Кој заштедува повеќе - мажите или жените? + Тест

ОД Credissimo МК | 26.07.2017
Кој заштедува повеќе - мажите или жените? + Тест

Кога станува збор за нашите лични финансии, секој е на мислење дека се труди да ги управува по најдобар можен начин, на кој е способен во моментот. Кога станува збор за трошење и заштеда на пари, често во една врска се јавуваат спорови. Стереотип e верувањето дека жените повеќе се склони кон трошоци, заради шопинг - облека, козметика, предмети за дома. Од своја страна, претставниците на понежниот пол би одговориле дека за сметка на тоа трошоците на мажите се поголеми и "играчките" им се поскапи.

Што покажува статистиката? Иако се разликува од држава до држава, од големината на приходите, па се до локалните обичаи, заклучоците често се слични: Жените штедат повеќе како процент од приходот, но сепак имаат помали заштеди од мажите. Зошто е тоа така? Мажите заработуваат повеќе и дури да одделуваат помал дел од заработеното настрана, тоа сепак е повеќе од тоа на жените, кои често добиваат помали плати.

Во исто време, сепак, токму жените се повеќе склони да мислат за иднината и да штедат по различни причини, меѓу кои:

  • Обично жените се грижат за домаќинството и семејниот буџет и го прават од одговорност.
  • Како целина работат помалку време во својот живот - и како возраст на пензионирање, и бидејќи имаат периоди на мајчинско отсуство. Што повторно ги поттикнува да штедат.
  • Но и другото е вистина - жените се со поголема веројатност да купуваат импулсивно, но сепак трошат помалку од просечен маж.
  • Слични истражувања се прават главно во земјите каде што големината на пензијата зависи од личната способност да заштедуваш.

И бидејќи во принцип не сме приврзаници на генерализација и резимеа, еве еден тест со кој да проверите дали се вклопувате во општите трендови:

Заштедувате ли доволно?

Одговарајте искрено со „ДА“ и „НЕ“ и соберете ги одговорите, за да го добиете резултатот.

  1. Кога нешто ми се допадне, никој не може да ме запре да го купам. Дури и да немам пари, ќе најдам.
  2. Обично однапред ја заштедувам потребната сума, кога сакам да си купам нешто.
  3. Пазарувам моментално и не можам да чекам до намалувањето.
  4. Обично чекам намалување на предметната работа или барем споредувам каде можам да го купам поефтино.
  5. Следам каде има намалување и каде има промоции, за да ги искористам по потреба.
  6. Преферирам да пазарувам преку интернет, бидејќи многу работи може да се најдат таму по цена на производителот.
  7. Не се трудам да ја „наполнам“ кредитната картичка, ја користам редовно и често е во „минус“.
  8. Можам да штедам за купување, но само под одредени околности.
  9. Имам заштеда чијшто износ не е со големината на едномесечна плата.
  10. Понекогаш имам потешкотии со плаќањето на месечна претплата и сметки.

 

Еве ги и одговорите:

Ако одговоривте со „ДА“ на прашања 2, 4, 5, и 6, означете си еден поен. При одговор „НЕ“- 0 поени.

Ако одговоривте со „НЕ“ на прашањата 1, 3, 7, 8, 9 и 10, исто така означете си еден поен. При одговор „ДА“ - 0 поени.

Соберете ги сите добиени поени.

Ако имате 8 - 10 поени: Дефинитивно знаете како да штедите и да го управувате буџетот прецизно. Знаеш точно каде и за што оди секој денар и не се подведувате да купувате емоционално и импулсивно. Сепак во некои случаи тоа може да го отежни социјалниот живот. Дозволувајте си понекогаш и радости. Штедењето е важно, но парите не се сè.

Ако имате 5 - 7 поени: Се справувате одлично со балансирањето меѓу заштедувањето и трошењето. Понекогаш сте понесени од моментот и си го дозволувате задоволството со непромислен шопинг. Но, тоа не ве спречува да одделувате и пари за итни случаи, ниту сте од луѓето со широки прсти.

Ако сте собрале 3 - 5 поени: трошите повеќе отколку реално може да си дозволите. Понекогаш успевате да се воздржите од импулсивни купувања, но продавниците често ве ставаат во искушение. Обидете се да ја подобрите финансиската дисциплина. Мислете повеќе за својата иднина и не ги дозволувајте типичните грешки.

Под 3 поени: Дефинитивно имате проблем со трошењето. Парите ви се губат меѓу прстите и веројатно често дури и не знаете точно што се случило со нив. Можеме да претпоставиме дека често на крајот на месецот останувате без финансиски средства. Обидете се да ставте повеќе ред во вашите финансии. Пробајте да штедите систематски.

Еве уште еден совет: Кога купувањето на било што, не е итно и можете да издржите уште малку без тоа, подобро почекајте намалување или заштедете пари. И обратно - понекогаш промоциите дефинитивно си заслужуваат и е многу повеќе профитабилно да купите во моментот. Ако сега немате средства, може да ги искористите предностите на брзите кредити на Credissimo, "Кредит до плата"до 12000 денари со 0% за секој прв кредит, или "Credissimo плус", до 40000 денари и можност за враќање до 15 месеци.

Назад

Прочитај повеќе

Со користењето на сајтот за брзи кредити credissimo.mk, ги прифаќаш условите за 'cookies' од наша страна. Со нив ние го подобруваме квалитетот на нашите услуги.