7 Најчудни факти за светските првенства кои сигурно не си знаел

7  Најчудни факти за светските првенства кои сигурно не си знаел

Ни следуваат оние четири недели кои се случуваат еднаш во четири години, кога целиот свет застанува и сите погледи се насочени онаму каде што ќе се игра најголемиот планетарен настан – Светското првенство во фудбал.

За првпат Светското првенство ќе се игра во земја од арапскиот свет, односно во Катар, а поради високите температури во лето, кога вообичаено се игра, овој пат тоа ќе биде во ноември и декември кога ќе бидеме „залепени“ пред малите екрани.

Веројатно ги знаеш добро познатите факти за светските првенства, како, на пример, дека Бразил пет пати го има кревано златниот трофеј или дека Уругвај е првиот домаќин, но овој пат за тебе издвоивме седум најчудни факти за Светското првенство во фудбал.

1. Бизарното напуштање на турнирот од страна на Индија

Во 1950 година, Светското првенство се одржа во Бразил, по 12-годишна пауза поради Втората светска војна. Иако ова првенство е познато по најмалиот број на учесници (13), познато е и по тоа што репрезентацијата на Индија се повлекла, откако организаторот им забранил да играат боси.

2. Куче го најде украдениот трофеј Жил Риме

Во една лондонска прошетка, кучето Пиклс на Дејвид Корбет го најде трофејот кој беше украден 6 дена претходно во Лондон.  Токму на ова првенство, домаќинот Англија го освои својот прв и единствен до сега златен медал од светските првенства во фудбал.
Дали кучето му донесе среќа на „Гордиот Албион?“

3. Светското првенство во 2006 година, во Германија, го зголеми природниот прираст во земјата

Германија беше земјата домаќин на Светското првенство во 2006 година, а статистиката потврди дека 9 месеци по завршувањето на првенството, за 10 % е зголемен бројот на новороденчиња во споредба со претходната година. Веројатно пивото и возбудата си го направиле своето.

4. Европејците се „домаќини“ во финалињата

На светските првенства до сега вкупно се имаат одиграно 22 финалиња, а европските репрезентации настапиле дури во 20 финалиња до сега. Дали и во Доха оваа година можеме да очекуваме европска репрезентација?

5. Климатизирани стадиони

На Светското првенство во Катар оваа година, за првпат ќе се игра на климатизирани стадиони, кои нема да бидат целосно затворени.

Како? Така што организаторот на сите стадиони има вградено огромни цевки кои носат ладен воздух на стадионот, иако истиот не е целосно затворен, односно голем дел од нив се со отворена покривна конструкција. На овој начин, со помош на технологијата, температурата од 38 до 40 Целзиусови степени ќе биде снижена на 27, односно на 30 степени на теренот, сé со цел за подобри услови за фудбалерите кои ќе настапат на терените во Катар.

6. Репрезентација која играла само на еден натпревар од светските првенства

Некои немаат ниту еден настап, но Индонезија е репрезентацијата која има забележано, буквално, само еден настап. Во 1938 година, тие играле под името Холандска Источна Индија и одиграле само еден натпревар против Унгарија, кој го загубиле со 6:0. По овој натпревар, владата се има вмешано и ја има повлечено својата репрезентација од понатамошен „блам“.

7. САД и Канада се единствените земји за кои Светското првенство во фудбал е „soccer“

Веројатно и тебе те иритира овој назив на фудбалот во САД и Канада, но иако се членки на ФИФА и играат речиси редовно на сите светски првенства, за нив фудбалот е сосема „друг спорт“.



Врати се назад

Прочитај повеќе