Credissimo во борба против COVID-19!

Credissimo во борба против COVID-19!

Се наоѓаме во вонредна ситуација за која неможевме да  бидеме претходно подготвени. Во моментите како овој, може да се препуштиме на стравот или да се обединиме и да покажеме дека заедно може да излеземе на крај со секоја непредвидена ситуација.

Ние во Credissimo веруваме дека секоја социјално одговорна компанија треба да оддели дел од своите приходи за добротворни цели.

Во рамките на кампањата Credissimo во борба против COVID-19, донираме од секој платен кредит директно на Министерството за здравство, со цел да се обезбеди подобар пристап на пациентите во тестирањето, за купување на заштитна опрема за  здравствените работници како и за купување на потребната  опрема за болниците.

Веруваме дека заедно со вас, нашите клиенти, ќе можеме да го дадеме нашиот придонес во борбата со пандемијата.

Информации за сите инцијативи во кои Credissimo ќе се вклучи во рамките на кампањата ќе бидат објавени на нашиот сајт и Facebook страница.

Би сакале иницијативата Credissimo во борба против COVID-19 да биде пример и за други компании, кои ќе ја прифатат идејата за солидарност и социјална одговорност.



Врати се назад

Прочитај повеќе