Создадете приказна за паметење! Животот минува, спомените се засекогаш!

Создадете приказна за паметење! Животот минува, спомените се засекогаш!

Дигиталните камери денес се секојдневие, за разлика од порано кога цените не одговараа на секого, сега имаме ситуација да имаме не само една дигитална камера туку и да си дозволиме релативно често да ги менуваме. Толку се компактни што ги носиме насекаде со нас, за секој интересен момент да се оживее. Наместо да носиме филм на развивање како порано сега веднаш ги споделуваме на интернет.

Голем дел од убавината на секој одмор, секое шетање и забавување се спомените кои ни остануваат, а спомените најдобро се зачувуваат преку фотографиите.

Ако имате место во куферите, најдобро би било да си спакувате два фотоапарати за да ги фатите сите важни моменти од вашиот одмор. Со полупрофесионалниот апарат ќе можете да ги подесите сите опции, вклучително и брзината на отварање на леќата и ќе можете да направите беспрекорни фотографии кога ќе излезете токму со таква намера.

Тестирајте го отварањето на леќата

Тестирајте ја брзината на отварање на леќата. Речиси сите фотоапарати од овој вид имаат одложување на отварањето откако ќе го притиснете копчето, така што е многу тешко да се фотографираат објекти во движење.

Заштитете ја леќата

Кога станува збор за подобриот фотоапарат, не заборавајте да купите заштитна маска за леќата, која ја блокира страничната светлина. Оние фотографии кои ќе ги направите во сончев ден без заштитна маска, ќе имаат изобличени бои.

Направете бек-ап

Ако сте ентузијаст за фотографија, не заборавајте да земете повеќе мемориски картички, резервни батерии и полнач. Никогаш не се знае кога ќе пронајдете инспирација.

Откако ќе направите серија фотографии, направете бек-ап на це-де (во интернет кафе) или пак ставете ги во лаптопот (доколку го носите). Ова е важно бидејќи ако случајно ви го украдат фотоапаратот, барем ќе ви останат пријатните спомени од одморот.

Направи го фотографирањето хоби и и никогаш нема да ти биде досадно.

Постепено станувај се подобар и подобар и некогаш ќе можеш да почнеш да заработуваш на тој начин. Но дотогаш, треба прво да купиш и да започнеш, а доколку професионален апарат во моментов не ти е добра идеја поради твојот буџет и гледаш само да издржиш до крајот на месецот, тогаш Credissimo ќе ти помогне во остварување на твојата желба. Аплицирај за Credissimo до плата и земи го секој 1-ви и 5-ти кредит во износ до 12.000 ден. со 0% камата или пак аплицирај за брз кредит до 80.000 денари и добиј одобрување за неколку минути.

Ништо не може да те спречи да ја оствариш твојата цел. Секогаш има начин.



Врати се назад

Прочитај повеќе