Ефективни начини до совршено тело

Аплицираj
Ефективни начини до совршено тело

Кои се најефективните вежби со кои се постигнува совршено тело? Иако сите сонуваме за некоја магична вежба што ќе го тонира нашето тело со брзина на светлината, вистината е дека ниту еден тип вежбање или еден вид вежба не е најдобар и најефективен за сите. Всушност, на секое тело му одговараат различни типови вежби и соодветен начин на исхрана во зависност од организмот и целта што сака да се постигне. Доколку се раководиш според избалансирана програма за вежбање и исхрана, најверојатно ќе видиш и побрзи резултати во огледалото. Летото заврши, но тоа не значи дека треба да се вежба само за летниот изглед. Вежбањето и здравиот начин на исхрана треба да се практикуват редовно за да се добијат најдобрите резултати и да се остане здрав и фит.

Со аеробни вежби до брзо губење на мастите

Голем дел од вежбите наменети за губење на тежината се аеробни. Аеробното вежбање е познато и како кардио или едноставно аеробик. Кардиоваскуларните вежби вклучуваат каква било ритмичка активност од која твоето срце побрзо чука и предизвикува побрзо дишење. Ваков тип вежби се трчањето, возењето велосипед и брзото одење. Иако и кревањето тежина може да го зголеми срцевиот ритам и предизвикува потешко дишење од вообичаено, се смета за вежба за добивање мускулна маса и сила, а не за кардиоваскуларна активности. Аеробикот е еден од најбалансираните рутини кога целта ти е слабеење бидејќи со аеробикот се согоруваат маснотии и калории.

Вежби за мускулната сила

Вежбите со тежина, односно вежбите за мускулна сила се вид вежби кои градат здраво мускулно ткиво. Силните мускули ти помагаат полесно да го движиш телото. Понекогаш, луѓето што се обидуваат да изгубат масти, го избегнуваат вежбањето со тежина бидејќи мислат дека ќе се здебелат или дека ќе станат премногу „големи“, но ова е само еден огромен мит бидејќи потребно е многу, навистина многу вежбање и внесување многу големо количесто калории за да изгледаш „големо и мускулесто“. Исто така, доколку си припадник на понежниот пол, недостигот на тестостерон нема да го дозволи тоа за краток период. Како и да е, на долг рок, создавањето мускулна маса во комбинација со кардио ти помага да изгубиш маснотии бидејќи ги гори тие што се наоѓаат околу самиот мускул.

Пилатес

Oвa e можеби најпопуларниот метод на вежбање кај женскиот род бидејќи вклучува разновидни вежби и е многу ефективен. Пилатесот вклучува контролирани движења со акцент на користење на јадрото и балансот и помага во подобрување на координацијата, рамнотежата и целокупната стабилност. Како и да е, важно е да најдеш квалификуван тренер и група за вежбање која одговара на твоето ниво на кондиција и способност.

Сакаш твоето тело да изгледа фит и тонирано, но немаш време за редовно вежбање? Има и полесно решение. Дозволи си ги третманите за слабеење и антицелулитните масажи што ги посакуваш со Credissimo до плата до 20.000 денари со 0% камата и без дополнителни административни трошоци и Credissimo плус до 80.000 денари и добиј го неодоливиот изглед за кој долго време сонуваш!

 

Повеќе

Посети ги најпривлечните европски дестинации и почувстуваај ја есенската идила во вистинско светло.
Ова се 5-те најефективни утрински рутини што ги практикуваат успешните луѓе.
Врати ѝ го здравиот изглед на твојата коска со овие едноставни, домашни маски!