7 видови градско хоби, кои можеш да ги вклучиш во секојдневниот живот

7 видови градско хоби, кои можеш да ги вклучиш во секојдневниот живот

Градско хоби? Што е тоа? Тоа се начини да си поминеш добро и корисно за духот и телото, без да бараш слободни денови и без да патуваш во длабоки и изолирани шуми каде нема интернет, шефови и роднини. Освен ако очигледно станува збор за активности кои се практикуваат во близина на твоето место на живеење, друга главна разлика е кога зборуваме за хоби, обично мислиме нешто што го правиме релативно редовно.

По повод Меѓународниот ден на танцот на 29 април решивме да ти понудиме некои нестандардни начини за пополнување на слободното време.

Има многу работи што можеш да ги направиш во градот. Едно од нив е да не правиш ништо. Иако секој го нарекува тоа "ништо" со сосема различни имиња, често зад нив се крие нешто друго:

  • "Го гледам моето омилено шоу - Филмски маратон" – во превод:" Сум се опуштил дома и кран не може да ме мрдне".
  • "Ќе се гледам со пријателите" – во превод: "Одам да се најадам и напијам".
  • "Малку танци вечерва" - да се чита како горната точка, но со завршувањето на вечерта во некој клуб со соодветна музика за танцување.

Нормално, немаме во предвид токму таков вид редовни активности. Во случајот нема да зборуваме и за клубовите за плетење или читање, а ќе се заложиме на идеи кои ќе те опуштат, и кои ќе можат да го заменат спортот (всушност спортови се повеќето), кои ќе те соберат со забавни и откачени луѓе и пријатели.

1. Танци

Се разбира дека почнуваме со танците, нели тие ни се поводот. Комбинацијата од музика и физичка активност е нешто како двоен енергетски шот за твојот тонус. За еден час танцување гориш меѓу 250 и над 500 калории. Дури кај бавните танци како валцерот, тоа сепак е повеќе од еден час пешачење. Вредностите се покачуваат со зголемувањето на темпото, не случајно сме навикнати зумбата да ја вбројуваме кон спортовите отколку кон танцот како хоби. Покрај овој прекрасен ефект танцувањето има и многу дополнителни бенефиции:

  • Ако се насочиш кон народните танци, гарантирано ќе го стабилизираш кардиоваскуларниот систем. Дополнително има и социјално активни танци - нема како да си на орото, без да имаш контакт со останатите учесници.
  • Спортните танци - тоа се ча ча, латиноамериканските танци и др. Тие ја продолжуваат издржливоста на телото, помагаат за флексибилноста и рамнотежата. Истото важи за салса, танго, шпанскиот танц.
  • Ориенталските танци - тие егзотични извивања ќе го направат вашето тело флексибилно, а ставот совршен. Такашто се корисни кај рбетни проблеми.
  • Хип - хоп, зумба, модерен танц - ги активираат мускулите на целото тело.

2. Велосипедизам и ролери

Велосипедизмот е една од најлесните активности за имплементирање во секојдневниот живот. Колку полесно е да одиш на работа со велосипед, наместо да стоиш во сообраќајниот метеж во автомобил или јавен превоз? Колку калории можеш да потрошиш? Околу 500 калории за еден час. Корисно е и за срцето. За разлика од вежбање на стационарен велосипед во фитнес центар или дома, помага и за душевен мир. Освен тоа е практичен, сепак ќе се придвижиш некаде. Може да се користи и за прошетка преку викендот, може да возиш со семејството или пријателите. Заштедуваш пари за бензин или билети и згора на се помагаш за подобра градска атмосфера.

Ако имаш некакви предрасудоци за возење на велосипед - на пример, не успеа да се научиш или едноставно чувствуваш страв да го користиш на улиците, ролерите се алтернатива. Луѓето ретко ги избираат за секојдневно движење, иако има и такви. Но зошто пак не за еден час, после работа во паркот? Особено ако е заедно со децата. Возењето на ролери е меѓу пријателските спортови и не ги оптоварува премногу зглобовите.

со велосипед во градот

3. Лонгборд

Го нарекуваат постариот брат на скејтборд и практично е така - личи на подолг скејтборд. Ако обично ги поврзуваме скејтерите со тинејџери, кои се обидуваат да се прекршат по прагови и скали, не е така со лонгбордот. Тој може да се користи за движење на поголеми далечини, всушност токму со таа цел е измислен. А сепак во нашите услови е дискутабилно колку е погоден за улици и патишта - потребна е добра основа. За паркови и улички сепак е одличен.

 

4. Џогинг (и маратони)

Има ли потреба воопшто да објаснуваме за трчање за здравје? За да промениш малку може да се интересираш кога се одржуваат локалните маратони. Тие не секогаш се со стандардната должина, може да се во соседниот парк, и не се силно рекламирани, па ќе мора да се потрудиш. А пак зошто и од време на време едноставно не собереш пријатели и истомисленици за импровизирани маратони?

5. Скуош

Рекет, топка и еден ѕид - тоа е сè што е потребно за да практикуваш сквош. Се разбира полесно е во сала, а и треба да има алтернатива на спортовите на отворено и за врнежливи денови. Добро е што се практикува од две лица и можеш да вложиш и спортски дух- сепак едниот победува. Не е толку лоша алтернатива на тенисот.

6. Спортско качување

Некој љубител на карпестите предизвици измислил начин тоа да се случува и во градот. Си слушнал за ѕидовите за качување, такви места веќе се појавија и во трговските центри. Не е потребно да имаш спортска подготовка, бидејќи ѕидовите се со различен степен на тежина. За сметка на тоа може да е прв чекор кон качување на карпи или едноставно начин за постигнување на трајни мускули. Го оптоварува целото тело и соодветно ги развива сите мускулни групи. Се препорачува особено силно кај луѓе кои имаат и сакаат да се справат со стравови. Соодветно е и за семеен спорт, децата се нешто како "природни планинари" и исклучително се забавуваат.

7. Градски трекинг

Стандартниот трекинг е едноставно кажано пешачење. Соодветно градскиот трекинг е прошетка низ градот, но не каква да е, а со цел. Терминот се јавува во Италија и се користи за пребарување на скриени и непознати места во градот. Такви сигурно има и во градот, во кој живееш, а дел е тоа што може да се практикува апсолутно насекаде. Притоа е доста поинтересно и позабавно, од една стандардна турнеја по најпопуларните туристички објекти. Се надеваме дека сме помогнале да го избереш своето градско хоби (освен ако веќе немаш такво). Ако сите ти се чинат интересни, најлесно се избира по принципот на примероци. А зошто да не е и комбинација од неколку?

Некои бараат специјална опрема, но не заборавај дека тоа е инвестиција не само во забава, а и за подобро физичко и емоционално здравје. Ако немаш трпение да почнеш, но во моментов немаш можност, најдиректен пат до спортската продавница поминува низ неколку клика - едноставно земи онлајн заем од Credissimo и предади се на добро расположение.



Врати се назад

Прочитај повеќе