Дониравме 100.000 ден. за поплавите во Делчево

Дониравме 100.000 ден. за поплавите во Делчево

Дадовме свој придонес во санирањето на штетите во Делчево. Главниот фокус е ставен на обновување на инфраструктурата и санирање на настанатите штети.

И со оваа акција ја потврдивме нашата посветеност кон граѓаните во целата држава. Од пожарите кои го опустошија тој дел од државата во 2021 година до донации од здравствен и образовен карактер, секогаш се вклучуваме и поддржуваме иницијативи кои се насочени за доброто на сите.

Секоја наша донација има за цел да го истакне значењето на социјалната одговорност и да создаде позитивна промена во заедницата, а најмногу да ги поттикне сите кои се во можност да го направат тоа. Ние сме среќни што можеме да бидеме дел од помошта кон луѓето кои имаат потреба и да ги поддржиме во процесот на опоравување од штетите.

Од Општина Делчево ни изразија голема благодарност за покажаниот самоиницијативен интерес да се вклучиме со донација за да им помогнеме во овој тежок период, кога заради временските неповолности беа нанесени големи материјални штети.

Како општествено одговорна компанија сме благодарни и на сите волонтери, институции и други приватни компании кои што се дел од помагањето по ваквите природни непогоди.

Поврзани статии

Добротворна акција за подигнувањето на свеста за децата со аутизам

Добротворна акција за подигнувањето на свеста за децата со аутизам

Credissimo како општествено одговорна компанија не заборави на лицата со посебни потреби. Направивме нова добротворна акција.

Петка за „Сeкогаш биди број 1“ - кампања за поддржка на првачињата

Петка за „Сeкогаш биди број 1“ - кампања за поддржка на првачињата

Ја спроведуваме веќе петта година по ред. Ќе продолжиме и во иднина да ги поддржуваме првачињата со подароци за првиот училишен ден.

Убавината  не познава граници

Убавината не познава граници

Credissimo веќе втора година по ред е спонзор на настанот организиран од Здружението за поддршка и помош на лица со даунов синдром „Вера"

Credissimo со донација за матурантите од ДСУРЦ „Св. Наум Охридски“

Credissimo со донација за матурантите од ДСУРЦ „Св. Наум Охридски“

Завршувањето на средното образование е првиот чекор во светот на возрасните и еден од најважните моменти во животот на секој млад човек.

Четврта година организираме кампања за првачиња „Секогаш биди број 1“

Четврта година организираме кампања за првачиња „Секогаш биди број 1“

Credissimo ја продолжува својата традиција на поддршка на првачињата со кампањата „Секогаш биди број 1", подарувајќи подароци со училишен прибор