Најчести финансиски грешки кои луѓето ги прават во своите триесети

ОД Credissimo МК | 31.05.2017
Најчести финансиски грешки кои луѓето ги прават во своите триесети

Веројатно веќе си го слушнал клишето дека 30 е новата 20. Станува збор за возраст, а причината за оваа теорија во психологијата е промената во генерацискиот модел. Ако до пред неколку децении стабилен човек во 20-те веќе требало да е со изградени ставови и планови за животот, сега оваа тенденција се изместила кон 30-те.

Причините, се разбира, се премногу. На пример фактот дека образованието и квалификациите траат подолго. Заедно со тоа, објективно гледано, често се случува добиеното образование да нема ништо заедничко со изборот на професија, со што се губи време додека ја пронајдеме работата која ја посакуваме. Филозофијата на "живеј за моментот" исто така има своја улога. Наместо на 20 години да мислат за досадни работи како професионална реализација, изградба на дом и семејство, голем дел од младите луѓе сакаат да ги уживаат своите активни години за голем број на: патувања, на различни видови хоби, на пополнување на личното портфолио од способности и знаења.

До денес сето тоа е подпомогнато и од социјалниот притисок. Сеуште е можно да те погледнат накриво, бидејќи си на 28 години, а си "вејка на ветрот", но тоа е далеку од дамнешниот општествен укор.

Ако го имаме во предвид фактот дека и животниот век се зголемува, а и едноставно затоа што времињата се различни, тоа не е воопшто лошо. Напротив, дава претпоставки и можности "да се пронајдеш себе си", наместо од рано да почнеш да робуваш на работа која не ја сакаш или да создадеш семејство, без воопшто да си подготвен за тоа.

И покрај сето тоа секогаш доаѓа моментот кога чувството за безгрижност и слобода стануваат неприоритетни. Човек почнува да се размислува за својата иднина и често се фокусираме на финансискиот момент. Како што се вели, сепак, никогаш не е доцна. Ако си околу 30-те години и досега не си се замарал непотребно со финансиски прашања, а сакаш да го промениш пристапот, постојат неколку грешки кои треба да престанеш да ги правиш.

1. Трошиш се што имаш

Најчестиот проблем. Многу сме пишували за тоа, зошто е важно да се штеди, како може да штедиш на дневна основа и како воопшто да го постигнеме, ако немаме навики за тоа. Животот од плата до плата дефинитивно не е соодветен за долг план. Можеби веќе самиот си се убедил во тоа, во моментите кога платата не е доволна до следната, а нема со што да пополниш празнината.

 

2. Колку ти е долга чергата?

Јасно е за што станува збор. За сите оние неразумни трошоци направени од чисто емотивни причини и во повеќето случаи со една цел - задоволство. Оставете ги настрана импулсивните одлуки и трошоци зад себе. Да, знаеме дека понекогаш си велиш: "И јас сум човек, имам право на последен модел на телефон" ... или ненадејна далечна екскурзија или безброј секојдневни ситници кои во главно ти го трошат поголемиот дел од платата. Разумен приод при финансиско планирање е прво да ги отфрлиш непотребните трошоци, за да се ослободи ресурс за некои позначајни потреби. И верувајте колку и да имаш пари и колку и да заработуваш, секогаш ќе сакаш нешто повеќе, поголемо, полуксузно итн.

 

3. Оние парите за црни денови

Да, не штедиш. Оваа практика не е само со некаква материјална цел, на прво место треба да си обезбедиш буџет за непредвидени трошоци и итни ситуации. Според финансиските прирачници овој итен фонд треба да ја претставува сумата од твојот шестмесечен приход. Почни да штедиш сега за некое време ќе го постигнеш. И кога ќе дојде до тој момент, не паѓај во искушение да ги потрошиш парите. Ако сакаш да заштедиш со друга цел, на пример реновирање, и сл., прави го тоа на посебна сметка.

 

4. Не ги диверзифицираш приходите

Кога зборуваме за приходи од различни места во денешно време немаме во предвид сценариото во кое работиш на три места по вкупно 18 часа за да врзуваш крај со крај. Не е препорачливо и да сметаме само на една плата, дури во моментот да ти е сосема доволна. Сосема јасно е дека дополнителните приходи секогаш се добредојдени, но заедно со тоа така си правиш и осигурување за непријатни ситуации како банкрот на компанијата, одлука за напуштање или ... е, се случува, разрешување од работа. Како да го реализирате планот? Можностите се насекаде, едноставно мора да ги бараш. Најчеста практика е човек да го прерасне своето хоби во таков извор или пак да започне своја дејност (најчесто, но не само на интернет).

