Необични идеи како да му го направиш позабавен роденденот на твоето дете

Необични идеи како да му го направиш позабавен роденденот на твоето дете

Се ближи роденденот на твоето дете и немаш никаква идеја како да ја организираш забавата. Уживај, не си единствен! Децата се најискрени кога станува збор за кажување на своето мислење, па доколку не ја организираш роденденската забава по нивен вкус, знаеш дека ќе добиеш „кисела“ реакција. Сепак, гледај на посветлата страна. Има толку многу детски теми на кои може да биде организиран роденденот и кои лесно ќе ги импресионираат дечињата присутни на забавата.

Одиме на авантура

Тематската забава со џунгла и кампинг е секогаш хит кај децата, па ова ти е опција за роденденска забава со која дефинитвно не можеш да погрешиш! Направи покани на кои ќе напишеш дрес-код, односно децата ќе доаѓаат облечени како животни или, пак, ако си во можност, обезбеди вакви костими. Забавата можеш да ја организираш надвор, каде што ќе биде запален камперски оган и ќе се прави скара на огнот под отворено небо. Децата ќе уживаат, а тебе ќе ти биде задоволство да ја гледаш насмевката на нивните лица.

Уметничка забава

На детската фантазија ѝ нема крај. Разбуди го креативецот во децата така што ќе организираш уметничка забава за роденден на која тие ќе имаат можност за експресија на своите идеи. Направи мини предизвик каде што секое дете ќе треба да направи портрет на друго дете кое ќе му се падне по случаен избор. Исто така, можеш да донесеш бои за храна со кои децата ќе може да обојат мафини како што тие замислуваат. Ова е одличен начин да ги вклучиш децата во креативна активност, која е истовремено и многу забавна.

Филмска вечер!

Ова е роденденска забава што сите ќе ја обожаваат! Можеш да ја организираш и на затворено и надвор, а сѐ што ти треба се неколку ќебенца, перничиња, добар класичен детски филм и мнооогу пуканки! Можеш исто така да испечатиш билети што ќе направат децата да се чувствуваат како да се во вистинско кино. Тие ќе се забавуваат, а ти ќе уживаш додека мирно и сконцентрирно гледаат во филмот.

Децата се најголемата радост и нивната насмевка е тоа што нè прави најсреќни! Подари му го најуникатниот роденден на твоето најмило и тоа засекогаш ќе го помни! Доколку немаш буџет за тоа, тука е Credissimo до плата до 20.000 денари со 0% камата и без дополнителни административни трошоци. А, во случај да сакаш да организираш голема роденденска забава со многу гости, тука е Credissimo плус до 80.000 денари, кои ќе го направат твоето дете најсреќно на свет!



Врати се назад

Прочитај повеќе