5-те работи кои можеме да си ги купиме втора употреба

5-те работи кои можеме да си ги купиме втора употреба

Ако се чувствувате фрустриранo кога ќе ја слушнете фразата "second hand", претставувајќи си корпи со ѓубре и мизерни луѓе, кои пребаруваат во нив, погледнете ги овие факти:

  • Редица ѕвезди, кои се доста далеку од сиромашни, купуваат облека втора употреба. На Џулија Робертс едноставно не и е гајле дали етикетата е дизајнерска. Кајли Миног тврди дека купува стари алишта уште пред тоа да стане модерно. Сара Џесика Паркер пазарува на тој начин за себе и својот син како протест против условите во текстилните и чевларскте фабрики. А пред неколку години Дру Баримур не се двоумела да се појави на црвениот тепих во фустан за 25 долари.
  • Официјалниот тренд е повеќето од новите онлајн продавници да се токму за втора употреба. И не само: Ова се покажа како доста профитабилен бизнис. Без разлика дали станува збор за облека, антикварни предмети, книги или висококвалитетна техника дури и користена која на друг начин човек потешко може да си ја дозволи.
  • Пред два месеци во Шведска се отвори мол, во чии продавници се продаваат производи и облека само втора употреба. Се продава единствено - облека, стар мебел, апарати за домаќинство и компјутери, спортска опрема и опрема за градина. Освен тоа трговскиот центар располага со зона во која посетителите можат да остават свои работи, наместо да ги исфрлат.

Како креаторите на шведскиот мол, така и повеќето сопственици на "second hand" бизнис, сепак не работат за профитот. За нив тоа е начин да го дадат својот придонес кон заштитата на животната средина и борбата против климатските промени.

Со други зборови, во голема мера се зборува за антиконсуматорски тренд. Но, дури и да го оставиме овој факт настрана, купувањето на употребувани предмети има голем број на предности. Во некои случаи и недостатоци, се разбира. Еве ги првите пет нешта кои најчесто може да си купиме втора употреба.

1. Техника за дома

Кога човек е со ограничен буџет, купувањето на техника за дома втора употреба е најдобар начин да се здобие со висок квалитет. А знаете дека при купување на техника за домаќинство е добро да се инвестира во висока енергетска класа која заштедува и нема да ги зголеми сметките за електрична енергија. Така, позитивното овде е ниската цена во споредба со високиот квалитет. Недостатокот е дека апаратот може да е надвор од гаранција и при евентуална штета, треба да се плати со сопствени средства. Тоа е моментот на кој треба да се обрне внимание при купување. Ако е од приватно лице, е помалку веројатно да има гаранција на уредот. Но, многу од продавниците за техника втора употреба обезбедуваат и гаранција, макар и не толку долга како кај новите уреди.

2. Автомобил

Секако, и тука нема исто мислење. Во повеќето случаи купувањето на автомобил втора рака зависи главно од финансиски причини. Постојат и други предности, како оној дека често потрошните работи и деловите се поевтини и се наоѓаат полесно. Така што придружните трошоци кај еден постара автомобил често се пониски отколку ако се земе на лизинг. Недостатокот е дека при купување, реалната состојба потешко може да се утврди и дека е можно да се очекуваат поправки уште во првите месеци и години по купувањето, отколку кај нов автомобил.

3. Спортска опрема

Практикувањето на некои од најскапите спортови дефинитивно оправдува купување на опрема втора употреба. Може да најдете велосипеди во одлична состојба, скии, ски чевли и јакни, аикидо, даски за сурфање и сл. на многу добри цени отколку во продавница.

Ако имате намера да купувате таква опрема, но сте почетник во избраниот спорт, подобро да го направите тоа со пријател кои има искуство и поголеми познавања од вас.

4. Книги

Ако сте активен читател, веројатно сте свесни за сите предности на купување на стари и антикварни книги од нивните продавачи. Има случаи во кои човек може да се здобие со десетина стари книги на цената на една нова. Ова е начинот да најдете исцрпени изданија. Тоа е и една од најпријатните начини човек да стане истражувач за момент: Откривање на добра книга во кутиите или во некоја мала книжарница е речиси како пронаоѓање на загубено богатство. А понекогаш може да зборуваме и за навистина скапоцени наоди со античка вредност.

5. Облека

На крај доаѓаме и до масовното сфаќање за шопинг втора употреба. Како и кај книгите сепак така и тука човек може да наиде на вистински богатства на невообичаено ниски цени. Повеќето облека се увезува и често е "брендирана" и макар и од постари колекции или употребувана, но истите би чинеле премногу скапо во проавниците. Тоа е и најлесниот и најевтин начин да си создадете свој стил во облекувањето, наместо да купувате од масовните аутлети, од каде се облекуваат повеќето луѓе. Кога станува збор за деца пак финансискиот фактор добива уште посериозен израз, бидејќи тие тешко можат да носат иста облека две години по ред. Затоа што бргу растат.

Со овие пет категории не се исцрпени можностите за купување од продавниците за втора употреба. Речиси нема нешто што не може да се открие во нив, иако се разбира не секогаш си залужува да се купи од таму и треба да се внимава. Особено со изборот на компјутери, телефони и периферна опрема. За сметка на тоа, друг пример за привлечни понуди често се наоѓаат во салоните за мебел и уредувањето на домот, на пример. Но, во случај на потреба од парични средства за шопинг, можеш да ги искористиш предностите на кредитите на Credissimo. Без разлика дали ќе ја обновувате гардеробата, ќе започнувате нов спорт или ви треба помош сервис на „новиот“ автомобил. Успешно пазарување!



Врати се назад

Прочитај повеќе