Врати се назад Статии

Најубавите дестинации за кампување со шатор

Најубавите дестинации за кампување со шатор

Во претходната статија зборувавме за тоа колку добра идеја е кампувањето во лето наместо класичен одмор на море, а овојпат ќе ти дадеме неколку идеи каде да го поставиш твојот шатор. Изборот за локација на кампувањето може да биде навистина сложен, бидејќи треба да се обрне внимание на сите надворешни услови кои можат да влијаат на оваа твоја авантура. Сепак, направивме листа која можеби ќе ти го олесни изборот.

Инсбрук, Австрија

Замисли да спиеш под ѕвездите веднаш до мирно планинско езеро, обиколено со прекрасни високи планини – вистинско совршенство! Инсбрук е мирно засолниште позиционирано на одлична алпинистична локација, идеална за поставување на твојот шатор и уживање во недопрената природа во лето.

Камп Лиза, Словенија

Словенија е една од најпосакуваните европски дестинации, позната по реката Соча и нејзиниот магичен изглед. Можеш да го поставиш шаторот на едно многу слатко место за кампување каде што реката Коритиница се среќава со светло тиркизната река Соча во долината Бовец, која е опкружена со Јулијските Алпи. Водопадите, клисурите и езерата кои го одземаат здивот, како и многубројните тврдини се само дел од причините кои докажуваат дека ова место е вистинскиот рај на земјата!

Коста Брава, Шпанија

Коста Брава, едно од најубавите места во Европа, има богата природа со заносни плажи познати по многубројните галеби и прекрасни заливи. Можеш да го поставиш твојот шатор само неколку метри од морето, под сенката на бујната шума од борови и дабови дрва – кои ќе ти овозможат вистински одмор за душата.

Хвар, Хрватска

Хрватска станува се повеќе популарна како дестинација за одмор во лето изминативе неколку години, а за тоа има многу добри причини! Прекрасни песочни плажи, преубава природа, богата историја, тврдини и замоци и секако, храната. Кампувањето на островот Хвар е вистинско доживување, бидејќи островот е познат по големите полиња со лаванда и маслинови дрва кои ќе ти дадат чувство дека си на некое магично место.

Дали ова лето да избереш поблиска или подалечна дестинација? Тоа не е ни важно, бидејќи со Credissimo финансискиот дел повеќе не претставува проблем! Избери Credissimo до плата до 20.000 денари со 0% камата и без дополнителни административни трошоци или Credissimo плус до 80.000 денари кои ќе ти помогнат да ја оствариш оваа неверојатна авантура.

Поврзани статии

Врати се назад
Избери костим за капење според линијата на твоето тело.
Статии

Избери костим за капење според линијата на твоето тело.

Сакаш да изгледаш совршено на плажа? Тогаш избери го соодтветниот костим за капење кој најмногу прилега на формата на твоето тело.

Прочитај
Вљубеник си во велосипедизмот? Погледни ги овие дестинации.
Статии

Вљубеник си во велосипедизмот? Погледни ги овие дестинации.

Ослободи се од секојдневниот стрес и релаксирај се со твојот велосипед на една од следниве блиски дестинации.

Прочитај
Есенски активности со твоето дете
Статии

Есенски активности со твоето дете

Искористи ги последните сончеви денови од есента и вклучи ги твоите деца во многу забавни активности!

Прочитај
Резервација за одмор во последен момент? Возможно е!
Статии

Резервација за одмор во последен момент? Возможно е!

Поскапо или поевтино е да се направи резервација во последниот момент? Види како најдобро да го испланираш твојот летен одмор

Прочитај
Летото е време за авантури и нови искуства!
Статии

Летото е време за авантури и нови искуства!

Исполнете си го времето со забавни активности додека сте на одмор, а ако не сте сигурни како, може да се инспирирате од нашата нова статија.

Прочитај