Подготви се за „Црн Петок“!

Подготви се за „Црн Петок“!

Црн петок е термин кој датира од 1960 година, секогаш е по Денот на благодарноста во САД. Иако не е признат како официјален американски празник, многу вработени имаат слободен ден во тоа име.

Искористи ги ниските цени

Како се случило сето тоа? Трговците разбрале дека ако во еден ден ги намалат цените на производите, ќе придобијат поголем број купувачи отколку на вообичаените попусти кои ги имаат во текот на годината.

Всушност, ова е денот кога почнува божиќниот шопинг и трае до 24 декември, ден пред Божиќ.

Со текот на годините оваа практика сe раширила во целиот свет, а актуелна е и кај нас.

Во последниве неколку години и во нашата земја сите се опседнати со Black Friday (црн петок) и со попустите за шопинг што трговските центри и продавниците ги нудат на овој ден.

Зошто се вика  „црн петок“?

Дали некогаш си се прашал што е всушност Black Friday, зошто се вика така и од каде потекнува овој посебен ден?

Секоја година, еден ден по Thanksgiving (Денот на благодарност), празник што Американците го слават, е познатиот Black Friday, кој го сигнализира почетокот на празничната шопинг-сезона.

Овој ден стана маркетиншка сензација, која со текот на годините се прошири речиси насекаде во светот и важи за најголем ден за пазарување во годината.

Шопинг-центрите и продавниците особено се подготвуваат за овој ден и нудат специјални попусти и промоции за купувачите кои пазарат целиот ден, а попустите многу често траат цел викенд.

Некои понуди се ограничени, па затоа луѓето буквално „се тепаат“ да го добијат во свои раце тоа што го замислиле.

Се верува дека името е добиено во Филаделфија во 60-тите години, а возачите на автобуси го користеле за да го опишат густиот сообраќат кој ги „задушува“ градските улици ден по Денот на благодарноста, кога луѓето го почнуваат празничниот шопинг.

Но, на бизнис-индустријата не ѝ се допаѓала оваа негативна асоцијација на денот, особено на трговците, со оглед на тоа што тој важи за ден за шопинг, па во 80-тите му дале попозитивна смисла која почнала да се шири. Според позитивните теории, црниот петок е ден кога продавниците остваруваат голем профит. Од сметководствен аспект, губењето пари и негативните суми се обележувале со црвено мастило.

Позитивните суми, пак, односно профитот, се обележувал со црно мастило, па затоа денот кога продавниците остваруваат најголем профит во годината е наречен црн.

Чувај се од манипулација

Најзастапена малверзација е кога на излогот се најавува попуст и до 70%, а во продавницата само еден или два производа се со вакво намалување.

Друг пример е кога на попуст е само мало количество од стоката, а кога станува збор за гардероба, често се само едно до две бројчиња кои и најмалку се трошат. Притоа трговците и натаму на излозите рекламираат голем попуст, иако од таа стока нема ниту еден примерок.

Трет начин на кој трговците ги залажуваат купувачите се т.н. постојани акции. Тоа се ситуации кога на излозите на продавниците во текот на целата година стои натписот „постојано намалување од 50 проценти“. Тука е во прашање очигледна измама. Во овој случај не може да се постави прашањето од која цена се намалува 50 проценти ако намалувањето е постојано.

На овој ден половина град е на пазарување и треба да бидеш свесен дека шансите да го купиш тоа по што си тргнал се мали затоа што луѓето ги „напаѓаат“ трговските центри уште рано наутро.
Но, реално, не ти треба воопшто да чекаш еден ден во годината за да го купиш тоа што го сакаш. Аплицирај за „Credissimo до плата“ до 20.000 денари со 0% камата и без дополнителни административни трошоци, ако го вратиш во грејс-периодот, а исто така може да го продолжиш периодот на враќање неограничен број пати. А, ако имаш потреба од повеќе пари, ни тогаш нема проблем! Аплицирај за „Credissimo плус" до 80.000 денари и секој ден нека ти биде „црн петок“.



Врати се назад

Прочитај повеќе