Врати се назад Општествени проекти

Доза среќа по повод светскиот ден на лицата со Даунов синдром

Доза среќа по повод светскиот ден на лицата со Даунов синдром

Поддршката и инклузијата на лицата со Даунов синдорм четврата година по ред се во фокусот на активностите за општествената одговорност на нашата компанија. Оваа година дониравме средства на Здружението за рехабилитација и инклузија на лица со Даунов синдром „Доза среќа“ од Скопје, во чии рамки функционира и дневен центар за деца. Станува збор за донација, што ќе се искористи за набавка на машина за ладно цедење масло од автохтони растенија, која ќе му овозможи на здружението да ја оствари својата мисија за социјално претприемништво и на тој начин да обезбеди дополнителна вклученост на лицата со Даунов синдром.

„Овој проект е логично продолжение на нашата работа бидејќи ќе нѝ овозможи да ги искористиме нашите знаења и искуства за да создадеме висококвалитетни производи од автохтони растенија, додека истовремено развиваме социјално претприемништво. Поддршката од Credissimo е особено важна бидејќи со набавката на машина за ладно цедење масло, ќе ги прошириме нашите активности, ќе обезбедиме вработување и обука за младите лица со Даунов синдром и ќе придонесеме за одржлив економски развој“, вели Сузана Стојановска од Здружението за рехабилитација и инклузија на лица со Даунов синдром „Доза среќа“ од Скопје.  

Здружението „Доза среќа“ во 2022 година ја доби наградата 13 Ноември на Град Скопје, за врвни достигнувања на светски натпревари за млади иноватори - лица со посебни потреби, токму за нивниот проект за употреба на автохтони лековити растенија. Затоа Credissimo одлучи со годинашната донација по повод 21 Март – Светскиот ден на лица со Даунов синдром да ја поддржи нивната мисија.  

„За нас е особено важно да поддржиме инклузивни и иновативни проекти кои ќе направат позитивна промена во општеството. Ја препознавме вредноста на иницијативата на здружението „Доза среќа“ и одлучивме да помогнеме во нејзината реализација, особено затоа што ќе овозможи лицата со Даунов синдром да стекнат нови вештини и да се подобри нивниот квалитет на живот. Поддршката на овие лица е длабоко вкоренета во нашата политика за општествена одговорност, и како и во овие четири години, и во иднина ќе продолжиме со вредни донации за оваа благородна цел“, изјави Георги Руков управувачки партнер во Credissimo.

Покрај финансиската донација за набавка на машина за ладно цедење масло, обезбедивме и бесплатни билети за Зоолошката градина во Скопје, за децата кои го посетуваат дневниот центар на здружението „Доза среќа“. Нашата компанија е препознаена по своите општествено одговорни практики и во повеќе други области како грижата за машкото и женското здравје, кампањата за поддршка на првачињата „Секогаш биди број 1“, како и донации за Зоолошката градина, за зазеленување и за реновирање библиотеки.  

Поврзани статии

Врати се назад
 Уште една хуманитарна акција на Credissimo
Општествени проекти

Уште една хуманитарна акција на Credissimo

По повод месецот на розoвата панделка, Credissimo донираше 60.000 ден. на невладиното Здружение ,,Езра”, за развој во здравството

Прочитај
Четврта година организираме кампања за првачиња „Секогаш биди број 1“
Општествени проекти

Четврта година организираме кампања за првачиња „Секогаш биди број 1“

Credissimo ја продолжува својата традиција на поддршка на првачињата со кампањата „Секогаш биди број 1", подарувајќи подароци со училишен прибор

Прочитај
Credissimo донира топол оброк на Клиниката за Инфективни болести
Општествени проекти

Credissimo донира топол оброк на Клиниката за Инфективни болести

Од 22 февруари започнуваме со иницијативата #ТополОброкНавреме на Клиниката за Инфективни болести во Скопје.

Прочитај
Убавината  не познава граници
Општествени проекти

Убавината не познава граници

Credissimo веќе втора година по ред е спонзор на настанот организиран од Здружението за поддршка и помош на лица со даунов синдром „Вера"

Прочитај
Петка за „Сeкогаш биди број 1“ - кампања за поддржка на првачињата
Општествени проекти

Петка за „Сeкогаш биди број 1“ - кампања за поддржка на првачињата

Ја спроведуваме веќе петта година по ред. Ќе продолжиме и во иднина да ги поддржуваме првачињата со подароци за првиот училишен ден.

Прочитај