Пет начини како да заштедиш пари: Правилото на 52-те седмици

ОД Credissimo МК | 26.06.2017
Пет начини како да заштедиш пари: Правилото на 52-те седмици

Колку се 52 седмици? Правилно, една година. Колкав износ мислите дека можете да заштедите за толку време на вообичаен начин? Искрено, но да ги броиме обидите досега, а не желбите и соништата.

Во многутте случаи веројатно заштедувате не многу или барем не лесно. Постојат различни трикови за да заштедите без тоа да влијае на домашниот буџет, меѓу кои е да криете пари од себе, да имате посебна касичка (и да се воздржите да не ја испразните пред време), да ги штедите сите монети, или некои од монетите. Да оделувате конкретни суми секој месец, да ги внесувате во банка, да ги криете на тајни места, да ги давате на пријател да ви ги чува ...

Начините се бесконечни, иако искрено не е толку важно како штедиш, туку да заштедуваш. Но, бидејќи сите сме луѓе и тоа е една од најтешките задачи, ви избравме еден исклучително мудар начин да заштедите суми кои и не се мали, а притоа во рок од една година. Се нарекува Методот на 52-те недели.

Претставува следново:

Секоја седмица од годината штедите одредена сума (најдобро, ако физички ја одделувате некаде). Предметната сума се дефинира како основната единица која сте ја избрале за првата недела, и додавате уште по една секоја наредна. Како изгледа тоа во бројки? Еве:

Ако одлучите да почнете со 50 денари. И тоа е чекорот со кој ја зголемувате заштедената сума секоја седмица, вкупниот износ по една година би изгледал вака:

1. Седмица - 50 денари.

2. Седмица - 100 денари. (вкупно 150 денари)

3. Седмица - 150 денари. (вкупно 300 денари)

4. Седмица - 200 денари. (вкупно 500 денари)

12. Седмица - 600 денари. (вкупно 3900 денари, заштедени кон крајот на третиот месец)

26. Седмица - 1300 денари. (веќе сте собрале 17550 денари кон средината на годината)

52. Седмица - 2600 денари. (И имате 68900 денари во касичката).

Добрата работа на овој метод е тоа што може да биде толку флексибилен како што на вас ви е одговара. Може на пример да одлучите износот да го зголемите и нема да биде 50 денари, ќе биде 100. Може да го направите предизвикот за многу пократок рок. На пример ако започнете да шедите со 200 денари за три месеци ќе се добие следново:

1. Седмица - 200 денари.

2. Седмица - 400 денари. (Вкупно 600 денари)

3. Седмица - 600 денари. (Вкупно 1200 денари.)

12. Седмица - 2400 денари. (Вкупно 15600 денари.)

Може дури да се обрне шемата наназад. И да почнете вака:

1. Седмица 700 денари.

2. Седмица 600 денари.

3. Седмица 500 денари.

4. Седмица 400 денари.

Еве за еден месец сте заштедиле 2000 денари.!

Може да го продолжите и за две години, зошто да застанете само на една? Може да го коригирате и на месечна база, за да се совпаѓа со добивањето на платата, или едноставно да одвојувате еднаш месечно вкупно за четирите недели. Но секогаш правете го однапред, а не на крајот на месецот, кога веќе сè сте потрошиле.

Подготовките

Причината овој метод да е ефективен не е само во претпоставената упорност. Износите се релативно мали, дури и на крајот на периодот. А колку е помал износот толку полесно го одвојуваме.

Се разбира, без упорност нема да успеете. Значи подгответе се психички и мотивирајте се да не се откажувате. Применете уште трикови и бидете сигурни дека ќе останете до крај со таа мисла и штедењето ќе ви биде како на игра.

-Пригответе си посебна касичка. Некој сад кој може да купите специјално за целта или сами да си го украсите. Најважно е да ви е пријатен.

-Поставете го на видно и погодно место, за да ве потсеќа.

-Направете распоред и си го испечатете. Одбележувајте ја секоја заштедена недела (со задоволство по патот кон целта).

-Или симнете ја соодветната апликација на телефонот. Се нарекува 52 Weeks Money Challenge и може да го изберете типот на валутата и начинот за заштеда. Самата апликација ви покажува до која седмица сте стигнале и колку сте заштедиле, како и колку ви останува до крајот на периодот. Непријатно е тоа што во моментот не можете да го менувате првичниот датум. Што не значи задолжително да чекате до 1 јануари за да започнете.
 

Пречки

Една од можните пречкие очигледна и тоа се зголемените рати на крајот на година. Згора на тоа токму кога ќе треба да пазарувате за Нова година и празниците што идат. Најлесното начин за решавање на проблемот со ова е како да ги распределите седмиците. Дали ќе почнете со поголемиот износ и ќе одите кон помал на крајот на периодот, или ќе ги штедите на произволен принцип, не е важно. Третата опција е да побрзате малку со оддвојувањето на заштедата однапред, така што барем декември да ви се ослободи. Но си ја одбележувајте неделата, за која сте заштедиле за да не заборавите.

Најголемата пречка кон целосното спроведување на планот сте вие самите. Нема кој да ве запре, ако на пример ви требаат пари и одлучите да земете од заштедените. Затоа подобро искористете ги нашите предлози за онлајн кредити - до 12000 денари со 0% во рамките на грејс периодот или при потреба од поголем износ до 40000 денари со можност за удобна отплата до 15 месеци. А касичката оставете ја здрава.

Назад

Прочитај повеќе

Со користењето на сајтот за брзи кредити credissimo.mk, ги прифаќаш условите за 'cookies' од наша страна. Со нив ние го подобруваме квалитетот на нашите услуги.