По повод 8 Март засадивме цвеќиња во новиот парк во населба Мичурин

По повод 8 Март засадивме цвеќиња во новиот парк во населба Мичурин

По повод Меѓународниот ден на жената, 8 Март – засадивме цвеќиња во новиот парк во населбата Мичурин, со што дадовме придонес во хортикултурното уредување на просторот. Станува збор за нов парк кој се наоѓа во близина на основното училиште „Блаже Конески“ во скопската општина Аеродром.

Преку уредување на овој нов зелен парк, како општенствено одговорна кампања на симболичен начин ја изразуваме нашата благодарност и почит кон сѐ што оствариле и сѐ што прават жените во заедницата, а со тоа и на граѓаните им овозможуваме повеќе зелени површини и катчиња за рекреација и дружење. Видот на цвеќињата што ги засадивме беше утврден во комуникација со надлежните организациски служби.

Продолжуваме посветено да вложуваме во заштитата на животната средина и унапредување на квалитетот на животот преку разни активности.

 



Врати се назад

Прочитај повеќе