Велигденска подготовка - како да се справиме со трошоците

Велигденска подготовка - како да се справиме со трошоците

Совети и идеи како да ги поминеме Велигденските празници евтино и со богата трпеза.

Разлика помеѓу желбите и традицијата

Традиционално за време на големите празници, и не само за Велигденските, треба да имаме богата и раскошна трпеза. Најчесто храната од гозбата се јаде уште неколку дена после празникот, обично додека не ни здосади или поминат е рокот на остатоците. Иако се остатоци, тие сепак не чинеле време и пари кои што сме ги потрошиле во маркетите, како и струјата и трудот кои ни биле потребни за да ги спремиме. Ако не сакаш да се прејадеш јајца до степен, каде што не сакаш веќе да ги погледнеш во наредните неколку месеци, бојадисај само 20 јајца, а не 60 како по обичај. И не купувај јагнешко, ако не си голен фан, особено кога за време на овие празници цената е 2 пати поголема од обичната. Со помалце зборови, приготви пријатна и умерено богата трпеза, без да се расфрлаш со пари. Освен тоа, можеш да најдеш се што ти треба на промоција во маркетите. Или пак ако имаш опција намирниците да ги купиш од пазар – од локални производители на месо, јајца и зеленчуци.

Ресторанот те чека само тебе

Тоа е факт. За Велигден најмногу пари се трошат на храна, а голем дел од тоа е за храната по рестораните. Нема ништо лошо во малку забава, освен ако имаш намера да заштедиш. Ако го подржуваш домаќинството, подобро е да си купуваш од супермаркет и пазар со парите што ќе ги дадеш за една вечер јадење и пиење по локалите. Така да, ако стомакот и срцето те водат во еден правец, а разумот во друг, само од тебе зависи на кој ќе му го дадеш последниот збор.

Не за консумерските трикови

... и за чоколадните зајчиња, кои чинат повеќе од еден жив зајак. Колко поинтересно и поевтино би било да направиш скромни украси од едноставни материјали заедно со децата? Ем ќе ви биде забавно, ем ќе научат нешто ново, ем нема да потрошите многу. Да, во продавниците има еден куп украси – од шарени пластични јајца, до пиленца и вештачка трева и сето тоа за евтини пари. Ако пресметаш, за да купиш само неколку украси веќе ви потрошил 300 – 500 денари, во најдобар случај... А ако сакаш масовна декорација многу, многу повеќе. Реално многу подобро ќе биде наместо скапите чоколадни зајчиња, за дечињата да приготвиш домашни колачиња или гурабии. Одлични се за оваа пригода и многу поздрави.

Посети ги роднините

Ако роднините се во друго населено место, веројатно не се гледате често. “Само за празници“ не е лага. Еве еден празник, кој може да го искористиш, за да ги посетиш. Така ќе заштедиш многу пари за подготовка. Но внимавај, ако штедењето ти е единствената цел, подобро заштеди и на здравје. Просто не вреди да трошиш нерви и внимание, ако очекуваш дека нема да поминеш многу добро. Поради тоа:

Избегај од роднините

И правец на планина. Периодов планинските комплекси имаат намалени цени, поради крајот на зимската сезона, а секаде има Велигденска понуда. Не е бесплатно, се разбира, но грижи и труд за подготовка со сигурност ќе заштедиш. А и одморот на свежо во планината, за време на овие пролетни денови, со сигурност ќе ти се одрази добро и на психата и на телото. Како втора дестинација за време на Велигденските празници се Спа центрите и бањите. Предноста кај нив е што можеш да ги искомбинираш прошетките низ природа со релаксација.

Дисциплина и ефикасност

По принцип, тоа се двата услови според кои ќе имаш убав празник. Не подлегнувај на излишни искушенија и не пробувај да бидеш перфектен во подготовката и планирањето. Ако се оптовариш, ниту ќе го прославиш празникот убаво, ниту ќе го осетиш празничниот дух. Смири се и просто биди со луѓето, кои ги сакаш, дури и да станува збор за прошетка низ најблискиот парк. На крајот на краиштата Велигден е религиозен празник и треба да придржуваш кон традицијата, поради тоа благодарноста треба да ти е на прво место. Пред да започне празникот одреди си го буџетот и размисли како ќе е најдобро да ги организираш парите, за да си постигнеш душевен мир. Не тргнувај да правиш нешто без претходно да размислиш и да си ги преброиш парите, затоа што во тој случај минусот секогаш ќе биде поголем од првата проценка.

Всушност за овој празник се собираат 4 слободни денови (следниот продолжен викенд е за 1ви Мај!). Ако не сакаш да си дома за празникот и сакаш да патуваш, или ти си тој што ќе ги собере роднините, или пак имаш некаков трет план а немаш доволно средства... Кредисимо веќе те има покриено со кредитите до 12 000 денари без камата за секој прв заем со рок на исплата од 15 дена. А за сите со поголеми желби, нудиме 40 000 денари на 15 месечни рати. Ви посакуваме среќни празници! Планирајте и конзумирајте разумно. :)



Врати се назад

Прочитај повеќе