Реновиравме библиотека во Кочани

Реновиравме библиотека во Кочани

Целосно ја реновиравме библиотеката во ОУ “Раде Кратовче” - Кочани

Со оваа донација како општествено одговорна команија придонесовме за унапредување на условите во училиштето, а со тоа им овозможивме на учениците едно ново средено и модерно катче за едукација, читање, како и простор за учење и завршување на училишните обврски. Библиотеката е обновена со нов мебел, полици, варосана и освежена со нова боја.

Библотеката пред ремонтирање

Среќни сме што наставничката Ана Симонова од ОУ „Раде Кратовче”, не контактираше и испрати барање до нас за да се вклучиме во овој проект за уредување и подобрување на условите во училиштето. Нашата компанија дава посебно значење на образованието и ние постојано ја потенцираме неговата важност за развојот на секој поединец. Секогаш сме присутни и отворени за соработка и помош во сите институции каде што има потреба.

Библотеката после ремонтирање

Настаставничката Симонова со нас сподели дека учениците се пресреќни и дека новата библиотека е нивното ново омилено место во училиштето. После нејзиното целосното реновирање и преуредување, тие поминуваат многу повеќе време во библиотаката. Читаат, се забавуваат и си споделуваат интересни факти од прочитаното. Овој факт и нас како компанија не радува и не прави среќни.

Ова е само еден од многуте наши општествено одговорни проекти, а ќе има уште многу кои допрва ќе бидат реализирани.

Поврзани статии

Четврта година организираме кампања за првачиња „Секогаш биди број 1“

Четврта година организираме кампања за првачиња „Секогаш биди број 1“

Credissimo ја продолжува својата традиција на поддршка на првачињата со кампањата „Секогаш биди број 1", подарувајќи подароци со училишен прибор

Петка за „Сeкогаш биди број 1“ - кампања за поддржка на првачињата

Петка за „Сeкогаш биди број 1“ - кампања за поддржка на првачињата

Ја спроведуваме веќе петта година по ред. Ќе продолжиме и во иднина да ги поддржуваме првачињата со подароци за првиот училишен ден.

 Credissimo станува симбол за поддршка и мотивација на првачињата

Credissimo станува симбол за поддршка и мотивација на првачињата

За трета година по ред, продолжужаме со визионерската иницијатива и ги поддржужаме најмладите ученици на нивниот прв училишен ден

Втора година дониравме за Светскиот ден на Лицата со Даунов синдром

Втора година дониравме за Светскиот ден на Лицата со Даунов синдром

И оваа година дониравме 60.000 ден. за лицата со Даунов синдром. Донацијата оваа година е во Здружение Вера од Струмица.

Донација од 60.000 денари за Денот на Дауновиот синдром

Донација од 60.000 денари за Денот на Дауновиот синдром

За еден ден собравме и дониравме 60. 000 денари на Здружението на граѓани за помош и поддршка на лицата со Даунов синдром ТРИСОМИЈА 21 Скопје.