Врати се назад Статии

ORANGE DAYS за совршен BLACK FRIDAY шопинг

ORANGE DAYS за совршен BLACK FRIDAY шопинг

„Black Friday“ шопинг треската веќе започна. Иако годинава најпознатиот ден за попусти на светско ниво е на 27 ноември, голем дел од продавниците уште од почетокот на месецот нудат атрактивни попусти на облека, мебел, спортска опрема, електронски уреди, апарати за домаќинство и многу други производи.


Дали веќе подолго време планираш да купиш нов телевизор, лаптоп или мобилен телефон? Сакаш да го обновиш мебелот во домот или да се подновиш со „тренди“ облека и обувки пред новогодишните празници? „Black Friday“ е одлична можност да го купиш тоа што го посакуваш по значително пониска цена. Но, некогаш средствата што ги имаш на располагање не се доволни за да се искористат сите посакувани попусти.


Затоа и годинава пристигнуваат „Orange Days“, една од омилените промотивни акции на корисниците со 100% попуст на камата за позајмици до 200.000 денари. Што значи ова? Нула денари камата, нула денари дополнителни трошоци односно „колку земаш – толку враќаш“. На пример, ако позајмиш 30.000 денари, во наредните три месеци треба да вратиш три рати по 10.000 денари. Ниту денар повеќе од сумата што си ја позајмил за да ги уловиш „Black Friday“ попустите.


ДВОЈНА ЗАШТЕДА: „BLACK FRIDAY“ ВО ПРОДАВНИЦИТЕ И „ORANGE DAYS“ ВО CREDISSIMO


Една од најголемите предности на промоцијата е можноста за навремено планирање на купувањата. Наместо да пропуштиш добра понуда заради тоа што немаш доволно средства во моментот, промотивната понуда за потрошувачки кредит ти овозможува максимално да ги искористиш „Black Friday“ попустите.


Важно е претходно да направиш добар план што сакаш да купиш, колку чини сето тоа и колку средства ти недостигаат. На тој начин може да ја избереш сумата што ти одговара и да ги прилагодиш условите за отплата согласно твоите можности.


Дополнителна предност е што посакуваната сума може да ја имаш на твојата сметка само за неколку минути. Нема потреба од долги процедури и непотребно губење време. Доволно е само да го избереш посакуваниот износ, да ја пополниш апликацијата и за кратко средствата ќе ти бидат достапни за користење.


Направи ја твојата шопинг листа, спореди ги цените и подготви се за најдобрите понуди. Затоа што со „Orange Days“, „Black Friday“ може да биде уште поповолен.


Кој може да ја искористи понудата?

Промотивната понуда „Orange Days“ е достапна за сите нови клиенти кои првпат ги користат нашите услуги.


Кои се условите на промоцијата?

Кредитот е бескаматен под услов да се врати во грејс периодот од три месеци.


До кога важи промоцијата?

Промоцијата важи од 02.11.2026 до 30.11.2026 година.


Како да ја искористиш промоцијата?

Аплицирај на credissimo.mk, на 15 020 или преку Credissimo app.


Credissimo совет

Направи прецизна пресметка колку средства ти се потребни и земи онолку колку што ти треба. Позајмувај одговорно!


Поврзани статии

Врати се назад
Есенски активности кои мора да ги пробаш!
Статии

Есенски активности кои мора да ги пробаш!

Не е само летото за активности, прочитај, забавувај се и уживај во есента. Замини на планинарење, кампување и истражи ги местата околу тебе

Прочитај
Научно е докажано - Јануари е најдолг месец во годината
Статии

Научно е докажано - Јануари е најдолг месец во годината

Веројатно првата причина која би го поврзал јануари со „вечност“ е тоа дека има 31 ден, но има и други месеци кои имаат 31 ден.

Прочитај
 5 совети за онлајн шопинг на Black Friday
Статии

5 совети за онлајн шопинг на Black Friday

Прочитај ги петте совети за онлајн шопинг на BLACK FRIDAY и купи си безбедно и безгрижно се што ти треба!

Прочитај
Подготви се за „Црн Петок“!
Статии

Подготви се за „Црн Петок“!

Црниот петок расте – ритуалното купување по Денот на благодарноста сè уште е во тренд. Искористи ги ниските цени сега и купи си сѐ што сакаш

Прочитај
Време е за пролетен шопинг
Статии

Време е за пролетен шопинг

Вратете ја зимската облека во плакарот и приспособете се на убавото време коешто допрва ни доаѓа. Ако нешто ви фали, купете си го

Прочитај