Врати се назад Статии

Промени во домот за почетокот на годината

Промени во домот за почетокот на годината

Почетокот на Новата Година има психолошко влијание врз луѓето така што ги мотивира да размислуваат за промени во своите одлуки, секојдневни навики и животен стил. Покрај тоа што размислувањата во најголем дел се насочени кон амбициите за усовршување на професионално ниво, не смееме да заборавиме да го негуваме и приватниот, интимниот дел од нашиот живот. Станува збор за уредување на нашиот дом, местото каде го поминуваме поголемиот дел од денот.

Ти препорачуваме неколку едноставни промени кои можат да го направат твојот дом топло катче во кое ќе можеш целосно да се релаксираш и ослободиш од секојдневните стресови.

Среден простор значи средени мисли

Замисли после долгоочекуваниот крај на работното време да се вратиш дома во тотален неред. Уште една обврска за чистење и средување е последното нешто што ти недостасува во денот. Затоа, посвети барем еден слободен ден да направиш генерална чистка во домот, исфрли ги сите работи кои објективно не би ти биле потребни во иднина и пробај да го преуредиш просторот најминимално што можеш. Иако навидум исфрлањето може да се чини тешко затоа што чувствуваш доза на сентименталност кон сите предмети во домот, верувај дека навистина тоа ќе се исплати. Така, ќе се зголеми просторот во собите и ќе ти биде многу полесно да вложиш минимален напор за секојдневно одржување на хигиената во домот. Чистата и средена околина ќе влијание позитивно на твоето расположение и ќе овозможи поголем проток на енергија низ домот.

Зеленило, зеленило и уште многу зеленило!

Декорирањето со растенија може на многу начини позитивно да влијае во твојот дом. Нивното присуство ќе го намали нивото на стрес и ќе го зголеми нивото на кислород во собата така што ќе го направи воздухот повлажен и полесен за дишење. Престојувањето во ваква околина ќе те направи посмирен и ќе ја поттикне твојата креативност и желба за остварување нови идеи.

Обои го твоето расположение!

Одбирањето на бојата е можеби најтешката одлука кога го уредуваме домот. Често одбираме силни и ведри бои бидејќи веруваме дека ќе го развеселат домот. Но, ова е само мит. Истражувањата покажале дека силните тонови на боите го зголемуваат хормонот на стрес и будност во организмот, за разлика од боите кои содржат сиви подтонови и придонесуваат за опуштање и смирување на твоите мисли.

Се чувствуваш расположен за подрастични промени во домот? Сакаш нов мебел и посовремена бела техничка која ќе ти го олесни секојдневието? Супер, ние те поддржуваме во оваа одлука! Аплицирај за „Credissimo до плата“ до 20.000 денари со 0% камата и без дополнителни административни трошоци, ако го вратиш во грејс-периодот или пак аплицирај за „Credissimo плус" до 80.000 денари и троши кога сакаш, колку сакаш и на што сакаш!

Поврзани статии

Врати се назад
Подготви си го семејството за зимата
Статии

Подготви си го семејството за зимата

Што мислите, оваа зима ќе е постудена од минатата? Или можеби зимата ќе трае подолго оваа година? Дали ќе биде снежна?

Прочитај
Обезбеди чист воздух дома! Еве како…
Статии

Обезбеди чист воздух дома! Еве како…

Загадувањето на воздухот станува сè поактуелна тема.... Што можeш да направиш за да се заштитиш од загадувањето.

Прочитај
Време е за пролетна генералка!
Статии

Време е за пролетна генералка!

Совети и трикови за полесно чистење и преуредување на домот во пролет. Прочитај ги и изчисти го твојот дом темелно сега.

Прочитај
Како да направите сами градина од соништата?
Статии

Како да направите сами градина од соништата?

Ако имаш желба да имаш сопствена градина, а искуството со растенијата до моментов најчесто завршувал во канта, не се откажувај.

Прочитај
Реновирајте го домот со добро испланиран буџет
Статии

Реновирајте го домот со добро испланиран буџет

Разгледајте го вашиот буџет и отфрлете ги непотребните секојдневни трошоци со цел да вложите во вашето уредување.

Прочитај