Како да штедиме заедно со нашите пријатели?

Како да штедиме заедно со нашите пријатели?

Можеш ли да замислиш животот без пријатели и блиски? Тешко. Повеќето луѓе имаат силна потреба од социјален контакт. Дури асоцијалните луѓе контактираат со некое животно (или пак со себе). Но тоа се исклучоци и тоа често краткотрајни.

Во основата на социјалната психологија пак е емотивната потреба од споделување, интеракција и поврзаност со други луѓе. Не случајно што користиме метафори за физички симптоми кога опишуваме емоционални состојби - "ми летаат пеперутки во стомакот", "ме заболе срцето", "горам од нетрпение", "моето срце пее од радост". Невролошки истражувања докажале дека предизвиканите емоции на болка или радост од нашето опкружувањето ги активираат истите центри во мозокот како при физичка непријатност или соодветна состојба на мирување, релаксација и сл.

Тројанскиот коњ во твојата глава

Згора на сè еден ист дел од мозокот одговара истовремено за нашата перцепција како личност со сопствени сфаќања и убедувања, и за прифаќање на претставата од другите. Повторно неврологијата покажала дека кога мислиме за нас или нашата личност се активира медијалниот префронтален кортекс. Овој процес ни помага да се осознаваме како индивидуа. Колку поактивен е тој дел, толку полесно прифаќаме зборови и тврдења од други луѓе, бидејќи нашиот мозок ги прифаќа како наши. Поради оваа причина на пример со тинејџерите убедувањето е тешка задача. Кај нив префронталният кортекс уште не е доволно развиен и активен.

Изгледа непријатно е да разбереш дека имаш таков тројански коњ во главата (некои тврдат дека таму е и коренот на конформизамот). Од друга страна, сепак токму оваа физиолошка - невролошка карактеристика е една од причините групните терапии при психолошки проблеми, зависности, итн. често да бидат поуспешни од индивидуалните. Колку полесно е не само сами да се убедуваме во нешто, но уште неколку или десетици гласа како нашиот да помогнат!

Затоа и ако треба да се мотивираме за постигнување на некоја цел, е многу полесно ако сме опкружени со луѓе, кои тргнале по истиот пат. Во група мотивацијата се одржува полесно и поддршката од другите не го дозволува она досадно внатрешно јас да нè натера да се откажеме толку лесно.

Сакаш да штедиш, а сепак не успеваш?

Пробај да го измамиш мозокот. Тој може да има голем број на причини да те турка кон повеќе трошоци. Дали затоа што си жртва на погрешни верувања и имаш проблем со разбирањата за парите, или пак затоа што не си се научил да го одложуваш задоволство, или едноставно затоа што твојата волја не е добро тренирана. Токму за тоа пристапи и ти кон него со итрина. Вклучи ги пријателите во планот за да се поддржувате заемно до целта. Еве и неколку начини да го примените:

Купувајте заедно

Во големите супермаркети често има попусти за производи, ако купиш неколку примероци. Ако немаш навика да складираш за следната светска војна и да ги полниш полиците со производи, може едноставно да го разделиш промотивниот пакет со пријател. Такви практики со попусти користат и продавниците за облека. Не е јасно, зошто според нив ќе сакаш да си купиш блуза и да ти дадат уште една иста бесплатно, но на некој пријател може да му користи.

Хранете се заедно

Тука варијантите се различни. На пример, ако нарачате храна за дома или канцеларија, во повеќето случаи има бесплатен производ (пијалок или јадење) при нарачка над одредена сума. Кога сте во некој локал, наместо секој да си порачува одделно (и да не успее да го изконсумира), зошто не го разгледате менито и не нарачате нешто заедно? Гарантирано ќе влијае за помала сметка.

На работа заедно

Се сеќаваш ли како некогаш одеше на училиште, заедно со барем еден од соучениците, кој живее во близина. А сега? Живееш во еден регион со колегите, но и покрај тоа секој ја вози својата кола до работа? Полесно е да не се сообразуваш со никого, но е поевтино, ако патувате заедно. Особено во случаите кога живеете во една локација, а работите во друга.

Патувајте заедно

Колку е побројна групата за екскурзија толку можностите за заштеда стануваат поголеми. Значително поевтино е на пример да резервирате куќа некаде отколку секој да си земе хотелска соба. Некои авиокомпании веќе нудат и исклучително поволни понуди, ако си можеш да платиш пет билети за патувања однапред, кои треба да бидат искористени за одреден период. Погодноста е дека обично можеш да ги користиш како ти, така и заедно со други луѓе. Особено ако немаш намера да патуваш толку многу во блиска иднина.

Размена на ствари

Се поретко се сеќаваме дека кога имаме потреба од некаква ствар, некој друг може да ја поседува и да не ја користи. Наместо тоа бараме да ја купиме. Сосема логично би заштедиле доста, ако ја земеме на заем, ако ни ја подарат или дури ја купиме од пријател по пониска цена. И обратно: Кога нешто не ти треба, не ги полни таваните и подрумите, подари го на некого.

Правете си услуги

Твој пријател може да ти го преинсталира компјутерот, но ти е непријатно да го замолиш, сепак секој си го цени времето. Не треба да е така, ако сте пријатели, ти исто можеш да му вратиш со услуга или нешто што ќе оцени.

Нека ви биде предизвик

За да се остварат работите убаво е и да ги споделите. Веќе стана збор дека човечката природа има потреба од тоа. А кога зборувате за темата како секој одделно напредува кон својата финансиска цел, тоа ќе ве мотивира дополнително. И, кој знае, можеби ќе измислите уште многу начини за заштеда заедно.

Бидејќи поволните понуди понекогаш се случуваат токму кога немаме пари, а на згора на сè за кратко време, предлогот е да не ги испуштате, со брз кредит од Credissimo. Со процесот на апликација кој е целосно онлајн, и тоа за неколку минути.



Врати се назад

Прочитај повеќе