Можам ли да земам кредит додека сум на одмор во странство?

ОД Credissimo МК | 06.04.2017
Можам ли да земам кредит додека сум на одмор во странство?

Конечно доаѓа моментот кога можеш да ја почнеш долго очекуваната екскурзија во странство. Можеби тоа ќе биде подолг одмор на некое топло место со сонце, плажа, коктели и сино небо? Или посакуваната три дневна прошетка на знаменитости во некоја од Европските градови? А зашто да не е спонтан викенд до Охрид или прошетка до некоја плажа кај нашите соседи? Како и да е, последното нешто што сакаш да ти недостасува во тој момент се пари. Дали затоа што финансиите не се испланирани добро, па завршиле порано од што треба, или поради некоја непредвидена ситуација.

Во секој случај, таа ситуација воопшто не е згодна, а опциите се секогаш лимитирани кога си надвор од државата, отколку дома. Една опција е побараш помош од пријател – некој од твоите сопатници, или да добиеш паричен трансфер од дома. Но и тоа е доста комплицирано.

Можно ли е воопшто да ги искористиш услугите од кредитните институции на Македонија додека си надвор од државата?

Да, всушност тоа е најбрзиот и најлесниот начин. Се разбира, не збориме за институции во кои е задолжително физичкото присуство како што се банките. Но, можеш да земеш кредит од некоја небанкарска кредитна институција, на истиот начин како што би земал кога би бил дома. Разликата е само во трансферот на парите. Парите ги добиваш преку е-банкинг и поради тоа твојата локација во светот не прави никаква разлика.

Како да го направам тоа?

Задолжително е да имаш добра интернет конекција – тоа може да е Wifi-то од хотелот или локален бар. Ако си корисник на роаминг може да ја искористиш опцијата за интернет на телефонот. Се што треба е да влезеш на сајтот на Credissimo преку твојот лаптоп или мобилен телефон, да ја одбереш услугата која ти е потребна и да поднесеш интернет апликација. Готов си за минутка. Ако сакаш да биде уште побрзо, контактирај не преку Чатот на нашиот веб сајт или преку порака на Фејсбук. Така ќе добиеш брзи одговори на сите прашања. Може да аплицираш за помал заем – до 12 000 денари со опцијата Кредисимо до плата, или ако ти се потребни повеќе пари може да го одбереш Кредисимо плус за 40 000 денари, и период на исплата до 15 месеци

Како да ги подигнам парите?

Бидејќи си во странство, тие ќе бидат префрлени на твојата сметка. Во зависност од банката во која имаш трансакциона сметка, парите може да ги добиеш за неколку минути или во рок од 24 часа. После тоа може да си извадиш колку што ти е потребно преку банкомат или директно да плаќаш со твојата картичка.

А ако воопшто не сакаш да размислуваш на оваа тема додека си надвор од Македонија, најдобро е да си испланираш буџет за непредвидливи ситуации уште пред да тргнеш на одмор. Ако сметаш дека претходно испланираните пари нема да се доволни за тоа, можеш да земеш брз заем од Кредиисмо и ќе се спасиш од размислувањето што да правиш и какво решение да бараш ако снемаш финансии додека си надвор од државата.

Назад

Прочитај повеќе

Со користењето на сајтот за брзи кредити credissimo.mk, ги прифаќаш условите за 'cookies' од наша страна. Со нив ние го подобруваме квалитетот на нашите услуги.