Важни матурантски совети за во последен момент

Важни матурантски совети за во последен момент

Сезоната на матурантските прослави е на прагот. Наскоро ќе се радуваме на прославите на младите луѓе, кои го чекаат овој момент со огромни насмевки и радост. Големата веселба го означува крајот на гимназијата и почетокот на една нова фаза од животот за нив.

Ако немате некој близок кој ќе биде дел од оваа прослава, можеби овој период од годината за вас не е ништо посебен. Но ако вашето дете или на некој роднина или пријател сега завршува средно училиште, најверојатно веќе сте дел од еуфоријата на таа специјална вечер, којашто ќе се помни засекогаш.

Главниот дел од подготовката веќе е завршен, оделата и фустаните чекаат на закачалките, фризурите се тестирани, транспортот, ресторанот и афтер партито се договорени. За жал, без разлика колку добро да е се испланирано, често се случува нешто да се пропушти во последниот момент.

Еве неколку нешта за кои може да си размислите дали сте ги подготвиле на време, и ако е потребно да смените дел од концептот за прославата во останатите денови.

Домашна прослава


Традиционално, матурантската вечер започнува со домашната прослава, заедно со роднини и пријатели, кои се собрани да го испратат славеникот или славеничката. Ако сте родител има реална опасност оваа прослава за вас да се претвори до две-три дневно готвење и последователно чистење. Ако сметавте само ќе уживате и ќе прославувате, размислете повторно. Сепак, никогаш не е касно да порачате кетеринг или пак да прославите во ресторан. Воопшто не треба да е специјално и луксузно. Тоа е момент за прегратки и добри желби. Вистинската забава започнува отпосле, така да немора да се претерува. Со еден мал заем, ќе може да ги покриете сите дополнителни трошоци, со кој ќе се спасите од сите нервози и ќе го запамтите тој момент по убаво.

Подарокот

Имате блиски, чие дете ќе заврши со првата етапа од својот живот? Не ја потценувајте задачата. Букет и бонбони не е добра идеја. Најчест подарок е накит, часовник, паричник. Ако сте се одлучиле за “полесната“ варијанта, размислете дали сакате подарокот да ви биде запомнет или да седи во кутијата со неважните работи. Не е касно да го промените подарокот. Дури и да за одлучите за кеш, детето сигурно ќе го цени и тоа, но нека не биде само тоа за да оставите добар впечаток.

Џепарлакот за вечерта

Таа вечер е специјална. Не го оставајте вашето дете да си ги брои ситните. Предавањата за штедење може да ги држите секој ден, но не и на вечерта на матурата. Сега е моментот за максимална забава, пред да започне долгото лето со припреми за следната етапа.

И нешто екстра

Проценете дали се е како што треба за големата вечер, или можеби недостасува уште нешто дополнително. Убава кола за една вечер (рент-а-кар ако немате соодветен избор под рака или на некој близок пријател), професионален фотограф (за овој ден не се доволни само слики од телефонот), шминка (повеќето девојчина на таа возраст веќе се експерти во таа област, но ништо неможе да се спореди со професионален шминкер). Дополнителните работи се убави, но не се задолжителни.

Ако е потребна финансова помош за матурата

Во идеалниот случај имате доволно средства за сите разходи околу настанот. Ако сте стигнале до работ на финансиските можности, помислете си дали не е добро да си земете мал заем за да може матурантот да има навистина специјален ден кој го заслужува. Дури и да се сетите на некој пропуст во последен момент, нема место за паника – секогаш може да сметате на онлајн кредитите на Credissimo и да ги имате парите за неколку минути, без да чекате до следниот ден.



Врати се назад

Прочитај повеќе