 секунди со сапун, особено после престој на јавен простор
  • Носи со себе дезинфекциско средство на база на алколол
  • Дезинфицирај ги електронските уреди кои ги користиш секој ден - телефон, таблет, лаптоп
  • Не го допирај лицето
  • Избегнувај близок контакт со луѓе, посебно доколку се болни. - Наместо да ги гушкаш луѓето, смисли некој алтернативен начин за поздравување. Така ќе бидеш совесен и кул во исто време!

Сведи го на минимум присуството на јавни места. Доколку немаш вистинска потреба, обиди се да ги завршуваш обврските од дома. Добрата вест е што речиси се е дигитализирано, па така, можеш да ги плаќаш сметките онлајн, да присуствуваш на онлајн состаноци, и секако да добиеш пари целосно онлајн. Нашите услуги се целосно онлајн и без директен контакт со клиентите, останува на тебе да го земеш најбезбедното решение! Можеш да стапиш во контакт со нас во било кое време преку телефон, на 02 511 1010, преку чатот на нашиот сајт или Вибер и Facebook Messenger.

Заштити ги другите

  • Доколку си болен, остани дома. Сепак се работи за вонредна ситуација и секоја обврска може оправдано да се одложи.
  • Покривај ги устата и носот кога кашлаш и киваш со марамче за една употреба или пак доколку не носиш во моментот, направи го тоа во внатрешноста на лактот.
  • И секако, доколку си патувал во држава каде има присуство на корона вирусот, биди совесен граѓанин, пријави се и остани во самоизолација.

Болеста не одбира, сите сме засегнати и мораме заедно да се бориме. Најважно е да бидеме издржливи, совесни и приземни и со заеднички сили ќе го препродиме овој тежок период!



Врати се назад

Прочитај повеќе