Донација од 60.000 денари за Денот на Дауновиот синдром

Донација од 60.000 денари за Денот на Дауновиот синдром

На забавен и уникатен начин ги мотивиравме нашите следбеници на социјалните мрежи да се вклучат во нашата хуманитарна акција!

По повод Светскиот ден на лицата со Даунов синдром, како општествено одговорна компанија, уште еднаш ја докажавме нашата посветеност и грижливост, донирајќи финансиски средства во вредност од 60.000 денари на Здружението на граѓани за помош и поддршка на лицата со Даунов синдром ТРИСОМИЈА 21 Скопје.

Акумулираниот износ беше собран во заедничка соработка со нашите следбеници на социјалните мрежи Facebook и Instagram. Одбележувајќи го Светскиот ден на лицата со Даунов синдром, на социјалните мрежи објавивме пост со кој ги повикавме своите фанови да се приклучат во хуманитарната акција, пишувајќи уникатен коментар со портокалово или сино срце. За секој коментар дониравме по 50 денари, а вкупната сума која беше собрана и ќе биде донирана на здружението ТРИСОМИЈА 21 Скопје, е 60.000 денари.

Уште еднаш покажавме како на забавен начин може да се направи хумано дело кое може да предизвика искрена насмевка. Одговорниот однос кон најмладата популација, особено онаа од ранливата категорија, значи преземање на чекор напред во грижата за прифаќањето на различностите и подобрата иднина за целото општество.

Поврзани статии

Петка за „Сeкогаш биди број 1“ - кампања за поддржка на првачињата

Петка за „Сeкогаш биди број 1“ - кампања за поддржка на првачињата

Ја спроведуваме веќе петта година по ред. Ќе продолжиме и во иднина да ги поддржуваме првачињата со подароци за првиот училишен ден.

Втора година дониравме за Светскиот ден на Лицата со Даунов синдром

Втора година дониравме за Светскиот ден на Лицата со Даунов синдром

И оваа година дониравме 60.000 ден. за лицата со Даунов синдром. Донацијата оваа година е во Здружение Вера од Струмица.

 Уште една хуманитарна акција на Credissimo

Уште една хуманитарна акција на Credissimo

По повод месецот на розoвата панделка, Credissimo донираше 60.000 ден. на невладиното Здружение ,,Езра”, за развој во здравството

Розов октомври: месец за подигање на свеста за ракот на дојката

Розов октомври: месец за подигање на свеста за ракот на дојката

Подобро е да се спречи со преглед навреме! Секоја жена треба да прави редовни прегледи на градите. Ракот може да биде излечен.

Реновиравме библиотека во Кочани

Реновиравме библиотека во Кочани

Целосно ја реновирановиравме библиотеката во ОУ “Раде Кратовче” во Кочани со што ги подобривме значително условите во училиштето