Нова донација во ЗОО Скопје

Нова донација во ЗОО Скопје

Дониравме нови информативни и едукативни таблички за животните во Зоолошката градина во Скопје. Уште еднаш покажавме дека сме општествено одговорна компанија која континуирано работи во насока на подобрување на условите во заедницата. Со оваа донација, зоолошката доби нови таблички со информации за животните како и таблички со правила на однесувње.

 

“Среќни сме што голем број на компании го препознаваат капацитетот на ЗОО Скопје и што не себично помагаат заедно да ги подобриме условите во зоолошката градина. Едукативните таблички веќе подолго време не беа сменети, па така оваа донација е од големо значење за сите посетители да се запознаат и да научат нешто повеќе за животните кои се дел од ЗОО Скопје.“ – изјави директорот на ЗОО Скопје.

 

Оваа наша донација не е прва. Во месец јуни минатата година дониравме средства за уредување на живеалиштето на лавовите, со што беше обезбедена боја за кречење на повеќе живеалишта што придонесе за подобри услови за животните како и за посетителите на ЗОО Скопје.

 

Донации од овој вид, со хуманитарен и еколошки карактер преку кои се придонесува за сеопшто добро на граѓаните и на заедницата се помеѓу нашите главни цели како општествено одговорна компанија, со тоа што постојано вложуваме во унапредување на условите во животната средина.



Врати се назад

Прочитај повеќе