Завршувањето на средното образование е првиот чекор во светот на возрасните и еден од најважните моменти во животот на секој млад човек. Со цел оваа незаборавна вечер да биде совршена за сите, а во пресрет на одбележувањето на Меѓународниот ден на лицата со Даунов синдром, направивме донација со која целосно ја поддржавме и овозможивме матурската прослава за учениците од ДСУРЦ „Св. Наум Охридски“.
Прославата се одржа на 26 мај во пријатниот амбиент на ресторанот „Лира“, каде што матурантите со многу насмевки, песни и радост го одбележаа крајот на нивното средношколско образование.
„За сите ученици, па така и за нашите, матурата е круна на вложениот труд и симбол за нов почеток. Благодарение на Credissimo, нашите матуранти имаа можност да го прослават својот успех под еднакви услови и со достоинство какво заслужуваат. Ваквата поддршка на општествено одговорни компании како Кредисимо е од клучно значење во унапредувањето на процесот на инклузија и градење посветла иднина за децата со посебни потреби.“ – рече директорот на ДСУРЦ „Св. Наум Охридски“.
За нас, оваа донација е само мал дел од долгорочната мисија за поддршка на заедницата. Грижата за децата со посебни потреби не треба да биде само на одредени датуми, како што е Меѓународниот ден на лицата со Даунов синдром и слични манифестации, туку да се мисли на нив во текот на целата година, препознавајќи ги нивните реални и секојдневни потреби.
Овозможувањето на достоинствена и среќна матурска вечер е потврда дека секое дете заслужува еднакви можности за радост и славење на своите успеси. Како општествено одговорна компанија продолжуваме да даваме поддршка таму каде што е најпотребна и тогаш кога е најважно.