Credissimo донира топол оброк на Клиниката за Инфективни болести

ОД Credissimo МК | 23.02.2021
Credissimo донира топол оброк на Клиниката за Инфективни болести

Во време на криза и вонредна состојба во нашата земја и светот, како знак на поддршка на здравствениот систем и здравствените работници и водејќи се од својата заложба за општествена одговорност, во период од две недели ќе започнеме со донација на вкусен, топол оброк за вработените на Клиниката за Инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје.

На овој начин сакаме да оддадеме почит на трудот и работата на лицата кои и покрај директната изложеност на вирусот и големиот ризик по своето здравје, безрезервно се борат за животите на своите граѓани.

Со цел одржување на оперативната одговорност и спремност на здравствениот систем во земјава, од 23 февруари па се до 7 март, вработените ќе бидат обезбедени со топол оброк навреме на својата пауза.

Назад

Прочитај повеќе

Со користењето на сајтот за брзи кредити credissimo.mk, ги прифаќаш условите за 'cookies' од наша страна. Со нив ние го подобруваме квалитетот на нашите услуги.