 

5. Претеруваш со кредитите

Кредитите се одличен современ производ за нормален живот. Ако си задолжен со кредити, најверојатно огромен дел од приходот е предвиден за ратата од хипотеката, брзи онлајн кредити со месечни рати, лизинг ... Направи план како да ги вратиш барем дел од долговите и во принцип не земај кредити, ако не ти се неопходни или ако веќе имаш премногу такви. Тоа дури и треба да е првиот твој чекор пред штедењето.

 

6. Обврзувањето не може да е само емоционално

Зборувајќи за 30-те, нема како да не го спомнеме и тој важен настан кој сè почесто се јавува токму во оваа возраст: Свадбата. Љубовта, според некои, е смислата на животот, сепак нека не те заслепува во плановите за иднината. Во нив нема ништо лошо, па за тоа треба да разговараш со твојот иден доживотен партнер за вашите планови од сега па натаму. Разговор за сè - за работа, приход, живеалиште, штедни планови. И уште еден совет: Не е потребно да потрошиш цело богатство со организирањето на твојата свадба.

 

7. "Совршениот" дом и кога станува црна дупка

И така, можеби веќе си сериозно обврзан и тоа е следниот чекор или едноставно си се здобил со долго сонуваниот сопствен дом. Огромна и честа грешка е фрлањето на прекумерно многу пари во неговата трансформација во совршениот дом. Прекрасно е да можеш да го реновираш и опремиш местото по свој вкус без да правиш компромиси, но ако си ја направиш сметка, ќе видиш дека во овој поглед твојот дом навистина личи на црна дупка. Постојат неколку начини да се справиш со тоа. Едниот е сето тоа да се случува непречено и етапно. Вториот е едноставно да се откажеш од планот да го достигнеш максимумот. И без тоа домот трпи постојана амортизација и ќе продолжи да ти голта пари до крајот на животот.

 

8. Пензија. Таа далечна несакана иднина

Според психологијата најчестата причина луѓето да не преземат акција за иднината е дека нивниот мозок не може да ја прифати претставата за тоа идно "јас". Му се чини како некој друг човек. Значи најверојатно си од многуте луѓе кои дефинитивно имаат проблем со тоа, да се замислуваат како пензионер. Да, меѓутоа и тоа ќе дојде. Не заборавај наредниот пат кога ќе се согласиш со работодавецот да не ти плаќа вкупното осигурување. Не заборавај и кога одмавнуваш со рака со при помислата да си отвориш сметка за доброволно осигурување. Плановите кои ги нудат пензиските друштва, се различни и флексибилни, но дури и со мали суми има огромна смисла. Сепак станува збор за децении додека не стане време да ги користиш. Сам можеш да Пресметуваш колку пари се тоа, ако внесуваш на пример по 3000 денари месечно.

 

9. Не инвестираш? Голема грешка

Располагаш со финансиски средства и ги чуваш со депозит? Доста старомодно. Зошто не пробаш и под душекот... Едноставно кажано, кога не ги инвестираш своите пари, малку по малку ги губиш. Всушност губиш од нивната вредност благодарение на инфлацијата (која барем во моментот не се компензира со каматите на штедни сметки). Начините за инвестиција се многу и нема да ти препорачуваме конкретни практики, бидејќи сето тоа зависи и од личниот став. Но, размислете само за прашањето.

 

Реорганизацијата на размислување и навиките во финансиски аспект е долг и искрено кажано понекогаш тежок период. За жал човек не се менува од денес за утре. Кога почувствуваш потреба да се опуштиш и да се сетиш за "младите години", а немаш никакви средства, Credissimo е подобриот избор за брз кредит. Со погодни услови кои не го нарушат твојот финансискиот ритам.

Назад

Прочитај повеќе

Со користењето на сајтот за брзи кредити credissimo.mk, ги прифаќаш условите за 'cookies' од наша страна. Со нив ние го подобруваме квалитетот на нашите услуги.