Уште една хуманитарна акција на Credissimo

 Уште една хуманитарна акција на Credissimo

По повод месецот на розoвата панделка, дониравме 60.000 ден.

За да го поддржи и одбележи месецот посветен на борба против ракот на дојка, спроведовме хуманитарна акција ,,Да донираме заедно”, во која ги повикавме да се вклучат сите општествено одговорни граѓани, кои со само еден коментар на пост на социјалните мрежи донираа по 50 денари. Сумата од сите коментари, во вкупен износ од 60.000 денари, ја дониравме на невладиното Здружение ,,Езра”, кое поттикнува иницијативи за развој во здравството и за подобрување на здравствените услуги. Собраните средства се за активностите на здружението ,,Езра” кое има за цел да ги подобри здравствените услуги и да ги застапува онколошките пациенти. Ваквите иницијативи се круцијален дел за зголемување на општествената свест кај граѓаните.

Како дел од оваа кампања, а со цел да ја подигнеме свеста за важноста од редовни прегледи и контроли, навремено барање лекарска помош, како и да се едуцираат жените за превенцијата и лекувањето, организиравме мамографски прегледи за сите жени вработени во компанијата.

На годишно ниво, во последните 5 години се дијагностицирани 7,8 милиони случаи на рак на дојка кај жените. Раното откривање на ракот на дојката е најдобра превенција и претставува клучен дел за успешно лекување.

Ова не е прва наша акција. Како општествено одговорна компанија постојано се заложуваме и вложуваме во кампањи за поддршка и развој на здравствениот систем во Македонија. Здравјето и здравствената свест треба да бидат еден од главните приоритети за сите поединци и компании, како би се изградило цврсто, стабилно и функционално општество.

Имајќи предвид дека борбата со ракот на дојка како и другите видови на рак, не завршува со крајот на октомври како светски месец за рак на дојка, средствата од донацијата ќе бидат наменети за повеќе клучни активности кои  ги организира нашето здружение во рамките на овогодишната програма на кампањата.

Подигнувањето на свеста за важноста за раното откривање на ракот на дојка е клучно, но исто така е многу важно обезбедување на директна поддршка за новооперираните пациентки од рак на дојка и лобирање за обезбедување на подобрени услуги и пристап до терапии за сите пациенти кои се борат со оваа болест. – изјави Емануела Додева претседателка на здружение ,,Езра”.

Поврзани статии

Убавината  не познава граници

Убавината не познава граници

Credissimo веќе втора година по ред е спонзор на настанот организиран од Здружението за поддршка и помош на лица со даунов синдром „Вера"

 Credissimo станува симбол за поддршка и мотивација на првачињата

Credissimo станува симбол за поддршка и мотивација на првачињата

За трета година по ред, продолжужаме со визионерската иницијатива и ги поддржужаме најмладите ученици на нивниот прв училишен ден

Доза среќа по повод светскиот ден на лицата со Даунов синдром

Доза среќа по повод светскиот ден на лицата со Даунов синдром

Поддршката и инклузијата на лицата со Даунов синдорм четврата година по ред се во фокусот на активностите за општествена одговорност на Credissimo.

Credissimo со донација за матурантите од ДСУРЦ „Св. Наум Охридски“

Credissimo со донација за матурантите од ДСУРЦ „Св. Наум Охридски“

Завршувањето на средното образование е првиот чекор во светот на возрасните и еден од најважните моменти во животот на секој млад човек.

Розов октомври: месец за подигање на свеста за ракот на дојката

Розов октомври: месец за подигање на свеста за ракот на дојката

Подобро е да се спречи со преглед навреме! Секоја жена треба да прави редовни прегледи на градите. Ракот може да биде излечен.